Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.553
- Поени од реакции
- 52.343
После серијалот игри за The Walking Dead кои поминаа доста успешно, а популарни се и кај членовите на форумов, Telltale Games ни носи нов серијал игри, овој пат правени според мега популарната Game of Thrones. За TWD немаше посебна тема, а многу често се спомнуваше насекаде, па еве за GOT една посебна тема во која ќе може да се збори за играта, за да не се труе темата за серијата кога ќе биде отворена.
Напомена:
Дејството се одвива по завршувањето на третата сезона, а ќе заврши пред почетокот на петтата. Што значи дека ќе ја опфати целата четврта сезона. Во играта, играте со карактери од куќата Форестер. Куќа која се наоѓа на северот во Вестерос. Добро е тоа што ќе имаме интеракција со веќе познатите карактери од серијата, односно дел од играта е сместен во King's Landing каде ќе ги видиме Серсеи, Тирион, Марџери и други.
Се игра со три карактери, Gared Tuttle кој е штитоносец на Lord Forrester, Mira Forrester која е најстарата ќерка и слугинка на Марџери и Ethan Forrester третиот син на Lord Forrester.
Играта ќе излага во епизоди. Ќе има вкупно шест и би требало да излагаат на околу 2 месеци. Првата епизода веќе е излезена и можете да ја симнете.
Еве го и трејлерот:
Напомена:
- Играта содржи спојлери од серијата, па доколку уште ја немате гледано, не се препорачува да почнете да ја играте.
- За пишување на спојлери од книгите во темава важат истите правила како и во темата за серијата. Строго е забранета било каква дискусија за книгите, и истото ќе ви донесе бан.
Дејството се одвива по завршувањето на третата сезона, а ќе заврши пред почетокот на петтата. Што значи дека ќе ја опфати целата четврта сезона. Во играта, играте со карактери од куќата Форестер. Куќа која се наоѓа на северот во Вестерос. Добро е тоа што ќе имаме интеракција со веќе познатите карактери од серијата, односно дел од играта е сместен во King's Landing каде ќе ги видиме Серсеи, Тирион, Марџери и други.
Се игра со три карактери, Gared Tuttle кој е штитоносец на Lord Forrester, Mira Forrester која е најстарата ќерка и слугинка на Марџери и Ethan Forrester третиот син на Lord Forrester.
Играта ќе излага во епизоди. Ќе има вкупно шест и би требало да излагаат на околу 2 месеци. Првата епизода веќе е излезена и можете да ја симнете.
Еве го и трејлерот:
На ГГ кога збореа за играва баш добро кажаа дека Telltale ги прават игрите за да може секој да се снајде и да ги игра, па не е битно дали сте гејмери или не, доколку сте фанови на серијата, вреди да ја изиграте