@
ALF!!! Ајде со среќа и нека се угоде!
Кажи само ме интересира колку ќе треба да доплатиш за да имаш повеќе од една година гаранција?
Инаку во врска со негативните ставови за Нео овде, само да нагласам дека
лични мислења се лични мислења. Ова е јавен форум и разговараме за лични мислења, кои се разбира ги поткрепуваме колку што е можно со факти и докази.
Еве јас лично, не можам да разберам зошто некој би ризикувал „мачка во вреќа“ за разлика од некои таму 4илјади денари (
до 29 илјади колку што кошта уред од докажан произведувач, уред за кој со сигурност му се знаат перформансите на пониски температури). Кога ќе се додат и парите за „редовен сервис„, кои мора да се платат за уредот да има гаранција, пошто 1на година гаранција е смешка и заебанција... мислам и дека не е легално. Колку што знам со закон е обавезно гаранцијата да биде минимум 2 години за ваков вид на уреди.
Потоа тука е и трајноста и животниот век на уредот. Нео се склапа во Бугарија со најевтини делови, нешто од тоа може и да се „погоди„ потрајно... ама како што се кажа сето тоа е „мачка во вреќа“. Ајде да е 50-70% поевтино, тогаш можам да разберам... ама за оваква ништожна разлика е тотално неисплатливо.
Не е дека овде се прави реклама на некои брендови/фирми, еве јас конкретно сега привршувам со фасада и веднаш потоа ќе ставам 2 различни клими, од 2 различни производители, од 2 различни продавници. 2та уреди се прилично различни по цена, нормално и квалитет, и знам точно што да очекувам од секоја од нив.
Не велам дека никогаш не би земал Нео, кога на пример 12000БТУ би коштал некои... еве 13-15.000ден тогаш можеби би размислил. Ама за 25.000+Х.ХХХден никако не би дал за Нео (колку за „гаранцијата„? 20е * 4год = 4.800ден?)
Значи ова е мое лично мислење, а земенето ете нека се угоде и со среќа да се користи.