Генерална дискусија за светското првенство во Катар

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде нов светски шампион во ракомет?

  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.501
Поени од реакции
78.292
Локација
Б'с
Како што е редот, и за престојното светско првенство во ракомет кое ќе се одржи во Катар е отворен посебен подфорум. Има уште месец дена до стартот на првенството, па затоа добро е во овој период кога сеуште не се започнати ниту подготвителните мечеви, да се пишува само во оваа тема. Во текот на иднава недела ќе бидат отворени посебни теми за секоја група.
За почеток да ве опоменам да не се трудите да отворате теми за групите, како што беше случај во изминатиов месец кога морав да бришам неколку теми. Одредени се креаторите на темите за четирите групи и истите ќе си ја извршат задачата во нареднава недела :icon_mrgr:
Темата за Македонската репрезентација ќе биде затворена и до стартот на првенството, разгоровите на таа тема, водете ги овде. Темава може да се користи за секоја шпекулација во пресрет на првенството, повредени играчи, амбиици на тимовите, пријателски натпревари и слично. Си ја знаете работата, не е прво првенство на кое учествуваме :icon_mrgr:
 
Главен си станал бе. :D
 
Додадена е и анкета која ќе биде затворена неколку дена по стартот на првенството. Додадов екипи што можеби и не се во фаворитска улога, ама нека биде поголем изборот :D
 
Ја мислам дека Македонија ќе биде сфецки шампион, доста бевме во подредена улога, сега е време да го покажеме квалитетот, напред Маќедоња. :oeoeoe:

Иначе гласав за Хрватска.
 
За почеток само да кажам дека ми е криво што нема да го гледам Миклер, а ќе гледам бош репрезентации како Белорусија и Босна.
 
Ќе пратам колку ќе можам, можеби не колку фудбалот летово, ама нашите и завршницата обавезно нормално. Уште од детенце Хрватска ми е симпатична репрезентација, како во ракомет, така и во фудбал и ватерполо, така да како странска репрезентација која ќе ја поддржувам ќе бидат тие. :D

Верувам, и се надевам дека нашиве ќе фатат четвртфинале, 5-8мо место реално би бил огромен успех за нашата репрезентација. За 1/2 финале тешко, освен да испаднеме некако први во групата, не гледам како би поминале покрај Данска или Франција...(под услов да не бидеме четврти)... :D

:)
 
Мислам дека Данска ќе стане светски шампион а би сакал трофејот да го земат Шпанија или Хрватска за кои и ќе навивам.
 
Катар е петти фаворит според обложувалниците, чисто информативно. :eek:
 
Мислам дека ова е последна шанса за да направиме добар успех со оваа репрезентација.
Одлична група во која мора да завршиме на второ место, реално и поквалитетни сме од сите противници во нашата група освен Хрватска.
Нормално нема да биде како што очекуваме, сепак турнирски систем е ова, се игра преку ден а првите два натпревари ги играме во 2 дена. Ќе има изненадувања и многу нервози само тоа знам.:)
Ако завршиме втори ќе вкрстиме со Бразил, Катар или Белорусија. Би требало да ги добиеме било кој овде па потоа да што биде биде.
Баш ми е мило што ги нема Унгарците, ниедна репрезентација ја немам мразено како овие. Какви шамари сме јаделе од нив во ракометот тоа е чудо.
Ги нема и наша брача Срби, и тоа ме радува :). За швабите нема потреба да се дискутира, дај боже последни да завршат во групата, најверојатно ќе се без Гландорф кој мислам дека ја пропушта цела сезона.
 
Пошто другите теми се затворени. :D

Ви текнува ли на СП за јуниори што се организираше во Охрид и Скопје пред 7 години? Сеа налетав на еден пдф фајл со листа на најдобри поединци од тоа СП. Баеѓи младинци кои настапувале тога, сега се реномирани А класа ракометари.

Па така, едни од најдобрите стрелци на турнирот биле Иван Чупиќ, Уве Генсхајмер, Мадс Кристиансен. После нив се и Скубе, Јакобсен, Урбан, Угалде, Атман, Гојун, Урбан, Батиновиќ, Акамбре, Вајндхолд, Гурбиндо...

Capture.PNG 3.PNG 1.PNG

Најдобри стрелци кај нас биле Марко Вукчевиќ и Велко Маркоски. Маркоски воедно бил и еден од најдобрите дефанзивци. Голман тогашниот и сеуште талент, Николче Митрески. :pos:

Многу скудни информации има за чудово, сакав да најдам кој беше комплетниот наш тим предводен од Вујо ама не можам. Ако има некој или ако му текиња нека пише. :)
 
Пецаковски знам дека играше на ова првенство и заедно со Велко, Вукчевиќ и Митревски беа најавувани као најголеми таленти.
 
Доаѓа и светското злато :)

France-eng.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom