Мене една работа не ми е јасна: дали знаете колку од нашите дедовци или прадедовци биле во војна? Нема многу да згрешам ако кажам - скоро сите. Дедо ми бил во втора светска како момче во планина, потоа на сремски фронт каде грмело од пукање и гранатирање дење - ноќе. Тие генерации, и оние пред нив, виделе крв колку што ние не можеме да замислиме. Загубиле семејства, роднини, пријатели, живееле во разурнати домови...
И се прашувам, како бе тие не се истрауматизираа од ебаниот поствоен синдром, па 10 години подоцна да им пукне филмот и да потепаат кој им згрешил? Fun fact: нема човек што во 50те работел како милиционер, а да не бил партизан предходно. Fun fact 2: Ако овие луѓе страдале од ПВС, без никакви третмани и ни еден доктор што слушнал за таква работа, до сега еден од нас немаше да остане, со тој пристап до оружје ќе бевме див запад.
Сепак на крајот си мислам дека на овие луѓе им фалела даска пред 2001. Познавам нормални луѓе што беа во војната и тие си останаа нормални. Но во секој град има локални силеџии и сите ги знаеме. Некои од нив беа во војната и сега се на места на кои имаат пристап до оружје. Тоа е единствената разлика помеѓу нив и оние кои сеуште се маваат со шишиња по кафани и ноќни клубови.
Пост воен синдром, my ass.
Најпрво, грешни ти се две премиси на кои се базира целиот твој пост. Првата е дека сите учесници во воен конфликт страдаат од поствоен синдром (PTSD - Post-traumatic stress disorder). Втората е дека кај сите оние што страдаат од PTSD, истиот се манифестира екстремно, или како што имаш напишано, веднаш посегнуваат по оружје и епилогот се рандом жртви.
Во однос на првата премиса, никој не може со сигурност да каже колкав процент од учесници во одреден воен конфликт страдаат од PTSD, меѓутоа дечките од U.S. Department of Veterans Affairs извадиле статистика за некои поекспонирани воени конфликти во кои Америка била/е вмешана:
https://www.google.com/#q=percent+of+military+with+ptsd
Како што може да се увиди од линкот погоре, од воените ветерани во војната во Авганистан само 11 проценти се дијагностицирани со PTSD или приближно секој десетти. Верувам кога стигнавме до овој дел ти стана јасно зошто нашите дедовци и прадедовци не испоубиле се живо и диво после војната.
Ама океј, некој може ќе помисли и дека 11 проценти се значителна бројка и не треба да се занемарат. На крај краева ако секој десетти учесник во воен конфликт дивее и врши убиства, сепак станува збор за алармантен процент. Стигнуваме до втората премиса и манифестацијата на PTSD, односно дека не секој што страда од ова нарушување посегнува по оружје и е со нагони за деструкција. Всушност, случајот е ист како и со секое друго психичко нарушување, различно се манифестира кај различни луѓе. Еве еден линк околу тоа (прв што ми излезе на google):
http://psychcentral.com/blog/archives/2013/06/28/what-are-some-of-the-physiological-manifestations-of-ptsd/
http://psychcentral.com/lib/symptoms-and-diagnosis-of-ptsd
PTSD не е нарушување базирано на агресија, туку на страв. Според статистики од 2008 (за кои моментално не можам да најдам линк) убиство извршиле 121 војник-учесник во воените конфликти во Виетнам и Авганистан, што претставува низок процент и дискутабилно - занемарлив. Занемарлив (во контекст на дискусијава) поради фактот што не знаеме колкав процент од нив страдале од PTSD и дали тоа е причината за тој акт.
Јас мислам дека горе-долу сфаќам каква поента си сакал да доловиш со твојот пост, меѓутоа е тотално промашена. Мене ми е мило што последниве години се крева свеста околу менталните болести кои до скоро беа маргинализирани и со вакви размислувања како твоево - репресирани. Факт е дека човековиот мозок е во голема мера неистражен и долг период гребеме по површината, меѓутоа сме на добар пат кон обезбедување на поквалитетен живот.