Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Точно е дека Том Круз и Бред Пит се бајаги форсирани а и мене ме иритира некој кога е стално и секаде
Не се сегде и секаде, има актери кои снимаат многу повеќе филмови од нив двајцата. Таков впечаток имаш зошто жолта штампа живее од нив, инаку луѓето ништо посебно не направиле во негативна смисла на зборот, не е нивна вина фрката околу нив. Едниот е хејтан поради сциентологијата другиот поради жена му, да не беа овие причини ќе се најдеа некои други за хејт. Не се лоши актери и двајцата. Предлог за филм: Интервју со вампирот :)



Патем, од Егзодусот сум задоволен. Повеќе во вестите во 18 часот.
 
Немам време за рецензии, во кратки црти:

Егзодусот аудио/визуелно е одличен. Има две негативни работи кои можат да се издвојат, едната е премалку дијалог и карактери, другата е што оди со одличното темпо на почетокот и во еден момент нагло паѓа. Тоа е делот со катастрофите кој визуелно е перфектен но режисерот ги закачил една до друга без скоро никакви случувања измеѓу, па целиот тој дел изгледаше како епизода од Опстанок. Во тој дел од филмот се изгуби глумата, т.е. комплетно беше нарушен балансот глума/ефекти. Подоцна филмот повторно се подигнува. Колку што можев да видам, хејтот во главно го добива заради недоследност до библиската приказна, но како што викаше најголемиот Форест Гамп, не сум јас тука да судам чија измислена приказна е подобра. Бејл беше добар во улогата на генералот Мојсеј, затоа што во филмот се потенцирани воените способности на Мојсеј. Но она што пријатно ме изненади е глумата на Џоел Едгертон, кој на трејлерот ми изгледаше како промашување но во филмот според мене покажа многу. Одглуми владетел кој е горделив, арогантен, но и емотивен и несигурен во себе.

Оценка: подобар од Ное.

Gone Girl добро трилерче, малку мајндфак ситуации во кои е вметната случајноста како фактор, за разлика од постари трилери во кои се е прецизно одработено. Се разбира не е повеќе лесно да се направи филм кој ќе задржи некаква непредвидливост па оттука најмногу го ценам филмов содржински, добро сценарио.

Оценка: полош од Prisoners но доста добар.
 
За Gone Girl колку шо видов неколку луѓе се жалеа за последните 30 минути, ама мене баш тие ми беа најинтересни. 8/10

За Барни жал ми падна :(
 
Последно уредено:
Оценка: полош од Prisoners но доста добар.
Истиот проблем си го имал како и јас, тргнав со претпоставка дека ќе биде изработен во сличен стил, а излезе тотално обратно. Никако не ми јасно зошто филмот имаше толку весел амбиент.
 
Призонерс..мех


Laggies- Кул опуштено филмче (y) 7.5/10
 
Gone Girl не е некој мајндфак трилер али има предобра вожња.
Да, и е трилер повеќе него некоја разработена драма, ама треба време да легне филмов кај гледачите, у споредба со срањата шо излегуваат секој ден, оваа е gift од Финчер.
 
Добар е Gone Girl, можеби споредбата со Prisoners не држи место затоа што вториот е многу сериозен и реалистичен филм кој развали со глума и емоции, додека Gone Girl е филм во кој нема емоции и се туркаат старите get-away-with-crime фори. Многу покомерцијален да речам.[DOUBLEPOST=1418880256][/DOUBLEPOST]Ти драгонски да шутиш. :kruna:
 
Ако може некој да ми најде некаде превод за овој филм
Јас барем не најдо нигде на страниве кај што често бараме.

Btw добра комедија (y)
Еве ти превод на англиски за ваа верзија Brrip x265. WAR
 
свака част за 370+ филмови во една година.
Еден филм дневно во просек, не е нешо посебно, на летербокс глеам по 1000 филма некои веќе изглеале...

Е за ова доле вредат мислам честитки :чда:
2quu7h0.jpg

Еве го целиот постер...
MteeUXz.jpg

Критериумот беше филмот да ми е со оцена 8,5 и погоре, постерот да му е добар, и колку шо можам повеќе да ги застапам омилените ми мои глумци и режисери:pipi:. И така, сеа си се гордеам на мојата 7-8 квадратна собичка:)
 
Еве го целиот постер...
MteeUXz.jpg

Критериумот беше филмот да ми е со оцена 8,5 и погоре, постерот да му е добар, и колку шо можам повеќе да ги застапам омилените ми мои глумци и режисери:pipi:. И така, сеа си се гордеам на мојата 7-8 квадратна собичка:)
ццц, од овие тука само 3 неам изгледано,од Куросава тој Дерсу Узала, тој со Брижит Бардо и Gravity. репер сум станал за get a life неосетно
Браво за постерот :rolleyes:
 
Back
На врв Bottom