Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Reloaded
  • Време на започнување Време на започнување
Ако гледаш така може да те пријави на пола работно време и да плати помалку придонеси.
Како и да е, сега ќе се појави нова злоупотреба пошто сега газдата не мора да вработува работници со договор за вработување туку може да вработува хонорарци на кои не им следуваат К-15, боледување, немаат отказен рок еден месец и други слични права кои ги носат договорите за вработување.

Па можеби и за тоа се носи овој закон, на скриена врата да се намалат работничките права.
 
Кои се функционерите кои нема да плаќаат придонеси за хонорарите?

Мери Јордановска Призма

Живко Митревски, претседател на ССМ, Ирена Мишева, претседателката на Советот на град Скопје, претседателот на комисијата за дискриминација Душко Миновски и портпаролите на Централниот регистар и Министерството за финансии се само дел од оние што нема да плаќаат придонеси на хонорарите за членство во одбори

%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B81.jpg

Митревски освен што е претседател на ССМ, воедно е и член на Управниот одбор (УО) во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување | Фото: ССМ

Живко Митревски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, е само еден од оние кои нема да бидат засегнати од плаќањето придонеси за секој хонорар што му легнува на сметка. Митревски освен што е претседател на ССМ, воедно е и член на Управниот одбор (УО) во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Измените за задолжително социјално и здравствено осигурување на лицата на кои им се исплаќа хонорар, кој почнува да важи од 1 јануари 2015 година, не се однесува на функционерите и на оние кои членуваат во управните и надзорните одбори на претпријатијата со државен капитал. А такви се многу.

Ако се погледне списокот на функционери објавен на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата се гледа дека околу 300 лица членуваат во управни и надзорни одбори и за тоа земаат хонорари од 23.000 до 93.000 денари.

Овие лица нема да плаќаат придонеси за хонорарите што ги земаат (освен персоналниот данок од 10 отсто), за разлика од останатите граѓани кои доколку земаат дополнителни приходи над износот на минималната плата од 9.590 денари, ќе мора да плаќаат над 35 отсто за пензиско и здравствено осигурување.

На листата на членови на Управни и надзорни одбори можат да се видат многу јавни личности кои нема да бидат засегнати од новите законски измени.

Душко Миновски е претседател на Комисијата за дискриминација и советник во Министерството за труд и социјална политика. Тој од работното места добива плата со платени придонеси, а од комисијата зема хонорар, за кој нема да треба да плаќа дополнителни придонеси, за разлика од останатите граѓани кои не се избрани или именувани функционери.

„Ако треба да плаќам, ќе плаќам, не е тоа проблем. Но, не сум баш запознаен со овие измени. Како и да е, концептот на дискриминација е спрецифичен. Не секоја неправда значи и дискриминација. Сето ова влегува во контекстот на афирмативни мерки кои се во интерес на граѓаните. Точно е дека има чувство на нееднаквост, но станува збор за мала група граѓани кои се изземени, а целта на законските измени е сосема друга“, изјави Миновски за БИРН.

upraven%20odbor.jpg

На листата се наоѓа и Ивана Билбиловска, портпаролка во Министерството за финансиии која воедно е и член на УО на Фондот за осигурување депозити.

Тука е и Емил Јакимовски (Гусар) од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој работи во Централниот регистар на Македонија, а воедно е и член на УО на Државниот студентски дом „Пелагонија“, со што влегува во списокот функционери кои се изземени од плаќање дополнителни давачки за примените хонорари.
 
Подршка за протестот во Понеделник... Иако терминот е многу лош ќе глефам да дојдам!!!
 
Ова со зборови неможе да се опише:
Митревски освен што е претседател на ССМ, воедно е и член на Управниот одбор (УО) во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување!

the-fall-screams-o.gif
 
Ова со зборови неможе да се опише:
Митревски освен што е претседател на ССМ, воедно е и член на Управниот одбор (УО) во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување!

the-fall-screams-o.gif
Па што има лошо во тоа.
И јас као обичен смртник работам две работи и имам други приходи од кирии и рента
 
Па што има лошо во тоа.
И јас као обичен смртник работам две работи и имам други приходи од кирии и рента
Не ме замарај со глупости ти реков.
 
Хонорарците треба да го слават денот на кој ќе се донесе законот да се заштитат нивните работнички права. Јавна тајна е дека хонорарната работа во најголем процент е искористување на работнкот. Колку хонорарци има Македонија? 150 илјади? Ако е така тоа се 25% од вкупно вработените. Треба да се научиме ако сакаме да градиме држава треба да се плаќат и даноци тоа е така секаде во светот така мора да биде и кај нас. Инаку јас сум за тоа даноците прогресивно да се зголемуват со зголемување на платата. Неможе некој што зима 10 илјади да му се зима 30% а исто толку да му се зима и на некој што зима 60 илјади. Незнам како точно се регулирани овие работи но мислам дека тука е потребен баланс.
 
А рамниот данок го славиш. Те молам преиспитај се веќе што збориш.
 
Ama 30% od 10k se 3k a od 60k se 18k a i dvaajcata dobivaat isti zdrastveni uslugi
E ova ne e vo red
 
Никако не можам да разберам што е проблемот со законот?

Хонорарците сега плаќаат само персонален данок од 10 отсто, а од први јануари, за хонорарите повисоки од минималната плата ќе се плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, со што вкупните давачки ќе надминат 35 отсто од хонорарот.
 
Ако до сега некој имаше заработено 11.000 денари, ќе платеше 1.000 на државата и ќе му останеа 10.000 за живот.
Сега од 11.000 ќе треба да плати 4.000, и ќе му останат 7.000 за живот.
3.000 денари помалку за живот, што не е јасно?
 
Да но плаќа здравствено и пензиско. Така е секаде во светот. Во Германија е до 450 евра над тоа си плаќаш најнормално. Единствено има предност кај студентите што персоналниот данок на крај на годината ти го враќат. А пензиското, здравственото, работното осигурување и негата неможе ни Ангела Меркел да ти го врати. Какви се тие хонорарци какви глупости тоа веројатно само во екс комунистички држави го има. Згоре на тоа работодавците очигедно тоа и те како го користат па така колку што разбрав има околу 150 илјади хонорарци тоа се 25% од вкупните вработени во МК. Истите тие хонорарци што не се запрашат што со годни работат на жими мајка, и да се запрашат кој треба да им плаќа здравствено и пензиско?
Законот е добар единствено како што кажав има простор за студентите кои работат да им се враќа персоналниот данок, тоа би можело да се додаде на законот.
 
Ќе почнат вработените да ги пишат хоноорарци за да немаат право на годишен одмор, боледување.
Немаат право година дена да се пријавуваат како невработени, значи ем ќе падне невработенста на 20% можда и помалку, ем пари ќе земаат.
 
Ama 30% od 10k se 3k a od 60k se 18k a i dvaajcata dobivaat isti zdrastveni uslugi
E ova ne e vo red

Да но некој што зима 10 к ќе му останат само 7 к за живот а овој што зима 60 к ќе има 42 к. Затоа според мене треба да растат давачките процентуално со раст на платата. Пример оној што зима минимална плата да плаќа 20 проценти од 10 к би зимал 8 к. А тие 1 к да се земат од некој кој зима 30 к. Со други зборови 1 к од 10 к е 10% а од 30 к е 3,33 %.[DOUBLEPOST=1419252947][/DOUBLEPOST]
Ќе почнат вработените да ги пишат хоноорарци за да немаат право на годишен одмор, боледување.
Немаат право година дена да се пријавуваат како невработени, значи ем ќе падне невработенста на 20% можда и помалку, ем пари ќе земаат.

Не те разбирам. Како ќе падне вработеноста ако вработените ги пишат хонорарци. Да не мислиш обратно.

Инаку јас кога би бил хонорарец би го славел овој ден затоа што работодавецот има еден инструмет помалку да ме третира како РОБ. Кој се правата на хонорарците?
Дали им тече работен стаж?
Дали имат регулиран работен статус и сигурна работа?
Дали и колку имат одмори?
Дали им се плаќа боледување?
Зимат ли 13 плата?

Патем некој луѓе сеуште неможат да расчистат со минатиот систем.
Дел од штрајкувачите кој очигледно се ЕПТЕН засегнати со новиот закон

ФОТО И Титовистите протестираат против придонесите
Објавеново 13:13 22 декември 2014| Прочитано71|
Во масата од најмалку 2.500 демонстранти, кои од Жена Парк, па крај Триумфалната Порта по улицата Димитрија Чуповски

се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, се и Слободан Угриновски, лидерот на Титови леви сили и доскорешен советник во Советот на Град Скопје со неговите истомисленици. Еден од нив, инаку како што јасно се гледа по униформата, поранешен висок офицер на ЈНА.

Инаку, на денешен ден во СФРЈ, се славеше 22 Декември - Денот на ЈНА, па овој противник на новата мерка за наплата на придонеси и од хонорарите истовремено учествува во две работи - ем протестира, ем го одбележува празникот на одамна непостоечката ЈНА.

Фото: Плусинфо

IMAG1566.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom