До сите оние кои планираат да одат на Mockingjay: останете дома! Потрошете ги парите на друг филм. Ако веќе сте купиле карти, подарете ги на некој што го мразите, или барем генерално ви оди на нерви. За мене е доцна, но вие сѐ уште можете да спасите два саати од вашите животи.
A првите два да не беа добри случајно? Општа катастрофа се и двата. Третиов го немам гледано, ама ти верувам, и најверојатно нема да ја правам истата грешка и да го гледам, само ќе си упропастам впечатоци од книгата.[DOUBLEPOST=1416675862][/DOUBLEPOST]
A првите два да не беа добри случајно? Општа катастрофа се и двата. Третиов го немам гледано, ама ти верувам, и најверојатно нема да ја правам истата грешка и да го гледам, само ќе си упропастам впечатоци од книгата.
Без разлика дали сме во онаа група на која и се допаднале првите два па го очекувале третиот со нетрпение, или во онаа група на која не и се допаднале филмовите воопшто... првите два филма се Кум 1 и Кум 2 во споредба со третиот.
Без разлика дали сме во онаа група на која и се допаднале првите два па го очекувале третиот со нетрпение, или во онаа група на која не и се допаднале филмовите воопшто... првите два филма се Кум 1 и Кум 2 во споредба со третиот.
Погледнете го подобро, или побарајте го во поголеми димензии и уживајте малку во него. Затоа постерот е единственото што вреди во ова фијаско од филм, а згора на тоа и бесплатен е.
Јас како фан на предходните делови не можев да бидам поразочаран од тројката. Толку беше лош што морав веднаш да се фрлам во спасувачка мисија на форумов и да предупредам луѓе да не се изложуваат на трошок и нервози. Освен ако сакаат да видат како не треба да изгледа еден филм. За тоа претпоставувам може и да се одвои време, во име на науката.
Значи од која страна да го затепам попрво и сам не знам. Да почнам од сценариото: се што се прикажа во филмов лесно можеше да се прикаже во 20 минути. Ништо не се случува. Ама ништо. Дејствието едвај малку се помрднува нанапред од вториот дел. Кому му текнало да ја подели втората книга во два филма треба да одговара за измама и да враќа пари на народот.
Филмот упорно турка на емоции, како во првиот дел, но овој пат поради погрешен агол кој го земале одговорните, ни една емоција не допира до вас, а наместо тоа морате да ја трпите Кетнис како цмиздри цел ебен филм. Значи како не и се смачи и сам не знам. А за дел од тоа што викам дека филмот е сработен од погрешен агол морам да го ставам во спојлер:
Прво и најважно, сите сцени кои можеа да направат филм од ова, не се во филмот. Требаше да ја почувствуваме суровоста на Капитол? Па зошто не покажаа како го бомбардираат Дистрикт 12, туку ни ги покажаа само рушевините? Се што се случувало таму Гејл ни го прераскажа во 2 минути. Зошто наместо да покажат како ја бомбардираат болницата, ни покажаа експлозија однадвор. Зошто немаше ни една сцена со интензитет на онаа со камшикувањето на Гејл во вториот дел? Ниту еден актер-негативец да одработи како тој капетанот во двојката.
Понатаму, трагично склопени сцени, како онаа во која луѓето бегаат пред полицијата, со план оние што се најнапред да се качат на дрвата побрзо од мајмуните во Planet of the Apes (при што избегнаа 10000 куршуми зошто полицајците не можеа да ги погодат од 10 метри), па да фрлат бомба врз нив извикувајќи јуначка парола. И да беше тоа се, не беше- сценава завршува со извикот, нит се гледа aftermath, нити дијалог, ништо... Полоша од оваа беше сцената во која толпата се движи кон браната, пеејќи ултра-глупава песничка на Катнис, со план да изгинат за да ја дигнат во воздух (што е во ред) но во моментот кога ја дигаат во воздух бегаат како да може да се побегне од браната што се руши директно врз нив. Генијална замисла!
И сцената во центарот за обука, кое купување време Одат од соба до соба, ќе подотворат врата, ќе фрлат од тоа спрејот. Нема ништо таму. Па следна соба, истото. Па следна, па следна... и си викаш нешто ќе се случи на крајот. А крај нема, ништо не се случува, се враќаат назад и Гејл пак раскажува што направиле Како да не можеа таму да покажат како ги спасуваат трибјутите па како се извлекуваат.
Врвот сеуште не е достигнат: Сцените со пропагандата. Немогуќе, ама целиов филм е филм за снимање пропагандни клипови. Па пола филм поминува во тоа како Катнис ќе застанела, што да кажела, па заврти се наваму, гледај натаму... Таа кутрата освен што се утепа од плачење ништо друго не направи во филмот, покрај тоа што испука вкупно една стрела и го престигна Рамбо во ефикасност. Тој кутриот само едно Апачи сруши а таа две хај-тек леталици. Тука не мислам да хејтам пошто знаеме за Холивуд и акцијата. Лошо е што немаше повеќе стрели и акција, тоа колку толку ќе го извадеше филмот. А кај немаше акција правеа бучава со леталиците, веројатно за да мислиме дека нешто кај и да е ќе се случи.
Како љубител на дистописки филмови морам да кажам дека ме изеде срам од сцените со говорите и митинзите. Толку очајно лоши говори не памтам да сум видел, она кога скандираат дури и смешно е. И целата скрипта има ужасни дијалози, ужасни.
Покрај сето ова, филмов нема никакво темпо, како рандом сцени прикачени една до друга. Нема почеток а нема ни крај, стои во место цело време. Глумата ако се исклучат ликовите на кои навикнавме е лоша, почнувајќи од Марџори од Гејм оф Тронс, кој ли и даде улога... Хејмич и Ефи ги нема никаде цел филм, по нешто ќе гугнат колку да не заборавиме дека се присутни и тоа е се од нив. Од Кетнис требаше да направат лидер, а направија мрсулеста плачка. И на крај, кому му е гајле за Пита, драга Кетнис, ако питата не е со сирење и со јогурт?
На крајот ќе беше подобро Гејл да ни го раскажеше филмот во 5-6 минути, или јас да ви го раскажам и да ве куртулам.
Седете си дома, имам чувство дека на мал екран помалку мани ќе забележите.
Оцена 1/10. Asylum продукција подобри филмови имаат.
Па не се слагам во целост со тебе. Имаше лоши и претерани сцени. Како на пример кога Кетнис ги виде сите тие скелети во 12-от Реон. Беа поставени во некоја неправилно-невозможна форма односно тука имаше лоша компјутерска обработка. Па и белото куче беше надвор од контекст.
Како и сцената кога го вратија Пита (не би го нарекол киднапирање затоа што тие внатре во Капитол знаеа за “тајната“ мисија). Премногу го збудалиле. Во книгата не е баш така прикажано.
Но имаше и добри сцени. Имаше реален приказ на дел од нештата прикажани во книгата. Како на пример бомбардирањето на болницата, нејзините емоции, паниката, отпорот па и неколкуте акции над површината.
И песната беше во склад со филмот. Прво нејзината соло изведба, помогната од Могинџеите, потоа приказ во авионот (песната оди во позадина) и на крајот народот кој оди да подметне динамит во браната. Целта на таа песна (која е копи-паст од самата книга) е приказ да тиранијата и крвавото владеење на Капитол.
Во суштина, книгата е далеку подобра од филмот и сметам дека секој љубител на овој жарн книги треба да ја прочита истата, како што мислам и дека секој љубител на овој жарн филмови треба да го изгледа овој филм.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.