Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.499
Дали им тече работен стаж?
Дали имат регулиран работен статус и сигурна работа?
Дали и колку имат одмори?
Дали им се плаќа боледување?
Зимат ли 13 плата?
Кога се бориш за гол живот, овие работи стануваат второстепени. Можеби за тебе во Германија е непоимливо, но овде 3.000 денари се големи пари за многу семејства и немаат таков луксуз да се откажат од нив.
13-та плата :LOL:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кога се бориш за гол живот, овие работи стануваат второстепени. Можеби за тебе во Германија е непоимливо, но овде 3.000 денари се големи пари за многу семејства и немаат таков луксуз да се откажат од нив.
13-та плата :LOL:
Јас мислам дека со оваа мерка повеќе се обврзуват работодавците, токму транзициските богаташи кои сеуште се богатат врз грбот на обичниот работник. Неможе да работиш со години како хонорарец , со нерегулиран статус. Со ова мерка се заштитува работникот му се регулира статусот, плаќа давачки кои всушност се пензиско и здравствено осигурување. Германија е богата ДА ама не било секогаш така , во 60 тите и 70 тите имале пари еднаш неделно да јадат месо ама затоа и тогаш плаќале давачки. На Германецот државата и давачките кон државата му се светост и прво и основно им е да ги подмират давачките. За жал ние секогаш тргнуваме со мисла ЈАС а опшетствоот и државата кој ја е.. епа нема така , сакаш болници, сакаш пензии, сакаш школи, патишта а не секаш да плаќаш тоа го нема никаде.

Патем распрашајте се малку како одат давачките во Хрватска на пример да видите што е дерење.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Зошто пензиското осигурување да оди исклучиво во првиот столб? Зошто има иземени категории на граѓани (врвни спортисти, државни функционери, кои беа други)? Зарем не се сите еднакви пред законот? Зошто да не биде над просечната плата, а не над минималната?

Со ова се дава повод, работодавецот од утре да каже: „Ок, веќе не сте вработени, кој сака да остане, ќе биде на договор за дело, т.е. хонорарец, ќе си ги плаќа новите давачки. но сега работникот не е заштитен како вработениот според Законот за работни односи, нема платен одмор, нема одмор во случај на смрт на блиска особа, нема боледување итн итн.
Ете затоа се протестира. Гледам бројка некаде 2000-2500, за жал не можев да присуствувам, ама гледам дека доста добро поминало.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Јас мислам дека со оваа мерка повеќе се обврзуват работодавците, токму транзициските богаташи кои сеуште се богатат врз грбот на обичниот работник. Германија е богата ДА ама не било секогаш така , во 60 тите и 70 тите имале пари еднаш неделно да јадат месо ама затоа и тогаш плаќале давачки.
не е така. Јас сум работел неколку години со договор за дело, делумно неколку месеци и преку младински задруги ама тоа не го сметам.
Со ова мерка се заштитува работникот му се регулира статусот, плаќа давачки кои всушност се пензиско и здравствено осигурување.
со ова воопшто не се регулира статусот. Фирмата од разни причини ќе го заведе работникот со договор за дело затоа што за него нема да се повика инспекција ниту суд на законот за работни односи. Инаку и јавните институции имаат договорци.
Неможе да работиш со години како хонорарец , со нерегулиран статус.
може одреден број месеци, со одмор од неколку денови 2-3 дена недела и повторно договор неколку месеци.
На Германецот државата и давачките кон државата му се светост и прво и основно им е да ги подмират давачките. За жал ние секогаш тргнуваме со мисла ЈАС а опшетствоот и државата кој ја е.. епа нема така , сакаш болници, сакаш пензии, сакаш школи, патишта а не секаш да плаќаш тоа го нема никаде.
германецот за она што го плаќа, соодветно си добива. Инфраструктурата му е на високо ниво, услугите се со високи стандарди. Што со тоа што ние кои одвојуваме од платата, добиваме услуги со никаков квалитет и никаква инфраструктура за возврат? Тоа нема да промени ништо да се "вложува" во фонтани, кич и едночудо споменици и фасади и за субвенции за што треба и не треба.
Кога ја спомена Хрватска, спореди го скопскиот и загребскиот плоштад, бројот на споменици по жител.
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Јас мислам дека со оваа мерка повеќе се обврзуват работодавците, токму транзициските богаташи кои сеуште се богатат врз грбот на обичниот работник. Неможе да работиш со години како хонорарец , со нерегулиран статус. Со ова мерка се заштитува работникот му се регулира статусот, плаќа давачки кои всушност се пензиско и здравствено осигурување. Германија е богата ДА ама не било секогаш така , во 60 тите и 70 тите имале пари еднаш неделно да јадат месо ама затоа и тогаш плаќале давачки. На Германецот државата и давачките кон државата му се светост и прво и основно им е да ги подмират давачките. За жал ние секогаш тргнуваме со мисла ЈАС а опшетствоот и државата кој ја е.. епа нема така , сакаш болници, сакаш пензии, сакаш школи, патишта а не секаш да плаќаш тоа го нема никаде.

Патем распрашајте се малку како одат давачките во Хрватска на пример да видите што е дерење.
Со овој закон ќе добијат на сила работодавците. Им се дава можност да секој, ама секој работиник биде префрлен на договоро на дело, или пак хонорар и сл. А обврската за придонеси ја има работникот. И сега, ако еден работник работел за 12 000 нето, сега тоа може слободно да му биде бруто. Нели хонорар е? И сега да удриме проста математика. 35% од 12 000 се 4200 денари. Тоа значи дека работникот ке има плата од 7 800 ден, а не како претходно 12 000.
Јасна ли ти е сега на која страна дува ветерот? Наместо да се зголемуваат работничките права, да стануваат појаки со законските регулативи, нели државата се грижи за нас, со истите тие регулативи се закопува работникот.
Затоа, против овој закон МОРА да бидат сите, без исклучок. Секого може да го мавне овој закон, а газда ко газда, ќе сака да заштеди и ќе ти даде договор на дело. Со овој закон ниеден работник веќе ќе нема никакви права.
Ама затоа се тука пензионерите кои ние треба да ги издржуваме со нивните бесплатни бањи, викенди по Охрид/Берово, па и бесплатен авотбус, ................ а само заради тие пензионери се на власт. Па не им се дава фотељата и сега е им се умилкуваме. Но, сигурен сум дека има разумни пензионери кои размислуваат за своето потомство и дека и тие ќе се спротистават на сите мерки, дали за пензионерите, дали за хонорарците, дали за студентите.
Овие мерки не носат во пропаст, ................... освен ако не е и тоа поентата, да не раскурцаат.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Иако мислам дека нема потреба да се тумачи "техничкиот аспект на законов",кога веќе сте почнале,да додадам некој пример,од тие што сте ги заборавиле.

Преведувач-се договара да преведе некоја книга,за што треба да му се исплати хонорар.
Уметник-се договара да изрезба некаква икона,и за тоа да му се исплати хонорар.

Да претпоставиме дека ќе им треба по 6 месеци,да ја завршат работата,и дека тоа ќе им биде се за таа година.
И двајцата се невработени,живеат од хонорари.Ако до сега плаќале 10%,сега ќе плаќаат 35%.Значи ќе имаат платено пензиско за еден месец,што значи дека за да остварат право на пензија,ќе треба така да работат 180 години.Ако имаат среќа да бидат ангажирани 2 пати во годината,ќе им треба само 90 години,за да остварат право на пензија,а и ќе имаат здравствено осигурување за цели два месеца во годината.

Глумец- работи 20-тина претстави во годината,за време на летниот период,остатокот од годината не е ангажиран.
Новинар- го плаќаат по објавена статија,истражување,емисија и слично.Му иде да земе по 4-5 хонорара годишно.
Доктор-ангажиран да направи некое истражување за што ќе му треба 2 години.
Сите се невработени.

Како наведените во примериве ќе ги осетат благодетите од законов,за кои говореше нашиот сакан лидер на преродбата?
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
. На Германецот државата и давачките кон државата му се светост и прво и основно им е да ги подмират давачките. За жал ние секогаш тргнуваме со мисла ЈАС а опшетствоот и државата кој ја е.. епа нема така , сакаш болници, сакаш пензии, сакаш школи, патишта а не секаш да плаќаш тоа го нема никаде.

Патем распрашајте се малку како одат давачките во Хрватска на пример да видите што е дерење.
На Македонецот давачките очигледно му се уште поголема светост од Германецот, само не е способен финансиски да ги поднесит сите давачки.А финансиската дисциплина за овие работи е висока (кај обичните смртници).Ама собрал Македонецот 2 и 2 и веќе почнал со прашања од типот каков бенефит би имал од тие давачки и уште побитно колкав е реалниот бенефит од давачките?

Сакаш болници, сакаш школи, патишта, аеродроми, железници и друга нормална инфраструктура... добиваш споменик!
Какви се тие болници каде сам си носиш шприц, инфузија, завои, таблети?
Каков е тој здравствен систем кога 3 години немаш породилно, хирургија и слично во ‘најголемиот туристички центар‘?
Какви се тие школи каде класните раководители собирале доброволен прилог од родителите за да ја платат струјата?
Какви се тие државни институции каде луѓе одат на работа во друга општина со сопствено возило, а патните трошоци не им се покриени?
Каков е тој пат каде никогаш не е чисто за време на малку снег и секогаш изговорот е дека биле изненадени од снегот среде јануари?
Какви се тие патишта поради кои два пати годишно менуваш амортизери, гуми и по некој зглоб и раткапна?
Какви се тие железници без светло во вагоните?
Какви се тие студентски домови со 4 сати (да, да ЧЕТИРИ) дневно греење?
Каков е тој систем во кој секое несогласување со глупавите одлуки на власта се етикетирани како предавство, државен удар и слично?

Каков е тој систем во кој за да добиеш плескавица колиш цело прасе, а остатокот го даваш курбан кај касапот дополнително од сметката за самото колење?

Патем, распрашај се малку како одат и платите во Хрватска.И купи си нови наочари.
Сакаме живот, добиваме реално шоу Survivor.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Јас мислам дека со оваа мерка повеќе се обврзуват работодавците, токму транзициските богаташи кои сеуште се богатат врз грбот на обичниот работник. Неможе да работиш со години како хонорарец , со нерегулиран статус. Со ова мерка се заштитува работникот му се регулира статусот, плаќа давачки кои всушност се пензиско и здравствено осигурување. Германија е богата ДА ама не било секогаш така , во 60 тите и 70 тите имале пари еднаш неделно да јадат месо ама затоа и тогаш плаќале давачки. На Германецот државата и давачките кон државата му се светост и прво и основно им е да ги подмират давачките. За жал ние секогаш тргнуваме со мисла ЈАС а опшетствоот и државата кој ја е.. епа нема така , сакаш болници, сакаш пензии, сакаш школи, патишта а не секаш да плаќаш тоа го нема никаде.

Патем распрашајте се малку како одат давачките во Хрватска на пример да видите што е дерење.
Што лупеташ бре човеку. ХОНОРАРЦИТЕ ПЛАЌААТ ДАНОК! Парите од даноците што досега се даваа, требаше да се инвестираат во болници и пензии, а не во спомениџи и фасади. Ретардација од нација!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Што лупеташ бре човеку. ХОНОРАРЦИТЕ ПЛАЌААТ ДАНОК! Парите од даноците што досега се даваа, требаше да се инвестираат во болници и пензии, а не во спомениџи и фасади. Ретардација од нација!
Зошто мора да навредуваш? Дали спроед тебе не е вложено во други работи освен споменици? Па во самиот проект Скопје 2014 имаш две три згради во кои се преместија институции кои плаќаа кирија. Мислам сто пати е кажано тоа. Да не одиме пошироко - нови улици патишта болници школи градинки за 2015 тој број ќе се зголеми. Да етикетирја ме како сакаш ама и јас можам тебе да те етикетирам затоа што упорно повторуваш дека ништо не е направено а е направено доста. Сега ти пак ќе извадиш слики од некои запуштени објекти, да точно е тоа дека има милион работи за поправање и градење ама тоа не значи дека не е вложено до сега.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Прво
Зошто мора да навредуваш? .
Ај не ми демонстрирај типична вмровска патетика, може?
Дали спроед тебе не е вложено во други работи освен споменици? Па во самиот проект Скопје 2014 имаш две три згради во кои се преместија институции кои плаќаа кирија. Мислам сто пати е кажано тоа. Да не одиме пошироко - нови улици патишта болници школи градинки за 2015 тој број ќе се зголеми. Да етикетирја ме како сакаш ама и јас можам тебе да те етикетирам затоа што упорно повторуваш дека ништо не е направено а е направено доста. Сега ти пак ќе извадиш слики од некои запуштени објекти, да точно е тоа дека има милион работи за поправање и градење ама тоа не значи дека не е вложено до сега.
Да! Со оглед на тоа дека само на плоштадот мил, што веќе не може да се нарече ни плоштад, има десетици милионски споменици,, со оглед на тоа дека само една ОГРАДА им ’кошта“ (ммда) 2 милиони евра, со оглед на новата фасада на владата која чини десетици милиони евра, можам со сигурност да кажам дека не се направило ништо корисно. Галии? Врби?
Не морам да ти извадам слики од запуштени објекти, можам да ти покажам слики од цели градови.
500.000.000 евра за едно големо НИШТО!
Нови улици, патишта, болници се изградени само во твојата фантазија. Во реалноста да се инвестираше во тие работи, луѓето немаше да чекаат со месеци за преглед и немаше секој ден да слушаме за луѓе загинати во сообраќајки.
Јас не морам да те етикетирам, тоа сосем совршено го правиш сам.
Не само што се етикетираш, туку се покажуваш во светло на еден комплетно недостоинствен човек.
За тоа сигурно си и самиот свесен.... потајно.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Прво

Ај не ми демонстрирај типична вмровска патетика, може?

Да! Со оглед на тоа дека само на плоштадот мил, што веќе не може да се нарече ни плоштад, има десетици милионски споменици,, со оглед на тоа дека само една ОГРАДА им ’кошта“ (ммда) 2 милиони евра, со оглед на новата фасада на владата која чини десетици милиони евра, можам со сигурност да кажам дека не се направило ништо корисно. Галии? Врби?
Не морам да ти извадам слики од запуштени објекти, можам да ти покажам слики од цели градови.
500.000.000 евра за едно големо НИШТО!
Нови улици, патишта, болници се изградени само во твојата фантазија. Во реалноста да се инвестираше во тие работи, луѓето немаше да чекаат со месеци за преглед и немаше секој ден да слушаме за луѓе загинати во сообраќајки.
Јас не морам да те етикетирам, тоа сосем совршено го правиш сам.
Не само што се етикетираш, туку се покажуваш во светло на еден комплетно недостоинствен човек.
За тоа сигурно си и самиот свесен.... потајно.
Ти зборуваш за дел од работите за кои може да се дискутира. Јас можеби користам розеви наочари ама ти користиш црни. Здравството е многу подобрено за разлика од претходно ама тоа е друга тема. Исто и сообраќајот и почитување на сообраќајни правила. За твојата способност да навлезеш во психата на луѓето преку интернет форуми исто.
Искрено не сум ни сигурен дека учествуваш во буџетот со било што но сепак имаш право на збор се согласувам.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Еве да видиме како тоа функционира во Хрватска. http://burza.com.hr/novac/poduzetnik/2013/03/115885-honorarno-zaposljavanje-i-honorari/
Razlika je, naravno, u davanjima: za isplate po ugovorima o djelu (klasični honorarci), osim naknade, dužni ste platiti i doprinose za mirovinsko osiguranje 20% i za zdravstveno osiguranje 13%, porez 25% i prirez.

Računica je slijedeća: za neto naknadu od 1.000 kuna, platit ćete još 883 kune državi, a za neto naknadu od 2.000 kuna platit ćete još 1.766 u državni proračun.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Хрватска е во ЕУ, не е ставај во тој кош, од авион се гледа дека законот е за да се наполни касата
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Хрватска е во ЕУ, не е ставај во тој кош, од авион се гледа дека законот е за да се наполни касата
А во хрватска и цела европа е за граѓаните? ОКеј. Сега ако напишам дека и во Украина се плаќа ќе ми речеш не се споредувај со скапаници. Ти имаш против власта ама тоа не значи дека законот не е во ред.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Еве да видиме како тоа функционира во Хрватска. http://burza.com.hr/novac/poduzetnik/2013/03/115885-honorarno-zaposljavanje-i-honorari/
Razlika je, naravno, u davanjima: za isplate po ugovorima o djelu (klasični honorarci), osim naknade, dužni ste platiti i doprinose za mirovinsko osiguranje 20% i za zdravstveno osiguranje 13%, porez 25% i prirez.

Računica je slijedeća: za neto naknadu od 1.000 kuna, platit ćete još 883 kune državi, a za neto naknadu od 2.000 kuna platit ćete još 1.766 u državni proračun.
Дојде тука да смараш?
Баш ова е доказ за нашата неспособна и лоповска влада . Нормалните држави што вистински сакаат да го регулираат социјалниот статус на хонорарните работници, се фокусираат на договорите на дело, а НЕ НА СИТЕ ХОНОРАРИ!
Како што можеш да видиш, авторските договори не им се опфатени во Хрватска.
Секој со две чисти во главата ќе сфати дека не треба да бидат.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Дојде тука да смараш?
Баш ова е доказ за нашата неспособна и лоповска влада . Нормалните држави што вистински сакаат да го регулираат социјалниот статус на хонорарните работници, се фокусираат на договорите на дело, а НЕ НА СИТЕ ХОНОРАРИ!
Како што можеш да видиш, авторските договори не им се опфатени во Хрватска.
Секој со две чисти во главата ќе сфати дека не треба да бидат.
Извини не те прашав кај смеам да напишам нешто. Твојата првична реакција беше дека ова е лудило и невидена работа за сега да се фаќаш само за делчиња од законот, значи си дојде на моето - законот во глобала е океј потребни му се некои модификации. Лоповска беше опозицијата која сеуште манипулира со празноглавите пиуни кои излегуваат на протести без никаква цел и идеја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom