Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
На овој ден во 1944 година Скопје било ослободено од фашистичката окупација. 70 години подоцна, Скопје и Македонија се под уште поопасна и поболна окупација. За жал,овој пат тешко дека ќе се ослободиме.
Од своите си патиме !

 
Не гледав Скопски Фестивал, ама наместо тоа гледав филм. Е сега најголем проблем ми е кога за некој филм сум сигурен дека е нешто веќе видено и нема да ми се допадне, ама сепак го гледам заради тоа што сум му ветил на некој што веќе го гледал дека ќе го изгледам и ќе споделам мислење. Во случајов Divergent ми го препорача девојче што ептен го почитувам, па морав, ама ќе треба да ја разочарам малку, женски филм е некако.

Инаку мораш да го слушнеш ова, You have to fucking eat, аудиокнига со нарација на Брајан Кренстон, човекот е легенда.
 
Passed down to you...
Знам дека не е дозволено тука да се цитираат мислења па ќе пробам некако да го заобиколам законот ептен од околу, па сеа како реши администрација тоа е веќе виша сила. Само да се надоврзам на постот на Калебот Аце, јер тоа што тој го спомна ме потсети на неколку случки во прошлоста.
Со текот на животот учиш многу... Учиш кога да и` ставиш патент на устата после толку попиени шамарчиња, како да постапиш во незгодна ситуација после толку попиен срам, како да помогнеш после оној пат кога тебе ти било многу тешко. Така е и за бирање на друштвото.
Буквално не постои пишано правило како ќе изреагираат луѓето после изгледаниот филм, посетената културна манифестација. Учиш од неколку искачања, перцепираш кој како ќе го апсорбира оноа што тебе ти создава задоволство кое драге воље после тоа сакаш да го споделиш. И отом потом ги оцртуваш границите, формираш свои групи со кои би можел да праиш едно нешто, после тоа калкулираш онаму каде најмногу се совпаѓате. Оттука молчењето е the mother of all fuck-ups. Те ставаат буквално у пат позиција и навистина и не знаеш што со нив. За да го разбиеш тој moment of awkwardness, рутинска вежба за разијање мраз и почнуваш прв. Уметност е тоа побогу тука постојат бесконечно многу вкусови. Не реков став, затоа што за тој се базира на гледиштата кои ти си ги накалемувал со години и години.
Ме иритира тоа што неколку пати сум се обидел со некои дотични ликови да отидам на претстава/филм/културолошки `епенинг, а после тоа муабетите се сведуваат вртење на празна воденица и тоа како животот е глуп. Па глуп е бе, кога не си ја муќнал малце главата и одиш на претстава само за да бидеш виден. И затоа никад више не ги викам таквите.
Ама затоа постои една мала група од 5-6 души со кои секоја претстава ми е задоволство за споделување. Don't get me wrong, не секоја дешавка се погодила топтан, ама со такви луѓе знаеш дека работата ќе биде добро, бидејќи тоа е таа бранова должина на која ви легнуваат душите и комуницирате во еден здив, со еден поглед. Звучам ко нараторот од HIMYM, си ебав векот.
so says Saladin.
 
Досадно кајги
ти што правиш како си?
дај клајте чат барем да тепаме време вака кога нема што да правиме
 
Сите зборат никој ништо не прави.
 
Драга, здраво после долго време ти пишувам. Разочаран сум до даска, и ќе се сетам на еден цитат кој го прочитав некаде по нетов „Животот не е фер„ . Нека иде све у пм. Пробам да се расположувам со музика, но не помага.

 
Драга

мрза имам... од ладново само сакам блиску до шпорет и пред телевизор. И нешто благо.
Ќе ми снема пари, па ќе ме снема од кајгана, и во 4 и пол сабајле, со ќебе пред компјутер ќе работам. Како индијанец.
 
Во понеделник во 12h на платото на УКИМ почнува Студентскиот марш против екстерното тестирање и потребна е бројност.

Не киснете по кафиња, сите сте засегнати.
Парите инвестирани во образованието секоја академска година можат со еден тест да пропаднат во вода, неотповикливо. Никој нема да ви ги врати средствата дадени за упишување семестри, книги, уплатници и обрасци, сместување, храна, превоз и така натака, а усвојувањето на законов може да ве остави без диплома.
Бидејќи повеќе боли по џебот отколку по достоинството, направете ја математиката колку пари биле вложени во вас/вашите деца, ќе сфатите зошто е важно да се појавите :)

Изволте мапа, соберете што повеќе пријатели и се гледаме во понеделник.
 
Драга...

... "Рики, шо студираш? - Историја. - Ееее ај кажи што бил Александар Македонски, Грк или Македонец?!".

Да. Пошто... ако одговорот беше да заокружиш под еден или под два, ја ќе го учев тоа у два семестри, ќе толкувавме извори, ќе дискутиравме теории и ќе пишувавме книги, за јас да бидам тој што ќе ти каже дали е едното или другото. Можам да ти напишам огромен пост, али џабе. Пред да го одговориш тоа прашање, треба да одговориш мал милион други, кои не можеш да ги одговориш ако не си обучен да ја изучуваш науката, а можеби ни тогаш. Затоа од дното на душата ги мразам оние што се маваат у гради, а и оние кои имаат омраза према нашата нација, само пошто не им се свиѓаат оние кои владеат со едните или другите, па затоа водат некаков инат кој ни самите себеси не си го признаваат. Гнидо никаква, пошто ти си најгласен, мислиш дека си у право и дека тебе сите треба да те слушаат, а дека тие кои само ќутат и те посматраат што збориш, дека немаат против аргумент пошто не знаат ништо друго? Не е дека не знаат, драг мој дибеку. Не зборат пошто од внатре си маваат психолошки фејспалмови 20 пати у секунда дур те слушаат какви глупости тресеш.

Затоа, секој кој ќе ти каже "Македонец бил!' или "Грк бил!", полека, но сигурно, оддалечи се од него. Има одговор, се појасен и појасен станува. Се што останува е еден мал доказ да се најде, па се ќе биде разјаснето и со него сите чворови ќе се разврзаат. Ама! Ама до тогаш ќе постојат само теории, теории на кои ти како интелигентен човек ќе одлучиш на која да се приклониш повеќе, или ќе водиш инает пошто си искомплексиран од нешто трето.

И за крај, во секоја дискусија треба да бидеш објективен. Јас лично сум приклонет кон теоријата која е поблиска на нашата страна (читај ги внимателно зборовите "приклонет" и "поблиска"), од научни причини, а не пристрасни пошто сум израснат тука. Но сепак имај ја на ум следнава реченица која секој научник треба да ја има испринтано, урамено и закачено на ѕид до него дур проучува нешто: "Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината". Односно просто кажано, ако некогаш откриеш нешто што не би било во полза на твојата теорија, не го криј тоа. Пошто така би бил мал човек без вредност, стануваш пиунче во светот на дипломатските игри, бездушно тело кое само плови по светот на auto-pilot, го поминува животот "онака" пошто се десило он да е тој што постои наместо другиот сперматозоид, и на крајот умира, оставајќи го истиот простор како што би бил доколку тој не би постоел воопшто.

Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината. Think about it.
 
Кеј

Гледам погоре се жалат за коментирање и (не)споделување импресии по културни манифестации.

Мене пред малку ми рекоа дека многу е 100ка за претстава и пре би ја дале за кафе. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom