Ако толку сакаат промена, нека ја тргнат
петокраката, се ќе биде исто само без петокраката, ем сите задоволни, ем ќе си го задржиме своето.
Во спротивно ајде сите на протест. Знаете народот сме ние Македонците, а Македонците се оние кои треба да ја водат Македонија!
да се надоврзм на ова. Петокраката или популарниот пентаграм, не е советска или комуњарска како што милуваме да се изразиме, измислица. Таа има многу подлабоки и побитни корени и симболика. Втора работа е што американците на пример во и по 2 св. војна имаа петокраки. Еве им ги
тенковите. Овој знак е и на знамето на ЕУ. И други држави кои немаат врска со советскиот систем, имаат петокраки така да тезата на оние што ја пласираат, како таква паѓа во вода. Ако некому значи, грбот на НРМ подоцна СРМ е дизајниран и ставено е потпис од
Ченто, Влахов, Брашнаров, Шатев...
Слично и со другите симболи од бившиот грб за кој што многумина не знаат кое значение го имаат за македонецот. Според еден австралиски весник од 1917 на пример, во Македонија се произведувал најдобриот опиум. А планината во описот е како што споменав поназад, Пирин планина.
Што се однесува до терминот социјализам или комуњари и нивните симболи од претходниот систем, не знам зошто владеачката партија бега од своето минато. Како проститутка кое се срами од својата кариера. Ако ги погледнеме делата на наши книжевници, дејци и револуционери, се се споменуваат и комунистички и социјалистички и анархистички идеи и идеали, автономисти и федералисти.
Што се однесува до "новиот" предлог, тој не е нов туку
предлог е од 1991 во Прилеп, од Љубчо т.н. бугаринот и неговата партија за кои отприлика знаеме
како се изјасни за македонците. Континуитетот според ова знаме на Крушевската република на пример, не го гледам во лавот.
Дали со јазичето налево или надесно (не сум историчар ниту хералдичар), првиот предлог дизајн на златножолт лав на црвена основа е од т.н. соросоид и комуњар Грчев во 1991.
Нешто во однос на вака крупни промени за една држава, а што никогаш не ми било јасно во Македонија, зошто не се водат јавни тв дебати за потребите, заднината и симболиката на грбовите, ако веќе се менува нешто така суштинско за државата, посебно со импликација за соседите и членството во меѓународните организации. И тоа дебати од ликовни уметници, историчари и хералдичари, да ни објаснат на нас лаиците зашто како и од каде до каде.
Лично не сум превише истангиран за wow пошто ова го сметам за типична идолатрија, а плус тоа и не влијае премногу на животот на граѓаните та дали со без петокрака, афион, со круна или без... Граѓаните нормално, ако нема дебати и референдум, ќе прифатат односно ќе прифатиме било каков симбол само дали тоа ќе испадне како со краците, енциклопедијата, црквата Константин и Елена на плоштад ...па да се повлекуваме, да се пишманиме ии да имаме негативни импликации и во меѓународните позиции. Така го губиме и образот и реномето како држава какво и да е.
И ме интересира вака општо, дали лавот не бил симбол на воена сила и надмоќ? Ако бил, ние не знам колку го заслужуваме тој симбол затоа што на секој чекор паѓаме на испитот интегритет и суверенитет на Македонија. Ноторен пример е промоција на идеите за т.н. сегрегации на албански населени места, градови и населби или ете лани немаше на пример македонски симболи во Струга за Илинден, често се случува и по другите градови нешто слично, па и во Скопје до МРТ или судска палата да нема.