Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сите тие земји што го променија грбот од комунизамот т.е повеќето се дел од ЕУ, имаат средени општества, па и да смениле грб не е некоја тешка работа.Од повеќето шо читам тука,стекнав впечаток дека не сакате промена на овој грб и покрај тоа што сите земји во Европа од комунистичкиот блок ги промени ја грбовите и со тоа докажаа дека го ставаат во позади сеќавањето за комунизмот и ги прекинуваат врските со тој систем.Сеуште како да се чуствуваме Југославија отколку Македонија. Се што е од тоа време е да не се променува.
да се надоврзм на ова. Петокраката или популарниот пентаграм, не е советска или комуњарска како што милуваме да се изразиме, измислица. Таа има многу подлабоки и побитни корени и симболика. Втора работа е што американците на пример во и по 2 св. војна имаа петокраки. Еве им ги тенковите. Овој знак е и на знамето на ЕУ. И други држави кои немаат врска со советскиот систем, имаат петокраки така да тезата на оние што ја пласираат, како таква паѓа во вода. Ако некому значи, грбот на НРМ подоцна СРМ е дизајниран и ставено е потпис од Ченто, Влахов, Брашнаров, Шатев...Ако толку сакаат промена, нека ја тргнат петокраката, се ќе биде исто само без петокраката, ем сите задоволни, ем ќе си го задржиме своето.
Во спротивно ајде сите на протест. Знаете народот сме ние Македонците, а Македонците се оние кои треба да ја водат Македонија!
![]()
Добар предлог, ако веќе се повикуваме на некоја традиција, континуитет, објаснето повеќе овде:Реков дека сум за промена на овој сегашниов грб, не е лош предлогот, но за мене ако веќе лавот не наиде на подршка, најиделниот грб, и мој личен фаворит е „Коловртот“
![]()
Тито да бил србин, ќе сме немале држава биди сигурен во тоа, Југославија се распадна крваво поради српскиот национализам протежиран од Милошевиќ. Тито бил човек со аристократско држење и космополитски погледи, баш човек како што ни требало во тој момент. Тито не ни подарил држава, едноставно бил свесен дека треба да имаме држава т.е секој народ треба да има држава.Мене ме интересира зошто во Македонија има толку ситни човечиња и сеуште се чудам кој е крив за таквиот ментален склоп кај дел од Македонците (секогаш се надевам дека тој дел е многу мал ама гласен па затоа се нервирам). Тој тип на Македонец мисли дека Тито ни ја подараил Македонија и дека ние според некое чудо сме добиле држава и сме станале народ (истата е теоријата на нашите соседи Грци и Бугари а ако овие што го спомнав некогаш станат мнозинство ова ќе стане теорија и во Албанија и Србија). Македонија од секогаш била мизерна, сиромашна и беззначајна. Е па за жал не е така. Македонија има богата историја, а многу народи кои биле и поголеми од нашиот не успеале да создадат држава а некои и исчезнале. Има добра причина за тоа а тоа сигурно не е чудо или Тито. На оваа територија секогаш опстојувала мислата за независна Македонија а така ќе биде и во иднина.
Едноставно нема логично објаснување за тоа да го негираш лавот како симбол на Македонија или пак да викаш што му фалеше на стариот (плус да прашуваш а кој не праша нас за грбот божем за стариот грб имало референдум). Јас не викАМ дека грбов ќе ја направи Македонија светска велесила или дека ќе смени тоа што ќе го имам на трпеза вечерва ама ова нешто што требаше да се направи одамна затоа што бевме држава која си има свои национални симболи (повеќе од еден) а за грб имаше нешто што е тотална измислица (освен за некои коми-носталгичари кои мислат дека Македонците не заслужуваат држава).
Мхм, национализмот е исто крив што Албанците имаат две цели држави на балканот и плус имаат добра контрола на една друга држава (Македонија). Поентата е дека држава не се добива на поклон. Дали Македонците ќе учествуваа во НОБ доколку немавме гаранции дека ќе добиеме наша држава/република? Дали знаеш колку луѓе броеше партизанското движење во Македонија? Кога некој ќе рече Тито подарил мислиш тука сите седеле, ништо не се дешавало и чекале некој да каже има или нема држава. Баталете Тито сега тој е друг муабет, за грбот зборевме. Единствено што не е во ред е што овој грб не се донесе 1991.Тито да бил србин, ќе сме немале држава биди сигурен во тоа, Југославија се распадна крваво поради српскиот национализам протежиран од Милошевиќ. Тито бил човек со аристократско држење и космополитски погледи, баш човек како што ни требало во тој момент. Тито не ни подарил држава, едноставно бил свесен дека треба да имаме држава т.е секој народ треба да има држава.
Бугарија прва не призна по осамостојувањето, заради Жело Жељев, со србија тешко беше оти беа ултра-националистите на Милошевиќ, со Грците е тешко затоа што имаш две националистички партии на власт повеќе од пола век, за албанците е исто, кога немаа националисти на власт, беа ок, сега не се.
Или со други зборови, национализамот на Балканот му еба мамата
Не викам дека не сме се бореле за државата, ама Тито бил човек од збор, сличен пример имаш и кај Сталин, што за козаците, што за затворениците (денес тие се руската мафија), ветил но не исполнил. Јас верувам да бил некој денешен наш политичар на местото на Тито, немало да добиеме држава после втората светска војнаМхм, национализмот е исто крив што Албанците имаат две цели држави на балканот и плус имаат добра контрола на една друга држава (Македонија). Поентата е дека држава не се добива на поклон. Дали Македонците ќе учествуваа во НОБ доколку немавме гаранции дека ќе добиеме наша држава/република? Дали знаеш колку луѓе броеше партизанското движење во Македонија? Кога некој ќе рече Тито подарил мислиш тука сите седеле, ништо не се дешавало и чекале некој да каже има или нема држава. Баталете Тито сега тој е друг муабет, за грбот зборевме. Единствено што не е во ред е што овој грб не се донесе 1991.
Мислам има друга тема за ТитоНе викам дека не сме се бореле за државата, ама Тито бил човек од збор, сличен пример имаш и кај Сталин, што за козаците, што за затворениците (денес тие се руската мафија), ветил но не исполнил. Јас верувам да бил некој денешен наш политичар на местото на Тито, немало да добиеме држава после втората светска војна