ДК
Битен фактор е со каква дружина идеш да гледаш некој филм на кино или воопшто со кого гледаш филм.
Пример завршува филмот и така сите под импресии си идат дома, никој не знае што се десило, никој не бара одговори, никој не отвара дискусија, битно сите се задоволни и сметаат дека филмот бил вау.
Поминуваат 15 минути веќе фејсбуците по телефоните се отворени и филмот е во заборав, а јас упорно чекам да видам дали некој ќе каже нешто дур ги мотам нејасните сцени низ глава. Дур се замаени со некој безвезе муабет се убацувам од нигде онака погласно - Јебига тој plot hole никако да го решат во филмовиве. Во истиот момент им делувам јас на нив безвезно и чудно им што сеуште се замарам за филмот. ОК успевам на некоја дискусија да ги наведам лека полека, нешто се решава нешто се докомплицира.
Нема везе, вајда поентата на филмската уметност е покренување на нови прашања, можности и интеракција помеѓу гледачите, носење свои тези, свои мислења, контрирање и слично. Без тоа што би вредела било која уметност? А уметникот/режисерот сигурно нема да ти го каже штосот, иначе џабе го направил филмот/делото.