Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Малце го глеав ова од Алсат и само слушнав овој дечково министер шо го бапнале кажал вака е сегде во Европа. Зошто не се направи една компаративна анализа на тоа како што направија Студентски пленум за државните испити ?

И уште една работа. Зошто Владата не беше толку одлучна како што е сеа за државниот испит и за овие измени кога беа во прашање еколошките стандарди и задолжението на Југохром и Макстил да стават филтри ?
Тогаш цело време се пролонгираа роковите, а сега нешто се демонстрира демек грижа за граѓаните, демек социјална правда, дрн-дрн јариња...
Ама ќе кажам, сами сме си криви ама не зошто овие сме ги гласале туку зошто општо кај нас се изгуби перцепцијата за власта како сервис на народот, за потеклото на власта. Ние си го прифативме тоа дека власта може што сака да ти каже, а ти мораш да ќутиш и ипак тие политичарите не се до толку глупи, го видоа ова и сеа дури и овие да се сменат и да дојдат други и тие ќе го имаат истиот однос кон нас...
Место по кафани и слави да се праат муабети „ради твоите сме до овде“, „моиве пробуваат да го попраат тоа што твоите го усраа со приватизацијата“... подобро е да се смени начинот на размислување и да се врати пак кај нас вистината за потеклото на власта.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ова е една од најнаивните приказни на форум кајгана годинава:) Веќе си замислувам како некој твој роднина после твоето објансување те гушка и ти вика Умен на - чичо, дедо, тато и во исто време им намигнува на другите од твојата фамилија со израз - му нема спас, ќе мора да одвојуваме пари сите за него цел живот и да му најдеме дечко. Во исто време црната овца во семејството е среќна и сите се среќни :) мала шала.
Мала исправка.

Малку е смешно да збориш за наивност со оглед на тоа што го пишуваше изминативе денови :)
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Малце го глеав ова од Алсат и само слушнав овој дечково министер шо го бапнале кажал вака е сегде во Европа. Зошто не се направи една компаративна анализа на тоа како што направија Студентски пленум за државните испити ?

И уште една работа. Зошто Владата не беше толку одлучна како што е сеа за државниот испит и за овие измени кога беа во прашање еколошките стандарди и задолжението на Југохром и Макстил да стават филтри ?
Тогаш цело време се пролонгираа роковите, а сега нешто се демонстрира демек грижа за граѓаните, демек социјална правда, дрн-дрн јариња...
Ама ќе кажам, сами сме си криви ама не зошто овие сме ги гласале туку зошто општо кај нас се изгуби перцепцијата за власта како сервис на народот, за потеклото на власта. Ние си го прифативме тоа дека власта може што сака да ти каже, а ти мораш да ќутиш и ипак тие политичарите не се до толку глупи, го видоа ова и сеа дури и овие да се сменат и да дојдат други и тие ќе го имаат истиот однос кон нас...
Место по кафани и слави да се праат муабети „ради твоите сме до овде“, „моиве пробуваат да го попраат тоа што твоите го усраа со приватизацијата“... подобро е да се смени начинот на размислување и да се врати пак кај нас вистината за потеклото на власта.
Најдобра власт е таа што најмалку и најефтино владее.Има една реченица што му се припишува на првиот американски претседател,која многу добро ја отсликува природата на власта:
Government is not reason, it is not eloquence — it is force. Like fire it is a dangerous servant and a fearful master; never for a moment should it be left to irresponsible action.
Инаку,тајмингов за протестот ич не ми одговара,ама ако успеам да се ослободам,обавезно ќе отидам.

П.С-ако има некој од Велес што планира да оди на протестов нека пише ПП,да пробаме да се организираме.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Инаку,тајмингов за протестот ич не ми одговара,ама ако успеам да се ослободам,обавезно ќе отидам..
Ако после 5 е протестот ќе се протестира пред празни институции
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Многумина не се свесни дека законов не ги засега само фриленсерите или оние кој што работат по договор.
Со малоумново законско решение не само што се потикнува сива економија туку и задира во многу свери.
Утре некое дегенче како овој фринџе ќе ви земе 40 % од парите за предадено млеко, јаболки,жито,грозје итн. Другиот ретардиран како овој брутус ќе рече дека и продажбата на имот е прилив на пари и дека во законот така си стои, трет деген ќе се најде што ќе ви ги оданочи девизните дознаки кој што ви ги испраќаат роднините од странство.
Едноставно нема крај до кај сакаат да го ебат народот, на крајот од краиштата ќе испадне наместо како до сега да се плаќа 10% за државата ( иако и тие се неоправдани ) на државата да и даваш 90% од се што ќе заработиш плус 25% должен ќе и бидеш.
Али ако, така треба само напред ВМБЛО,според сите досегашни законски измени кој што ги има донесено оваа влада која што е составена од џелади на македонскиот народ и држава изгледа дека највеќе се плашат од пензионерите бидејки сите законски измени и бенефиции им ги дава токму нив, затоа гледајте доколку имате некој пензионер дома домкнете го на простестот утре.
И за крај еден предлог Спасов Грујо и компанија,да ги ставиме на плата од 10 000 денари и да бидат хонорарци, да видиме тогаш како ќе ни го продаваат законов.[DOUBLEPOST=1419202605][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ја читам сега темава, бидејќи не бев во можност неколку денови да бидам активна на форум.

Многу ми е смешен муабетот од типот: Народот ги избрал, си го кажал своето мислење.

Чекајте малку другари, тоа значи само дека народот им дал доверба да спроведуваат политики за подобрување на животот на народот. Тоа во никој не значи дека ако ги изгласале дека имаат право да носат секакви одлуки, а народот да молчи затоа што “ги гласале“. Петко може да гласал за ДПМНЕ на претходните избори, но тоа не значи дека Петко не смее да излезе на протест против определена одлука на Владата, бидејќи се работи за негов живот и работи што влијаат на него. Петко ја дал довербата, но Петко може и да ја изгуби довербата што ја има во одредената партија. Секој гласач (ГЛАСАЧ, а не ЧЛЕН) гласа врз основа на интерес и моментално мислење за тоа која партија според него го заслужува гласот. Многу често гласачот гласа и затоа што не ги сака другите опции. Има милион варијанти зошто некој гласа.

Но, гласањето за одредена партија, не значи и премолчување кога нешто не му се допаѓа на гласачот.

И да, ова што го прават граѓаните, опозицијата треба да го прави во Собрание, а не да земаат пари за неодење на работа. Опозицијата, пред се, има одговорност кон тие што гласале за нив, а потоа и за останатиот народ. Опозицијата и власта треба да се во служба на граѓаните, да го слушаат нивниот глас и во врска со тоа да се прилагодуваат на нив. Партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите.

Кај нас, власта моментално се однесува како државата да е на мајка им, па ќе прават што сакаат, а опозицијата се крсти и моли, граѓаните место нив да ја вршат НИВНАТА работа.

Опозицијата кај нас е најтивка за најважните работи. И за студентите, па и за оваа тема, за абортусот... (индивидуалци од опозициски партии не ги важам тука)

Слепи сте ако мислите дека затоа што народот гласал една партија, дека треба да ќути и да одобрува се. Не, обратно е пријатели, сте измешале се. Партијата, затоа што била гласана од народот, ИМА ОБВРСКА да слуша, прашува и да се прилагодува на оние што ги гласаат, а не го мало дете од 5 години да тера инает или ко опозицијата која се понаша исто ко дете од 5 години што оди кај мајка му да се жали дека никој не го дружи, а самото седи на страна.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Искрено, не дека беа мал број луѓе, ама со оглед на сериозноста на “законов“ очекував да има барем неколку илјади повеќе.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Лудо Вљубена што сакаш да кажеш, Бранко е крив?
Не сакам да давам идеи ама утре ден ако го усвојат законот за primae noctis кој ќе им даде право на нашите господари да ти ја "дефлорираат" невестата пред првата брачна ноќ, што ќе речете тогаш уаааааа опозиција врати се во пратеничка клупа.. уааааааааа шнајдери кој продаде името/знамето, приватизацијата 200 илјади без работа , ТАТ банка, кој го уби Аце Циганот, уаааа комуњар маму ти ебам, така?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Лудо Вљубена што сакаш да кажеш, Бранко е крив?
Не сакам да давам идеи ама утре ден ако го усвојат законот за primae noctis кој ќе им даде право на нашите господари да ти ја "дефлорираат" невестата пред првата брачна ноќ, што ќе речете тогаш уаааааа опозиција врати се во пратеничка клупа.. уааааааааа шнајдери кој продаде името/знамето, приватизацијата 200 илјади без работа , ТАТ банка, кој го уби Аце Циганот, уаааа комуњар маму ти ебам, така?
Многу сакам кога луѓето селективно читаат.:coffee:
Ако се донесе таков закон, прво што ќе направам е ќе го нападнам (вербално) телото кое го донело тој закон и ќе се борам со сите средства тоа да биде повлечено (акции, протести и останати фори на граѓанска непослушност). Но, ќе очекувам опозицијата да не спие и да биде гласна, да се спротиставува и да се бори со сите средства против неправедниот закон.
Јас тоа и го кажав во мојот првичен пост, ама кој да посвети внимание и да го прочита цел, нели...

Затоа и реков дека е смешен муабетот: Луѓето ги избрале и кажале се на избори. Не, луѓето кажале на избори кој да ги води, и тоа е една тема. Луѓето во текот на мандатот на власта, имаат секакво право да ја оспорат СЕКОЈА одлука која сметаат дека оди против нивните интереси, а ВЛАСТА има должност да ислуша секој еден од нив и да се прилагоди на нивните интереси, а не на своите. Ако ова не го сфати од мојот пост, тогаш не знам што да ти кажам.

Мојата критика спрема опозицијата е што за многу важни прашања, се невообичаено тивки (како структура, а не како индивидуалци).

Јас секогаш сум била против тоа партиите да бидат вонинституционална опозиција. Опозиција МОРА да седи во Парламент. Опозиција е поширок поим, не е само група на партии, туку и јавноста е на некој начин опозиција бидејќи треба да биде коректив на власта. Затоа нема логика единственото организирано политичко тело кое има право да учествува во процесот на донесување одлуки и кое треба да биде институционална опозиција да не биде во институцијата која ги носи законите.

Мора во Парламентот да има жестокост и спротиставување на ставови, а народот да излегува на протести и на користи начини како да покаже незадоволство. Во 1994 беше обратна ситуацијата, ДПМНЕ беше вонинституционална опозиција и го бојкотираа Собранието и со тоа направија повеќе општествена штета, бидејќи дозволуваат Собранието да нема баланс и да нема коректив. Истото се случува сега. Собранието (треба да) е збир на целокупната волја на народот. Затоа постои и распределба на мандати. Владата е збир на луѓе составени од партијата/коалицијата која добила мнозинство гласови, а Собранието (треба да) е балансот.

Има многу убава мисла: Кога законот е неправеден, граѓанинот не само што има право, туку има и должност да биде непослушен. Е сега тоа е во спротивност со одредени учебници кои излегоа периодов, ама тоа е.

И сега пак читај како ти одговара и извртувај ми ги зборовите, јас моето си го кажав. Јас сум одговорна за тоа што го кажувам, а не за тоа што ти го разбираш (како што ти одговара).

Фала многу, пријатно.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Искрено, не дека беа мал број луѓе, ама со оглед на сериозноста на “законов“ очекував да има барем неколку илјади повеќе.
Јас уште кај жена парк кога видов колку имаше ме изеде срам и со наведната глава си отидов, едноставно кој ги ебе не 35 % и 80% нека зимаат.
Посебно и ова педерчињава студенти,не екстерно туку и днк тест нека им праат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom