Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.237
- Поени од реакции
- 37.867
Ова е топ работа, ама само во комбинација со подно греење низ поголемиот дел од од станбената површина.поседна работа што како опција за централно греење почна некако да се имплеметира кај нас, е инверторски ситем за топловодно греење (радијаторско или подно) оваа година ако стегне ладно како што “ветуваат“ експертите, ке дознаеме дали конечно ке можат луѓето да се згреат или не, но по она што го видов како резултати од ланската година, очигледно дека на -15 е последната граница за функционирање на тој систем...
Така целата подна температура е грејно тело, и за греење е доволна и темепература на водата од 30-40 степени целзиуси. Огромна разлика е во ефикасноста на работата на топлинската пумпа кога треба да загрева вода на 30-40, или на 60-80 степени како што треба за класични радијатори, или за фен којлери (кои се приказна за себе, од аспект на неисплатливост).
Уште не можам да си опростам на себе си како преклани не поставив хидропонска инсталација, кога ја ставав кошулицата.

Кај мене баш сега се става фасада, екипата што сега работи се топ. Претходно почна друга екипа... не сакам сега да разглабам за тоа, само ќе кажам дека одамна така не сум се изнервирал. Планирам да отворам одделна тема за искуства со мајстори, а инспирација ми е токму искуството со лузерите што првично требаше да ја работат фасадата.Сите ѕидови се сендвич (цигла(12ка)-тервол(5цм)-цигла(12)) но немаат надворешна фасада.
Освен решението за грееше сакам да поставам и фасада на спратот кој го опремувам и би бил благодарен доколку имате да препорачате некој мајстор или да ми посочите како се движат цените за метар квадратен. Исто така доколку препорачувате греење на дрва пожелно е да препорачата и мајстор за иградба на оџак.
ПС дали некој од вас овдека знае да ми објасни какви се тие печки за етажно греење.
Како и да е, утре сум зафатен ама задутре (или друг ден) може на ПП да се договориме да дојдеш кај мене да ги видиш како работат и евентуално да си направиш муабет за се што те интересира. Кај мене засега искуството со нив е прилично позитивно, многу професионално си ја работат работата.
Иначе печки за етажно греење, ти се печки на дрва кои имаат котел во нив, таму се грее водата која потоа се спроведува преку систем за централно греење (цевки, радијатори, и пумпа за да ја циркулира водата).
Тој термин „етажно греење„ ме нервира малку што го форсираат (препишуваат) продавниците, пошто некој српско-бугарски термин е. По нашки си е „систем за централно греење„.
Значи ако немаш во подот веќе изведена инсталација со цевки (а најверојатно немаш, чим прашуваш), ќе треба некако да спроведеш цевна инсталација до просториите што ќе се греат. И нормално радијатори и пумпа за вода.
Последно уредено: