НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не тресете зелени, Мајами можи губеше од физички екипи како Чикаго ама со таа периметарска и агресивна одбрана колку загубени топки изнудуваа од противниците и колку кошеви од контри даваа...
 
Одбраната му беше силна бидејќи имаа многу подвижни и физички силни играчи каде одлично чуваа "еден на еден" а не дека Сполстра имал којзнае каков систем..односно како што пиша Xsago Мајами беа поагресивни назад и затоа изгледаше дека имаат јака одбрана,и голем дел од натпреварите во плејофот му се прогледуваше низ прсти од судиите што се однесува до прекршоците
А каков систем треба да имаш за во одбрана? Топла вода да измислиш? Мајами имаше одличен систем во одбрана, со многу подвижност и многу покривање од страна на пасивните играчи. Страна на помош = перфекција, мислам дека ниеден тим во НБА не можеше да стига до толку на страната на помош. Ама кога го имаш Вејд, Леброн, Бош, Батие, Чалмерс, нормално дека ќе стигаат брзо, сите играчи се преподвижни за нивната позиција. Плус многу јака ствар им беше агресивното искакање на противничките пик енд ролови, каде го удвојуваа плејот, а останатите тројца во одбрана идеа агресивно на прв пас. Затоа Мајами правеше многу контри и имаа многу лесни кошеви.
 
Одбраната му беше силна бидејќи имаа многу подвижни и физички силни играчи каде одлично чуваа "еден на еден" а не дека Сполстра имал којзнае каков систем..односно како што пиша Xsago Мајами беа поагресивни назад и затоа изгледаше дека имаат јака одбрана,и голем дел од натпреварите во плејофот му се прогледуваше низ прсти од судиите што се однесува до прекршоците

se glea deka ne si gi pratel miami....so vakov komentar[DOUBLEPOST=1415643677][/DOUBLEPOST]Znaci najaka strana vo odbranata im bese rotacijata...bezprekorno pokrivanje,fokus dvizenje celo vreme ginenje...znaea kako disat se dvizea ko eden covek....toa retko se glea...eden na eden bile jaki :( sudiite gi napraile sampioni :(

Ali za seto toa bea potrebni mn zrtvi...i zatoa Wade ke mi bide najgolem igrac...poso go ostavi egoto na strana...i mn zaboravija na toj fakt i go serea,a ne sfajkaat kolku treba da si golem za da sogledas nekoi raboti...posebno vo toj Egoisticen svet...
 
Последно уредено:
Памтам Џереми Лин во Линсанити периодот кога 25-30 поени 10тина утакмици по ред ги редеше.. Мајами кога дојдоа на ред.. 1-10 шут од поле имаше со 8 грешки
 
Ама зашто се потпираш само на статистики? Еве пример Индијана и Мемфис биле на првите две места и што направија? Брада...
Нема везе бројките, они во одреден дел од сезоната стандард си се чуваа за плеј офот и си губеа утакмици од некои многу послаби противници. Нема шанси Мајами да играл слаба или “не којзнае каква“ одбрана. Напротив, одбраната им беше најголем адут со тоа што имаа тројца суперѕвезди во тимот кои можат да решат утакмица било кога.

Статистиките само го потвруваат она што се случуваше на теренот не се измислени тие. Ај да си измислуваме дека најјака одбранбена екипа биле, само затоа што титули освоиле. Значи да не се сфатиме погрешно, не реков дека биле слаби во одбрана Мајами туку дека не беа ништо посебно. Комбинацијата на страшен напад со солидна одбрана е тоа што им ги донесе титулите, а не одбраната.

И не знам каква врска има ова муабетот со Мемфис и Индијана. Не направија ништо посебно бидејќи имаат катастрофа напад (особено Индијана), а не затоа што одбраната не им беше страшна. Не реков јас дека беа појаки како екипи, туку дека имаа појака одбрана. Ако имаа јак напад и тоа како ќе имаа големи шанси за титула. Ама немаа.

За титули треба да си барем солиден и во двете (не мора топ 3). Има некое генерално правило што помалку или повеќе секогаш се покажува како точно (не дека е правило ама така секогаш испаѓа): Вистинските кандидати за титула отприлика се во топ 10 и во напад и во одбрана. Ме мрзи сега да проверувам, ама ако добро се сеќавам единствен исклучок беше една од титулите на Лејкерс кога Шек и Коби, сите други беа освоени од тимови кои беа приближно топ 10 и во напад и во одбрана. Е сега кај некои појака страна била одбраната (Бостон, Детроит), кај други нападот (Лејкерс, Мајами, Далас). Единствено кај Сан Антонио тешко може да се определи која им е појака страна за последната титула (за поранешните и тие беа доминантно одбранбена екипа).[DOUBLEPOST=1415651343][/DOUBLEPOST]Уште нешто. Одбраната е комбинација на системот и ефектот на играчите во тој систем. Ниту еден одбранбен систем сам по себе не е појак од другите. Зависи од тоа колку можат играчите да го егзекутираат. Мајами играше агресивна одбрана со излегување напред на високите играчи на пик енд рол (blitzing) и поставување "стапици" (traps). Знам дека не го сакате Сполстра ама тој има голема заслуга што сфати дека единствен начин неговата екипа да има солидна одбрана е со таква агресивна игра каде ќе ја искористи атлетоста на своите играчи. Реално до толку агресивно не се сеќавам некоја екипа да играла во минатото пред Мајами. Играчите ја имаат заслугата што одлично ја изведуваа стратегијата. Арно ама одбраната не е само украдени топки. Важен дел се и дефанзивните скокови и rim protection. Е тука Мајами беше слаб, особено во скоковите.

Само за споредба, од друга страна сосема спротивна е одбраната на Тибодо (која ја применуваат и други екипи). Еве тие што се за Чикаго можат да ви објаснат за "ICE". Е таму не е целта да се биде агресивен, напротив конзервативно се брани пик енд рол се со цел да се затвори максимално рекетот и да се отежнат влезовите и положувањата.
 
Последно уредено:
Мерак ми е да читам коа пишувате еј , само за на ESPN сте :D
 
a57YoWB.png

:ROFLMAO:
 
Имав ли Веро одбрана виа Сиксерси , шо би рекол Тони или да не речам Део

Не играше Ноел, а и им тргна шутот уште од почеток на Торонто. Без Ноел се слаби во одбрана, ама со него се ок, подобри се од лани. Нападот е друга приказна... Ајде во четврток би требало да се вратат и MCW и Noel па ќе видиме како ќе изгледаат децата :)
 
Не играше Ноел, а и им тргна шутот уште од почеток на Торонто. Без Ноел се слаби во одбрана, ама со него се ок, подобри се од лани. Нападот е друга приказна... Ајде во четврток би требало да се вратат и MCW и Noel па ќе видиме како ќе изгледаат децата :)

Против кои?
 
Првата добра, да не речам страшна партија на новата тројка. Дејвис пак на ниво. (y)
 
Ajaaaaaaaa triple-double бре бреее , ги пишав и Леброн и Ирвинг + у кладилница , границата за Леброн беше 25.5 а за Ирвинг 20.5 , и искочија , а не бев сигурен за Ирвинг ...далиии конечно почнуе да функциунира "новата 3ка"
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom