Game of Thrones - A Telltale Games Series

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.809
Поени од реакции
52.832
После серијалот игри за The Walking Dead кои поминаа доста успешно, а популарни се и кај членовите на форумов, Telltale Games ни носи нов серијал игри, овој пат правени според мега популарната Game of Thrones. За TWD немаше посебна тема, а многу често се спомнуваше насекаде, па еве за GOT една посебна тема во која ќе може да се збори за играта, за да не се труе темата за серијата кога ќе биде отворена.

Напомена:
  • Играта содржи спојлери од серијата, па доколку уште ја немате гледано, не се препорачува да почнете да ја играте.
  • За пишување на спојлери од книгите во темава важат истите правила како и во темата за серијата. Строго е забранета било каква дискусија за книгите, и истото ќе ви донесе бан.
Е сега кога го тргнавме тоа на страна, може да кажеме и нешто за играта :)

Дејството се одвива по завршувањето на третата сезона, а ќе заврши пред почетокот на петтата. Што значи дека ќе ја опфати целата четврта сезона. Во играта, играте со карактери од куќата Форестер. Куќа која се наоѓа на северот во Вестерос. Добро е тоа што ќе имаме интеракција со веќе познатите карактери од серијата, односно дел од играта е сместен во King's Landing каде ќе ги видиме Серсеи, Тирион, Марџери и други.
Се игра со три карактери, Gared Tuttle кој е штитоносец на Lord Forrester, Mira Forrester која е најстарата ќерка и слугинка на Марџери и Ethan Forrester третиот син на Lord Forrester.

Играта ќе излага во епизоди. Ќе има вкупно шест и би требало да излагаат на околу 2 месеци. Првата епизода веќе е излезена и можете да ја симнете.

Еве го и трејлерот:

На ГГ кога збореа за играва баш добро кажаа дека Telltale ги прават игрите за да може секој да се снајде и да ги игра, па не е битно дали сте гејмери или не, доколку сте фанови на серијата, вреди да ја изиграте :)
 
И на оваа игра таква ќе биде ,,графиката''?
 
Имам проблем!

Ја инсталирав и се тоа и отварам сега иконата што е на десктоп и ми вика регистирај се на telltale. Се регистирав, се најавувам и ми вика да ја купам играта или да ја исклучам.. Чаре?
 
Имам проблем!

Ја инсталирав и се тоа и отварам сега иконата што е на десктоп и ми вика регистирај се на telltale. Се регистирав, се најавувам и ми вика да ја купам играта или да ја исклучам.. Чаре?
Крак стаи
 
Да, таква ќе биде графиката. Играта е поинт енд клик графичка авантура, ко и сите игри на Телтејл, не им е целта да натрупаат енџин што ќе бара четиријадрен процесор и најнова графичка ко некои понови игри.
Инаку сигурен сум дека играва ќе биде одлична ко и The Walking Dead од нив.
 
JnXBpgO.jpg

И плус на Ремзи му реков Лорд Сноу а тој ми врати со нож в грклан. Сепак вредеше.

Инаку, ептен ми се допаѓа графиката, сите игри досега шо ги имаат изваено имаат свој различен стил, ама ова дефинитивно изгледа најдобро. И ептен добро изгледаат ликовите од серијата, а и војс актингот од глумците е топ.

Сега за сега е супер, само се надевам нема да напраат некоја глупост како со The Wolf Among Us да треба 4 месеци да ја чекаме втората епизода.
 
Последно уредено од модератор:
Инаку, ептен ми се допаѓа графиката, сите игри досега шо ги имаат изваено имаат свој различен стил, ама ова дефинитивно изгледа најдобро. И ептен добро изгледаат ликовите од серијата, а и војс актингот од глумците е топ.

Сега за сега е супер, само се надевам нема да напраат некоја глупост како со The Wolf Among Us да треба 4 месеци да ја чекаме втората епизода.

fala za spoilerite
 
И што сфати од тоа што го прочита на сликата? Ама ај, ете нека биде во спојлер.

Ne se zaebavaj sea i ti, spojleri se toa.

Ne go fotnav krajot kaj mene statistikata, ama me fati ne spremen u pm.

Odlicna prva epizoda!!
 
Ne go fotnav krajot kaj mene statistikata, ama me fati ne spremen u pm.
Го имаш во my choices.
Мал милион работи ме нервираат во играва, претежно мали багови/гличови што не беа присутни во walking dead.
И многу малце играње има за разлика од walking dead. Мада walking dead, и таа да ја играв кога излегуваше 1еп на 2 месеци ваљда и ќе ми изгледаше малце играње.
Се знае telltale што прават, повеќе е како филм, развој на карактерите, да се напињаш што треба да правиш impossible choices... и одлично си тераат со таа филозофија.
NbTCL9q.jpg
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Дали е можно единствениот крај да ми биде смрт ?
Уште на почеток го оставив овај Бовен и трчам накај 3-4 со стрели а јас со штит требит да се заштитам ама никако не ми успеват:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom