Во секој случај и Гвардиола и Конте се многу млади тренерни и имаат многу пред нив, глупаво е да се споредуваат со Венгер кој има 30 години искуство.
Епа не ги споредувам, ама не ми текнува на некои други кои со помал буџет сепак успеале да направат нешто. Муабетот е дека не направиле ништо повеќе отколку Венгер со толкав па и поголем буџет. И Венгер има освојувано и на помлади и на постари години, па тоа не гарантира ништо. Еве младоста е на Конте за да освои нешто позначајно. Сериа А во овој период е далеку од значајна, некој мора да ја освои нели.
1.Многу голема грешка.....Гвардиола кога ги превзема имаше исто релативно спремна екипа од Рајкард со играчи како Деко Роналдињо Ето итн....Никаков врв на шпанската генерација,врска нема тоа...
Тоа што го направи е што ја смени од корен таа екипа,ги исчисти играчите што неможеа више да придонесат за да се постигне истиот успех,и вметна играчи како Иниеста Бускец Пике Алвеш и нормално Меси во преден план..
Или во превод таа генерација он почна да ја гради,никаква спремна екипа,врска нема тоа,не зборете коа незнаете точно. И тоа е една од поентите на менаџирањето,да знаеш кога да ја освежиш екипата,и да ја направиш повторно желна за титули...Една од причините зашто си отиде од Барса е тоа што не му дозволија да избрка играчи ко Пике и Алвеш кои се покажа дека се аут скроз и еве глеаме какви дрва се станати.
2.Aко титула у Бундес у рекорден рок,светско клупско,суперкуп,куп на Германија,и полуфинале ЛШ е катастрофа,ондак Венгер треба на плоштад да се самозапали.
Никој не оспорува што направил Гвардиола и како ја освежил екипата, немој да ми кажуваш затоа што уште на самото доаѓање во Барса првата утакмица мислам ја изгубија дома од Гимнастик или Херкулес не ми текнува точно, а јас навивав да му успее проектот. Меѓутоа Гвардиола наследи 4ца клучни играчи за историскиот успех на Барселона, а тројца од нив и на Шпанија. Капитен беше Пујол, заменици Иниеста и Чави. Тројцата заедно со Касиљас беа главни играчи за титулата на Европското на Шпанија во 2008 година, летото пред да дојде Гвардиола во Барса. И за тоа Гвардиола да не беше заслужен? Меси беше таа година најдобар стрелец и најдобар играч во Лига на Шампиони. Па немој да се лажеш дека Гвардиола го научил да игра фудбал таа 2008 година туку Гвардиола ја имал таа среќа и чест да го поседува во екипата. Тие тројца заедно со Кристиано беа најдобри во тој период и он не наследил добар тим а? Квалитетот на тој тим беше преголем. Уште памтам на тие шпекулации кои се вртеа таа сезона дека Реал го бара Иниеста за 50 милиони. Тогаш бев wtf.
Одличен тренер е затоа што помогнал тоа да се укомпонира, ама не би го ставил на врвот затоа што сеуште не сум сигурен дека со послаб квалитет ќе може да постигне исто или нешто слично. Нешто што ќе се покаже подоцна каде делува малку лимитиран во дуел со други стратези. Ето беше напаѓачиште ипол тој период, најголема грешка што Барса го даде така цигански. Анри дојде таа сезона, играчиште и карактер ипол. Знаеш ли ти дека Барса уназад 3 сезони пробуваше да го купи Анри? Сигурно Гвардиола не беше најзаслужен за неговиот трансфер. Ај еве Дани Алвеш ќе го ставиме негова куповина иако не знам дали и претходно бил таксан. Внесувањето на Бускетс и Педро во прв тим е исто добар потег. Меѓутоа Гвардиола да не ги научил фудбал да играат? Што не ги научил подоцна и Бартра, Кркиќ и компанија млади кои исто така ги внел во прв тим? Школата на Барса е за тоа најзаслужна. Тоа се играчи кои освоиле европско и светско. За првото светско на Шпанија, Барса има 8 играчи во таа репрезентација, а Гвардиола од нив нема купено ниту еден или пак само еден еве. Виља? Па Виља уште на почетоците во Валенсија кога газеше јас и другарче си го сметавме за идеален играч на Реал. И ние ли сме на ниво на Гвардиола што го препознавме неговиот квалитет? Нели е тоа ултра квалитетен тим? Гвардиола да не ги водеше на Светското? Значи не е случајност тоа што тој период Шпанија освои две европски и едно светско за прв пат во својата историја. Тоа беа играчи кои беа на врв на своите кариери. Ај сеа другото, ти текнува ли дека во првата сезона ги провлекоа судии против Челзи? Во втората сезона мораше Ван Перси да добие црвен за шут после свиреж при резултат во корист на очајниот Арсенал нели? На таков тим срамота е да има провлекување со судии. На Порто на Мурињо против Манчестер да разберам, ама на Барса тешко е за разбирање.
Второто, ама ги нареди титуливе мислиш играл со кој од кој појак противник за да ги освои. Ди Матео ќе ги освоеше истите со тој тим. Реков не гледајте само бројки, гледајте и околности, ама како што гледам на темава све е субјективно, објективност нула. Мислам дека Гвардиола утре да отиде во Дортмунд, а оваа сезона да не земете Лига на Шампиони ќе го правите од гомно подоле.
Како што реков, одличен тренер, далеку од топ 3 засега па колку и статистиката да покажува поинаку. Нека дојде со овој квалитет на Арсенал и нека освои да го видам.
А? Симеооне има целосна слобода во изборот на играчите откако дојде. А и имаат повеќе кеш од Дортмунд, батали што пека ко Червар дилеров.
Еј може, еве не знам. Мислев дека повеќе е претседателот или некој директор во контакт со Мендеш па они им ги вршат трансферите. Ако бира он тим тогаш уште боље за него. Ама Облак лошо го одбрал, па и тој Хименез.
ја лично не оспорувам што има направено Венгер како тренер, едноставно му помина времето, гледам ти го користиш зборот “имаше“, епа така и Венгер веќе не е тренерот што беше и според последниве неколку години изгледа веќе не е способен да направи уште една таква генерација и тоа е тоа.
И Бенитез си беше тренериште во свое време, изглезе со формација 4-2-3-1 која не беше толку модерна во фудбалот и ја усоврши, со оваа формација моментално играат повеќе од 50% екипи од топ 5 лигите. За три сезони како тренер на Валенсија 2 пати освоји ЛаЛига (и Куп УЕФА) и не верувам дека ова на Симеоне е некое поголемо чудо и во времето на Бенитез во Реал играа суперѕвезди како Зидан, Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Карлос итн. итн. Ги правеше најдобрите ротации и сите играчи беа битни во неговиот систем, а моментално се губи во тие неговите ротации, ротираа и повеќе од потребно како што го стави Гаргано против Билбао. И Томас Шаф во Вердер имаше многу јака генерација ама све тоа помина. И можеби најдобро за Бенитез и Венгер би било да се префрлат во репрезентациите и да работат како селектори.
Може, ќе видиме. Тоа имаше повеќе ми значи дека имаше таква јака генерација и освои. Може требаше и Лига на Шампиони да земе тогаш, па нека биде тоа една црна дамка. А потоа немаше услови да направи таква јака екипа. Имаше услови да направи само екипа за топ 4 во Англија и за некоја константност во Европа. Нели скаутинг системот се усовршил, менаџерите станале попаметни, агентите поалчни, па ако на времето за некој талент од Франција или Џибути знаел само Венгер, сега знаат сите менаџери, а згора на тоа тој талент си има и агент. Е сега почнувајќи од лани веќе имаме услови да создаде Венгер екипа за титули и ќе се види дали уште има или ќе биде стварно "имаше". Ако не направи ништо тогаш слободно нека се качи на некоја друга функција.