Darling
High Value
Не се работи за тоа дали имало и добри и лоши сцени туку како е сето тоа поврзано во целина. Филмот треба да тече со некое темпо, да има некаква смисла, да биде една целина. Многу бесмислени сцени има, како на пример:
Гејл и Кетнис одат на реката, прават небитен муабет минута две, им ѕвони телефонот и Гејл вели: мора да одиме, не викаат.
И? За кој Тасе беше таа сцена во филмот? Нити нешто паметно рекоа, нити направија. Се прошетаа и мораа да се вратат зошто ги барале.
Сцената во центарот за обука на трибјутите што ја спомнав предходно? Како скратена со нож. Еве јас да бев режисер ќе покажев како ги наоѓаат Пита и останатите, па како се спасуваат за влакно, па емоциите на спасените, па на крај ќе го вметнам твистот. Со други зборови, ќе ја направам возбудлива. А не Гејл да ми прераскаже што се случило наместо да видиме сами.
Сцената кога бегаат качувајќи се по дрвата, те молам, дали е могуќеКако да остане човек рамнодушен на такви бурлески?
Песната во ред што е од книгата, туку што ја пеат како да сакаат да се најават дека доаѓаат од далеку, и она кога бегаат додека браната се руши тоа е врв на глупоќа. Ако беше самоубиствена мисија во ред, ама овие бегаат и после режисерот ни покажува кадар од далеку како демек се спасиле.
Тоа со скелетите што го спомна исто, без врска беше. А тоа Гејл што го раскажа како се случувало, да беше прикажано како сцена ќе беше многу силно.
Во болницата ништо не се случи, требаше да покажат сцени внатре додека ја бомбардираат од надвор. Наместо тоа ја покажаа Кетнис како трчкара наоколу со стрелата. Ја не знам каде го потрошија тој буџет.
Зошто ни го покажуваа Пита само на ТВ. Зошто не прикажаа сцени од Капитол, што се случува таму од прва рака? Освен една две сцени со прецедникот Сноу ништо не видовме.
Постојаното плачење на Кетнис по Пита ме потсети само на еден филм - Твајлајт.
Џулијан Мур како претседател кој држи говори - очобол. Хејмич трезен, исто. Најдобриот актер од сите во филмот со неколку реченици во цел филм. Па ќе ја изменам пола книга ако треба и ќе му дадам на Вуди минутажа.
Ова вака само од памет што ми текнува, имам сигурно уште толку за пишување. Обично се обидувам да уживам во филм и да не се фаќам за ситници, да му прогледам низ прсти, ама ова не се ситници ова е цел филм скоро...
Добра работа во сето ова е што откако го хајпнав пола форум за Интерстелар, сега ги оладив за Мокинџеј. Во секој случај е подобро да се гледа без очекувања, иако мислам дека ни тоа нема да им помогне.
Ајде, чекам коментари од типот: „Убаво ми кажа Ио да си седам дома...“![]()
Како ми скрши филм шо го чекам цела година не си свесен.
Ја сепак ќе го глеам на кино. Deal with it.
The Curse of the Trilogies е опасна работа. Секоја трилогија пати од тоа.
Како да остане човек рамнодушен на такви бурлески?


