Пред да се одлучам за мултисплит многу бев загреан да ставам пумпа воздух-вода во комбинација со радијатори кои веќе ги имав поставено...у разговор со дечкиве од Грее ми рекоа дека воздух-вода пумпа, било да е во комбинација со радијатори или подно (или комбинација од двете заедно) обавезно мора да постои Puffer, Bafer, Tank, или по нашки бојлер(akumulaciski) со изменувач за да биде економично греењето.
Значи покрај пумпата требаше инвестиција и во Пуфер, плус и некој фенкојлер па цената рипна до плафон.
Тој бафер е потребен за подното греење за да обезбеди доволна количина вода т.е. проток кој мора да го има во цевките, а за радијаторите (овој дел е интересен) ке обезбеди температури на водата до 80Ц. Има бафери што можат да чуваат вода и од 90 па и 100Ц. Знаеме дека воздух-вода пумпа(оние ефтините

) загреваат вода до максимум 50Ц (ова на +7надвор) во ладните денови може и најмногу 35 да е таа вода...затоа пумпите имаат и вградени елетрични греачи со мала моќност 2-6KW доволни да таа Т на водата од 35-50Ц ја подигнат до 80Ц. Ова догревање би се случувало обично само навечер на ефтина тарифа COP2

кога е и најладно. Пуферот кој е со количина пример од 200 или 300литра и добро изолиран лесно ке ја задржи таа Т=80 до утрото кога ке треба да почне да загрева системот. Тука сега настапува мешачкиот вентил
кој таа вода што ја загрева пумпата на 30 или максимум 50Ц зависно од температурите надвор ја меша со водата од Пуферот и на излез према радијаторите се добива Т од 60или 65Ц (како ке се подеси вентилот) доволна за загревање на радијаторите. Овој мешачки вентил може да биде и со мотор и електроника и температурни сензори заради автоматика но се и многу поскапи.
Употребата на Пуфер Бафер или како сакате кажете го кај нас ретко некој да го користи (освен оние што имаат соларни панели) а причитав дека заштедува и до 30%. Овој систем на загревање на вода во Бафер преку изменувач го викааат Индиректно загревање или INDIRECT HOT WATER HEATER. Може да се користи во комбинација со било каков извор на греење значи немора да е топлинска пумпа може да е ел.котле или на дрва.
Приближна шема на системот би изгледала нешто слично на оваa слика:
Тоа означено како Boiler е изворот на греење(пумпата) кој загрева своја (мала количина) вода и ја циркулира во изменувачот во бојлерот што доведува до загревање на околната вода во бојлерот. Од излезите горе на бојлерот излезот обележан со Hot water Outlet кој одма би се споил со вентилот за мешање како прв крак, повратот од радијаторите т.е. ладната вода делумно би влегла во бојлерот а дел во мешачкиот вентил како втор крак и третиот крак би идел према радијаторите како довод.(Не сум сигурен дали баш вака се изведува

)
Незнам цени овде но по нет од тоа малку што гледав вентилот е од 40 до 200еу зависно дали е без или со мотор, бафери има српски и по 400еу па нагоре за 200литарски...цената им расте според квалитетот на материјалот на казанот и литражата. Негде грубо 1000евра за квалитетен бојлер со вентил....дали вреди инвестицијата за тие 10-20 дена со минусни температури кога климите не би работеле? Лично сум осетил дека за 15-20дена со ел.котле и радијатори може да се набилда сметка за струја колку што некој цела зима ке се грее на дрва па логиката ми е, или пари за баферот или за ЕВН

Ако некој користи бафер или има информации нека сподели, се мислам со електрично котле у комбинација како би се извело и колку би се заштедило на овој начин и ако знаете добри парнаџии да работат парно со бафери.