Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Да не има некој некое инфо колкава е цената за пренесување на Англиска Премиер Лига?
 
океј де ете нека не е животна форма... во феноменална форма нека е, ама се гледа дека има одличен напредок во играта.. најдобар беше денес на терен без разлика шо промаши чиста шанса, на последниве две утакмици за англија "искина".. само шо уше се понаша "детски" :)

Ne mozhi da bidi nekoj vo fenomenalna forma koga toj istiot ne pravi nikakov doprinos vo igrata na timot. Sezonava e povekje na klupa\bolnica. Za Anglija me zabole, za Arsenal si zboram. Neka kazhi drug sho go prati vo Anglija. Toj, Welbeck, Chambers, Oxlade, Ramsey, Cazorla, Per, Nacho, Flamini za mene se igrachi koi sezonava ne treba da zemat plata, do sega. Neka ja dadat vo humanitarni celi.
 
Aбе, шо кажа Венгер на пресот ? Шо бидна со блефот, ќе поработи на покер фејсот а ?
 
Кога немате добра игра, а очајно ви треба гостинска победа, вас ви треба...
Брат дај земи си живот. И не онаков ко на нинтендо игрици.
 
Земи си ко на плејстејшн игриците, тие повеќе вредат. :cool:
 
Аце, нели ќе не плескавте бе :icon_lol:

@Mojso @mkgunner ама и играчиве ви се многу поштењаци. Се некој чист начин бараат да шутнат, да не згрешат, да не ова не ова. Во фудбалов треба малце и дрзок да си. Не како Вилшер онака да се втуруваш на секој ама шутни ја, рокни ја, качи му се на некој на грб, како мајки Терези ви се играчите. Не дека тоа е лошо ама не функционира така денес светов.

И ете новиот Анри зошто не е стартер во Манчестер. Ене на Руни колку му треба за гол. Многу малку. Овој секакви пети проба, тоа да, може ќе успее ама во дерби прашање е дали ќе имаш повеќе од една шанса.

позз и се глеаме на ОТ

Е ова е прав муабет. Арсен Венгер ги прави неговите играчи да изгледаат како путки, да ме извинете на израз. Све нешто се тртат, демек поштени се, со мозок играат или што знам... Затоа во последно време ги натртуваат кај стигнат. Па уште и топџии се кажуваат, они пиштоли на вода не се, од мочка правени лингури.
А Арсен Венгер мислам дека е зрел за пензија. Човекот се губи веќе, против - тактика не знае да стави, си живее на стара слава.

На крај, еве после 12 кола, вистина делува како Челзи да ќе освои. Лично сум неверојатно позитивно изненаден од Саутемптон. Другите екипи, пишав за Арсенал погоре, Сити како индивидуалци се одлични, како тим се рѓави, а Пелегрини е абдал, на којшто лека - полека му бегаат конците од раце. Јунајтед имаа тежок старт, најмногу заради повредите, иначе сигурно би имале повеќе бодови. Догодин здраво ќе се гризаат со Челзи. Ливерпул и Арсенал мислам дека догодин не треба да играат ни во Европа Лига, само се брукаат.
П.С. Едвај го чекам 8 декември, дерби Саутемптон - Манчестер Јунајтед (Куман вс Ван Гал, демек многу се мразеле).
 
Е ова е прав муабет. Арсен Венгер ги прави неговите играчи да изгледаат како путки, да ме извинете на израз. Све нешто се тртат, демек поштени се, со мозок играат или што знам... Затоа во последно време ги натртуваат кај стигнат. Па уште и топџии се кажуваат, они пиштоли на вода не се, од мочка правени лингури.
А Арсен Венгер мислам дека е зрел за пензија. Човекот се губи веќе, против - тактика не знае да стави, си живее на стара слава.

На крај, еве после 12 кола, вистина делува како Челзи да ќе освои. Лично сум неверојатно позитивно изненаден од Саутемптон. Другите екипи, пишав за Арсенал погоре, Сити како индивидуалци се одлични, како тим се рѓави, а Пелегрини е абдал, на којшто лека - полека му бегаат конците од раце. Јунајтед имаа тежок старт, најмногу заради повредите, иначе сигурно би имале повеќе бодови. Догодин здраво ќе се гризаат со Челзи. Ливерпул и Арсенал мислам дека догодин не треба да играат ни во Европа Лига, само се брукаат.
П.С. Едвај го чекам 8 декември, дерби Саутемптон - Манчестер Јунајтед (Куман вс Ван Гал, демек многу се мразеле).
да, дека не се согласуваат точно е тоа, од времето кога Ван Гал бил ДоФ во Ајакс а овој менаџер, негде 2003, 2004та треба да биде тоа а сликава со hall of fame :D на Бастерд е постара.
 
Тоа што го изгледав до 76 минута (оти после морав да излезам) денес ова беше пораз на Арсенал на победа на Јунајтед, без шут на гол не победија. Но многумина од нас не беа изненадени, како запишано да е негде дека баш кај нас Јунајтед мораше правата гостинска победа да ја оствари.

Имаме и повеќе од доволно пишувано за комплексите на Арсенал во однос на Јунајтед и веќе е премногу очигледно, некња кога реков дека има само една причина зошто Арсенал не може да го победи Јунајтед се испостави дека сум бил во право, и на најдобра игра, еден куп шанси, психичката бариера е преголема.

Венгер мора да замине, оваа форма е премногу лоша дури и за тим кој атакува на четврото место, еве не мора да не замине на сред сезона, нека не доводи и оваа сезона и нека замине, нека замине за барем да останеме да го памтиме по убавите работи.

Сепак секоја чест и на Јунајтед, со оние играчи во одбрана сепак изиграа сосем солидно, тактички добро поставено баш како што сакаа, како што кажа некој како победите на Ферги на времето кога Арсенал стално доминираше и си одеше после без бодови.

А Велбињо, он е само еден просечен напаѓач, ништо повеќе и нема да биде. Жиру може не е светска класа но за Велбек е измислен.

Многу тежок и лош пораз, едноставно не можам да замислам како може нешто да се поправи, со што и на кој начин.

@Ilumious барем беше во право за Жиру дека е опасен по нивниот гол.

Искрено прашање до навивачите на Јунајтед, колку од вас знаеа дека нема да изгубите после првото полувреме, јас верувам едно 80% беа сигурни дека немаше да ве победиме.
 
@Bateman кога влезе Жиру мислев дека ако дадете гол готово е, ќе ги фати паника нашиве и ќе дадете уште еден. Затоа што е опасен од прекин а таму сме ранливи, поготово утакмицава зошто МекНер и Блекет се почетници.
А за на крај од прво до негде во право си, знаев дека на контри ќе ве чекаат зошто цело време кога ќе ви ја земевме топката од наш шеснаесетник/пред шеснаесетник Ди Марија трчаше и без топка нагоре, не одеа да ја изградат играта, да ја вртат топката. Мислам дека на тоа целеше Ван Гал на полувреме зошто само еден стопер ви седеше позади кога сите ви одеа all in за да го дадат гол на 0-0. Језда бевме очајни ама имаме индивидуалци во Руни, Ди Марија, Перси колку и да е тапа знае да направи потег некој, Фелаини ене изненадува со трчањено сегде го има.. не можеш на дербиња така со сите напред, тука мислам дека беше запишан во тефтерот Венгер.

Монреал не знам како игра за Арсенал, исто и Артета треба да му се најде партнер и да има епизодни улоги, не може само тој да држи средина веќе. Чемберс е супер, исто и Окс, само на вториов константност му фали. Сеа Велбињо што ќе прави кога ќе се врати Жиру во топ фитнес, крило или клупа? :)
 
Ќе побараш Картере, кога до нова година ќе имаме се на се пет/шест победи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom