Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.082
- Поени од реакции
- 62.194
Немам време за рецензии, во кратки црти:
Егзодусот аудио/визуелно е одличен. Има две негативни работи кои можат да се издвојат, едната е премалку дијалог и карактери, другата е што оди со одличното темпо на почетокот и во еден момент нагло паѓа. Тоа е делот со катастрофите кој визуелно е перфектен но режисерот ги закачил една до друга без скоро никакви случувања измеѓу, па целиот тој дел изгледаше како епизода од Опстанок. Во тој дел од филмот се изгуби глумата, т.е. комплетно беше нарушен балансот глума/ефекти. Подоцна филмот повторно се подигнува. Колку што можев да видам, хејтот во главно го добива заради недоследност до библиската приказна, но како што викаше најголемиот Форест Гамп, не сум јас тука да судам чија измислена приказна е подобра. Бејл беше добар во улогата на генералот Мојсеј, затоа што во филмот се потенцирани воените способности на Мојсеј. Но она што пријатно ме изненади е глумата на Џоел Едгертон, кој на трејлерот ми изгледаше како промашување но во филмот според мене покажа многу. Одглуми владетел кој е горделив, арогантен, но и емотивен и несигурен во себе.
Оценка: подобар од Ное.
Gone Girl добро трилерче, малку мајндфак ситуации во кои е вметната случајноста како фактор, за разлика од постари трилери во кои се е прецизно одработено. Се разбира не е повеќе лесно да се направи филм кој ќе задржи некаква непредвидливост па оттука најмногу го ценам филмов содржински, добро сценарио.
Оценка: полош од Prisoners но доста добар.