UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Со кој образ ти збориш за купување играчи бе купена ви е цела екипа од ваму од таму.......Еден Касиљас ви остана со мадридски идентитет и ти ќе збориш за купување играчи.

Затоа е сме до таму кај што сме,со ваква меморија кај народот и перцепција за реалност...Ц ц ц срамота...

Секој топ клуб има изнакупено играчи. Ако не оди навивај за Миравци, сите играчи им се од селото. Како и да е ја промашуваш поентата.
Кој играчи им ги земал Реал на главните конкуренти?
Реал демек не можеше да го лапне Коста или Коке?
Затоа Атлетико ќе ги купува Гризман и Манџукич а Дортмунд Јојиќ и Имобиле.
Не се свесни глупаците од вашата управа дека без силен конкурент и никаква лига ќе паднете и вие. Кој будала би дошол во Дортмунд сега кога знае дека и да освојат нешто пак Баерн ќе ги уништи по брза постапка.
Еве пример Баерн и Реал да нудат иста пара за играчот. Каква мотивација би имал за да потпише за Баерн кога само тие 10 утакмици во ЛШ се неизвесни, а лигата уште од прво коло е освоена? Крос затоа си отиде.
 
Не брат, не ми текнува на таков што имал подобар успех. Океј, Симеоне со Атлетико и Мурињо со Порто, ама фактот дека Атлетико можеше да ги продаде сите свои играчи за по 30 милиони минимум значи дека Атлетико не беше наивен тим. Кој и како го состави не е битно, Симеоне не беше тој. :) Мурињо океј, си кажа за него. За други менаџери не знам. Тоа на Конте со Јуве не го гледам како поголем успех исто како што и на Алегри со Милан. На Клоп со Дортмунд исто затоа што и тоа беше една успешна генерација. Еве се гледа со друга генерација колку му иде. Али па за разлика од Симеоне он си го прави тимот. И Венгер имаше таква генерација, дури и поуспешна.

Кога сме кај овие тројцава што ги наброи, Пеп сеуште не би го ставил пред Венгер. Океј, Пеп има направено рекордна година, ама тоа беше ултра јака генерација, може најјаката во историјата на фудбалот. Речиси истата генерација и репрезентативно све освои. Во Баерн исто така наследи ултра силна генерација и може ќе го повтори истиот успех, ама пак не би го ставил пред Венгер и особено не пред Анчелоти додека тоа не го докаже на друг начин. Венгер е лимитиран тактички како тренер, он е повеќе за друга функција во еден клуб. На него најсличен е Ферги, другиве се баш тренери.
Според мене тренери што од ништо направиле нешто во последно време се: Клоп, Симеоне, Конте. Зошто? Клоп го купи Кагава за смешна сума од 300 000 евра, а за кратко прерасна во еден од најдобрите играчи на неговата позиција. Геце, Гроскројц, Шмелцер, Пишчек, Левандовски и да не набројувам натака, практично со анонимуси човекот успеа да го направи тоа што го направи, а тоа се две титули во Бундес Лигата и финале во ЛШ, притоа исфрлувајќи го моќниот Реал Мадрид во 1/2 финалето.

Конте дојде од Бари, значи немаше апсолутно никакво искуство од водење на голем клуб. Океј, донесе неколку добри и искусни играчи како Пирло, Вучиниќ, Лихштајнер кој веќе имаше доста искуство со Лацио во Серија А, али буквално од на хартија просек тим успеа да направи шампионски тим и без пораз да ја освои Серија А. Само за потсетување Милан тогаш ги имаше Ибра и Тиаго Силва во составот.

За Чоло не ми се трошат зборови, 90% од нас тука двајца играчи од Атлетико не знаевме (така иде зборот де), а он успеа да освои Примера покрај Реал и Барса и плус да игра финале ЛШ и притоа несреќно да го загуби.

Овие тројца што ги набројав немаа воопшто големи буџети и не купуваа премногу играчи, а сепак постигнаа многу.

Е сеа да не се разбереме погрешно, не дека Венгер купуваше па не успеа да направи посериозен резултат со нив, ама ипак има доста за критикување што се однесува до неговото работење. Пак ќе напоменам, секоја ебана сезона Арсенал има по 100 повредени играчи. Зошто? Ај една-две сезони, ама веќе 5-6 сезони уназад? Друга работа зашто го сметам за лузер, е фактот што на пример никогаш го нема победено Мурињо, на Олд Трафорд нема 100 години победа, и уште пар факти да не пишувам сега. Значи ако си тренер со муда и победнички менталитет нема ова да ти се дешава. Не може никој да ме убеди дека Венгер немал прилика да триумфира на Олд Трафорд и дека секогаш Манчестер Јунајтед бил појак од нив. Па лани чим не ги тепаше не знам што да кажам.
 
Во секој случај и Гвардиола и Конте се многу млади тренерни и имаат многу пред нив, глупаво е да се споредуваат со Венгер кој има 30 години искуство.

Епа не ги споредувам, ама не ми текнува на некои други кои со помал буџет сепак успеале да направат нешто. Муабетот е дека не направиле ништо повеќе отколку Венгер со толкав па и поголем буџет. И Венгер има освојувано и на помлади и на постари години, па тоа не гарантира ништо. Еве младоста е на Конте за да освои нешто позначајно. Сериа А во овој период е далеку од значајна, некој мора да ја освои нели. :)

1.Многу голема грешка.....Гвардиола кога ги превзема имаше исто релативно спремна екипа од Рајкард со играчи како Деко Роналдињо Ето итн....Никаков врв на шпанската генерација,врска нема тоа...

Тоа што го направи е што ја смени од корен таа екипа,ги исчисти играчите што неможеа више да придонесат за да се постигне истиот успех,и вметна играчи како Иниеста Бускец Пике Алвеш и нормално Меси во преден план..

Или во превод таа генерација он почна да ја гради,никаква спремна екипа,врска нема тоа,не зборете коа незнаете точно. И тоа е една од поентите на менаџирањето,да знаеш кога да ја освежиш екипата,и да ја направиш повторно желна за титули...Една од причините зашто си отиде од Барса е тоа што не му дозволија да избрка играчи ко Пике и Алвеш кои се покажа дека се аут скроз и еве глеаме какви дрва се станати.

2.Aко титула у Бундес у рекорден рок,светско клупско,суперкуп,куп на Германија,и полуфинале ЛШ е катастрофа,ондак Венгер треба на плоштад да се самозапали.


Никој не оспорува што направил Гвардиола и како ја освежил екипата, немој да ми кажуваш затоа што уште на самото доаѓање во Барса првата утакмица мислам ја изгубија дома од Гимнастик или Херкулес не ми текнува точно, а јас навивав да му успее проектот. Меѓутоа Гвардиола наследи 4ца клучни играчи за историскиот успех на Барселона, а тројца од нив и на Шпанија. Капитен беше Пујол, заменици Иниеста и Чави. Тројцата заедно со Касиљас беа главни играчи за титулата на Европското на Шпанија во 2008 година, летото пред да дојде Гвардиола во Барса. И за тоа Гвардиола да не беше заслужен? Меси беше таа година најдобар стрелец и најдобар играч во Лига на Шампиони. Па немој да се лажеш дека Гвардиола го научил да игра фудбал таа 2008 година туку Гвардиола ја имал таа среќа и чест да го поседува во екипата. Тие тројца заедно со Кристиано беа најдобри во тој период и он не наследил добар тим а? Квалитетот на тој тим беше преголем. Уште памтам на тие шпекулации кои се вртеа таа сезона дека Реал го бара Иниеста за 50 милиони. Тогаш бев wtf. Одличен тренер е затоа што помогнал тоа да се укомпонира, ама не би го ставил на врвот затоа што сеуште не сум сигурен дека со послаб квалитет ќе може да постигне исто или нешто слично. Нешто што ќе се покаже подоцна каде делува малку лимитиран во дуел со други стратези. Ето беше напаѓачиште ипол тој период, најголема грешка што Барса го даде така цигански. Анри дојде таа сезона, играчиште и карактер ипол. Знаеш ли ти дека Барса уназад 3 сезони пробуваше да го купи Анри? Сигурно Гвардиола не беше најзаслужен за неговиот трансфер. Ај еве Дани Алвеш ќе го ставиме негова куповина иако не знам дали и претходно бил таксан. Внесувањето на Бускетс и Педро во прв тим е исто добар потег. Меѓутоа Гвардиола да не ги научил фудбал да играат? Што не ги научил подоцна и Бартра, Кркиќ и компанија млади кои исто така ги внел во прв тим? Школата на Барса е за тоа најзаслужна. Тоа се играчи кои освоиле европско и светско. За првото светско на Шпанија, Барса има 8 играчи во таа репрезентација, а Гвардиола од нив нема купено ниту еден или пак само еден еве. Виља? Па Виља уште на почетоците во Валенсија кога газеше јас и другарче си го сметавме за идеален играч на Реал. И ние ли сме на ниво на Гвардиола што го препознавме неговиот квалитет? Нели е тоа ултра квалитетен тим? Гвардиола да не ги водеше на Светското? Значи не е случајност тоа што тој период Шпанија освои две европски и едно светско за прв пат во својата историја. Тоа беа играчи кои беа на врв на своите кариери. Ај сеа другото, ти текнува ли дека во првата сезона ги провлекоа судии против Челзи? Во втората сезона мораше Ван Перси да добие црвен за шут после свиреж при резултат во корист на очајниот Арсенал нели? На таков тим срамота е да има провлекување со судии. На Порто на Мурињо против Манчестер да разберам, ама на Барса тешко е за разбирање.

Второто, ама ги нареди титуливе мислиш играл со кој од кој појак противник за да ги освои. Ди Матео ќе ги освоеше истите со тој тим. Реков не гледајте само бројки, гледајте и околности, ама како што гледам на темава све е субјективно, објективност нула. Мислам дека Гвардиола утре да отиде во Дортмунд, а оваа сезона да не земете Лига на Шампиони ќе го правите од гомно подоле.

Како што реков, одличен тренер, далеку од топ 3 засега па колку и статистиката да покажува поинаку. Нека дојде со овој квалитет на Арсенал и нека освои да го видам.


А? Симеооне има целосна слобода во изборот на играчите откако дојде. А и имаат повеќе кеш од Дортмунд, батали што пека ко Червар дилеров. :D

Еј може, еве не знам. Мислев дека повеќе е претседателот или некој директор во контакт со Мендеш па они им ги вршат трансферите. Ако бира он тим тогаш уште боље за него. Ама Облак лошо го одбрал, па и тој Хименез. :D

ја лично не оспорувам што има направено Венгер како тренер, едноставно му помина времето, гледам ти го користиш зборот “имаше“, епа така и Венгер веќе не е тренерот што беше и според последниве неколку години изгледа веќе не е способен да направи уште една таква генерација и тоа е тоа.
И Бенитез си беше тренериште во свое време, изглезе со формација 4-2-3-1 која не беше толку модерна во фудбалот и ја усоврши, со оваа формација моментално играат повеќе од 50% екипи од топ 5 лигите. За три сезони како тренер на Валенсија 2 пати освоји ЛаЛига (и Куп УЕФА) и не верувам дека ова на Симеоне е некое поголемо чудо и во времето на Бенитез во Реал играа суперѕвезди како Зидан, Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Карлос итн. итн. Ги правеше најдобрите ротации и сите играчи беа битни во неговиот систем, а моментално се губи во тие неговите ротации, ротираа и повеќе од потребно како што го стави Гаргано против Билбао. И Томас Шаф во Вердер имаше многу јака генерација ама све тоа помина. И можеби најдобро за Бенитез и Венгер би било да се префрлат во репрезентациите и да работат како селектори.

Може, ќе видиме. Тоа имаше повеќе ми значи дека имаше таква јака генерација и освои. Може требаше и Лига на Шампиони да земе тогаш, па нека биде тоа една црна дамка. А потоа немаше услови да направи таква јака екипа. Имаше услови да направи само екипа за топ 4 во Англија и за некоја константност во Европа. Нели скаутинг системот се усовршил, менаџерите станале попаметни, агентите поалчни, па ако на времето за некој талент од Франција или Џибути знаел само Венгер, сега знаат сите менаџери, а згора на тоа тој талент си има и агент. Е сега почнувајќи од лани веќе имаме услови да создаде Венгер екипа за титули и ќе се види дали уште има или ќе биде стварно "имаше". Ако не направи ништо тогаш слободно нека се качи на некоја друга функција.
 
Човек чим ми направи муабет дека некоја фудбалска лига не е значајна го отпишувам од луѓе кои имаат абер од фудбал.

Речи му на тренер, играч или навивач на Вардар дека титулите му се џабе зошто лигата ни е ренде, ги понижуваш и нив и целиот труд што го вложиле во себе и тимот.;)
 
Жими таквото тепавме синоќа, драматизирање до крај , примање глупави голови, пресврт у 2 минути .Нема само ваљда ко лани у последно коле да бркаме пласман и да попушиме ради промашениот пенал на Видал.
Арсенал како што минатото коло зема 3 бода, така синоќа изгуби 2.Ај да кажеш се дешава лоша утакмица паѓање на концентрација, али ова ним нит е прв нит последен пат.
Тука да се надоврзам на темава што се ја почнале.Венгер сум го почитувал одсекогаш ради тоа што е име и поим у светот на фудбалот, али како тренер никад не сум можел да го дефинирам.Одличен у менаџерски поглед, непрепознатлив у тактички\технички,бидејки секогаш кога се своја одлука требало да прекрши или сврти утакмица , најчесто губел.Небисакал да го користам епитетот лузер ради неговото реноме, ама сепак во многу наврати се покажал како таков.
Ок се исфура , ПЛ без пораз , ФА, Финале у ЛШ,па огромен пост, и губање секоја сезона по двајца битни првотимци , годинава конечно трофеј. еве у последно време го одврза и ќесето и почна да фрла мрсни цифри за засилувања.Ваљда има уште некое време да проба да нападне титула, ова под услов самиот да сака да остане у клубот како тренер,иначе како менаџер\спортски\генреален директор го гледам во Арсенал , евентуално да бара друг ангажман во друг клуб или како селектор.

За Пеп немоете да го цените уште сега у втора сезона со Баерн, лани кога најмалку требаше киксна и скорз ја промаши замислата против Реал, а се мачеше и додека да стигне во полуфинале.Дома рекордите ги сруши очекувано.Е у Барса беше друга приказна.Ако некаде он наследил колектив и готов тим тоа е сега у Баерн, со Барса небеше баш истиот случај.Направи нов тим , нова начин на игра, нова философија и сфаќање на фудбалот. Рекордна сезона и едне куп трофеи.И има доста време пред него да продолжи по тој пат.Звучам ваљда ко Филе, али визионер е Пеп , времето е пред него да го продолжи својот веќе успешен пат

Конте , колку и да беше\е слаба Сериа а , од Чоло и Клоп беше у најнезавидна позиција.Дојде у клуб без идентитет , со тешко историско име.Пресврт, шампион без пораз.У европа го збриша тогаш актуелниот шампион, налета на Баерн на Јуп поштено си изгуби, фин учинок за тренер кој е дебитатнт у ЛШ.Наредната испадна , испаѓаше и Клоп со Дортмунд и Ферги со Јунајтед .
Клоп остана и се покажа следните сезони, догура и до финале.У Бундес изрипа како задкулисен играч, му го зеде приматот на Баерн две сезони по ред, али Баерн му ги собра играчите.Јбг сега , им се може , можда делува фрустрирачки и нефер, ама таква беше ситуацијата.Кој уствари не би посакал да им ги лапне играчите на конкурентите , чисто ради сеир и ремет, настрана од фудбалски причини.Самошто тоа индиректно може да се одрази на самите баварци и со опште опаѓање на квалитетот на лигата.
Чоло како тренер индивидуално се покажа уште пред Атлетико.Таму му се поклопија коцките, изгради предсе колектив,го искористи киксот на Реал\Барса, прикажа дисциплинирана и остра игра како никој досега у Ла Лига и си лапна титула.Догура и до финале и тој , на чекор беше од совршена сезона, али налета на Реал со Карло .
Еве , у ЛШ повеќе се покажаа Чоло и Клоп, али ипак Конте у старт беше у понезавидна ситуација.Бар тројцава се доста слични у некои карактеристики, и очекувам у иднина да се вртат како главни имиња у фудбалскиот свет , одкако сега актуелниве прекалени ветерани ќе решат да се повлечат.
 
Според мене тренери што од ништо направиле нешто во последно време се: Клоп, Симеоне, Конте. Зошто? Клоп го купи Кагава за смешна сума од 300 000 евра, а за кратко прерасна во еден од најдобрите играчи на неговата позиција. Геце, Гроскројц, Шмелцер, Пишчек, Левандовски и да не набројувам натака, практично со анонимуси човекот успеа да го направи тоа што го направи, а тоа се две титули во Бундес Лигата и финале во ЛШ, притоа исфрлувајќи го моќниот Реал Мадрид во 1/2 финалето.

Конте дојде од Бари, значи немаше апсолутно никакво искуство од водење на голем клуб. Океј, донесе неколку добри и искусни играчи како Пирло, Вучиниќ, Лихштајнер кој веќе имаше доста искуство со Лацио во Серија А, али буквално од на хартија просек тим успеа да направи шампионски тим и без пораз да ја освои Серија А. Само за потсетување Милан тогаш ги имаше Ибра и Тиаго Силва во составот.

За Клоп кажав што мислам, одличен тренер, највеќе ми се допаѓа неговата игра, ама тек сега ќе биде во spotlight. Од таа генерација Геце и Левандовски можеа да идат и преку 50 милиони да не им беа нивните клаузули. Пишчек да не се повредеше можеше да иде до 30 милиони. Далеку од просек беше таа генерација. Меѓутоа се погодија трансферите, а никој претходно не им обрнуваше внимание. И на Арсенал им се имаа погодено Фабрегас и еден куп како Пишчек. Е сега после губењето на Геце таа година баш му зборев на Игорче дека тек сега ќе станат нешто што беше Арсенал без финансии и дека тек сега ќе го видат тешкото. Он не веруваше, ама си постојат факти дека е така. Уште па Ројс или Хумелс ако си заминат, со сигурност е така. Плус секој клуб ќе пази на нивната заинтересираност на трансфер пазарот. Знам од искуство, многу играчи ни имаат побегнато затоа што сме немале или не сме сакале да дадеме за нив колку што дава некој поголем клуб. Хазард во Челзи на пример. Озил во Реал. Ројс за влакно не им го земавме на Дортмунд затоа што сакаше да остане во Германија, ама сега да е таа година и да ги имаме Озил и Санчез и поголеми финансии Ројс ќе си дојдеше лесно. Сега кои им се последните трансфери на Дортмунд? Имобиле, Рамос, Обамејанг, Гинтер, Папастопулос (иако прерасна во ѕвер играч), ама овие играчи сите ги знаат. Сите клубови, а и ние. Со ваков квалитет гледаме сега како се држи Клоп.


Добро, Конте најголемиот успех може да се каже дека го имаше во прва сезона . Ама реално тој тим на Милан и немаше некој квалитет. Ибра и Тиаго Силва беа само подобри од играчите на Јуве. Плус стратегон Алегри ќе изгубеше за малку предност од 4-0 во двомечот со Арсенал тогаш. Знаеш кој срам ќе беше тоа за Милан така? :D Јуве тогаш ги имаше Видал кој беше мета на Баерн, Пирло, Буфон, Киелини, Барзаљи (кој падна во форма во Волфсбург, ама во Палермо беше одличен), Лихштајнер, Маркизио. Сите тие ќе играа прв тим во Милан. Вучиниќ, Кваљарела и Матри не ги спомнувам кои дојдоа таа година и Јуве потроши едно 70тина милиони. Али нема везе, требаше да биде поамбициозен и да не ја зима Италија на волку млади години.


За другиот дел од постот горе долу се слагам. Венгер знае да направи тим, ама е тактички лимитиран. План Б тешко дека има, али па многу тренери немаат и од оние достапните тешко дека некој подобро ќе го заменеше изминатиот период.
 
Све све ама кога ќе прочитам ланската сезона им била успешна бе. :pos:

Познавам доста навивачи на Баерн надвор од форумов и никој не ни помислил да каже дека ланската сезона им била успешна а не па да го фали Гвардиола. А и очигледно беше дека спрема тоа пред две години беа доста уназадени.
Овие на форумов ќе изедат едно кило сол само да го одбранат Гвардиола.
Уствари што можеш да очекуваш од овие кога се попалија после победата во последна минута против очајниот Сити како ЛШ да освоиле.
 
@Carter 70 милиони можда сме потрошиле конкретно таа година , али не за тимот што беше изгреаден тоа лето, таму влегуваат и одплаќања на трасфери од претходната сезона.
Како и да е , зборот ми беше дека он наследи тим кој две години по ред беше 7мо место.Ептен незавидлива ситуација.
И за противник го имаше Милан кој што го имаше Ибрахимович.Еј, за Ибро збориме, со него од самиот старт 60 % ти е загарантирана титулата.

Лани иначе Баен на Пеп беше шит, 0 спрема оној на Јуп. Годинава изгледаат подобро, ќе видиме до каде ќе изгураат.
 
Човек чим ми направи муабет дека некоја фудбалска лига не е значајна го отпишувам од луѓе кои имаат абер од фудбал.

Речи му на тренер, играч или навивач на Вардар дека титулите му се џабе зошто лигата ни е ренде, ги понижуваш и нив и целиот труд што го вложиле во себе и тимот.;)
Па никој не го оспори успехот на Конте како тренер на Јуве, барем кога станува збор за Серија А.
Ама нереално е да го споредуваш Конте со Венгер и да споредуваш тоа што Арсенал освоил титула без пораз со освоената титула на Јуве без пораз.
Точно и тоа на Јуве не е мала работа. Ама околностите се такви, Серија А е дојдена на ниво што шампионот на истата веќе две сезони се мачи да пројде група во ЛШ.
Исто така, не можеш да го споредиш успехот на Конте со тој на Чоло. Вториов успеа да им земе титула на РЕАЛ и БАРСА, а успеа и да стигне до финале во ЛШ, финале во кое неколку секунди го делеа од титула.

Конте, Пеп и Чоло се млади тренери и жално е да се ставаат во ист кош со Мурињо, Ферги и Карло. Овие вториве имаат поминато низ "сито и решето" што би се рекло. За првиве има време, посебно ова важи за Пеп. Кога ќе се најде во незавидна ситуација ко што се најдоа на пример Конте (во првата сезона со Јуве) и Чоло, каде што нема да има такви играчи на располагање, тек тогаш ќе правиме муабет за тоа каков тренер е Пеп. Он во првата таква ситуација си го свитка опашот и побегна во Баерн.
 
Све све ама кога ќе прочитам ланската сезона им била успешна бе. :pos:

Познавам доста навивачи на Баерн надвор од форумов и никој не ни помислил да каже дека ланската сезона им била успешна а не па да го фали Гвардиола. А и очигледно беше дека спрема тоа пред две години беа доста уназадени.
Овие на форумов ќе изедат едно кило сол само да го одбранат Гвардиола.
Уствари што можеш да очекуваш од овие кога се попалија после победата во последна минута против очајниот Сити како ЛШ да освоиле.

абе те глеам нешто многу се замараш со баерн и гвардиола и незнам што толку ти е битно што мислат навивачите на Баерн за Гвардиола. Изглеа вас памтењето ви е само една година уназад, стално губевте од Баерн и сеа една година ви се склопија коцките и готово не се памти ништо уназад а за со Гвардиола и Барса да не праам муабет.

Според мене иако многу навивачи на Баерн го бранат беше главен кривец за поразот на Баерн од 0-4 против Реал. Ова и самиот Гвардиола си го призна во новата книга каде што кажа дека ќе играл иста тактика како покасно против Дортмунд во купот дури и му рекол на асистентот да не дозволува да се премисли за на крај во последен момент да искочи без ниеден ДМ.Лани Гвардиола идеше од крајност во крајност во ЛШ со средината.
 
Све све ама кога ќе прочитам ланската сезона им била успешна бе. :pos:

Познавам доста навивачи на Баерн надвор од форумов и никој не ни помислил да каже дека ланската сезона им била успешна а не па да го фали Гвардиола. А и очигледно беше дека спрема тоа пред две години беа доста уназадени.
Овие на форумов ќе изедат едно кило сол само да го одбранат Гвардиола.
Уствари што можеш да очекуваш од овие кога се попалија после победата во последна минута против очајниот Сити како ЛШ да освоиле.

Не вреди човек ни да ти реплицира, до толку имате комплекси за Пеп, а посебно па за Баерн. Некое право да зборите ви дава победата лани, ама пак сте тешки комплексаши. Пеп освои 4 титули лани, треба да си глуп (кхм кхм) за да не ја оцениш сезоната како успешна. И поздрави ги тие ,,навивачи" на Баерн.
 
Па никој не го оспори успехот на Конте како тренер на Јуве, барем кога станува збор за Серија А.
Ама нереално е да го споредуваш Конте со Венгер и да споредуваш тоа што Арсенал освоил титула без пораз со освоената титула на Јуве без пораз.
Точно и тоа на Јуве не е мала работа. Ама околностите се такви, Серија А е дојдена на ниво што шампионот на истата веќе две сезони се мачи да пројде група во ЛШ.
Исто така, не можеш да го споредиш успехот на Конте со тој на Чоло. Вториов успеа да им земе титула на РЕАЛ и БАРСА, а успеа и да стигне до финале во ЛШ, финале во кое неколку секунди го делеа од титула.

Конте, Пеп и Чоло се млади тренери и жално е да се ставаат во ист кош со Мурињо, Ферги и Карло. Овие вториве имаат поминато низ "сито и решето" што би се рекло. За првиве има време, посебно ова важи за Пеп. Кога ќе се најде во незавидна ситуација ко што се најдоа на пример Конте (во првата сезона со Јуве) и Чоло, каде што нема да има такви играчи на располагање, тек тогаш ќе правиме муабет за тоа каков тренер е Пеп. Он во првата таква ситуација си го свитка опашот и побегна во Баерн.
Ги тргнав настрана и Конте и Венгер и Пеп, тргнав све настрана.

Сакав да кажам дека не е фер да се оспорува нечиј успех само поради фактот што игра во "послаба" лига.
Тимот на Јуве е граден за во Италија, на Арсенал за Англија а на Вардар за во Македонија.
Има некои работи кои не се споредливи.
И играњето на меѓународно ниво не докажува ништо, Јувентус традиционално играл потешко во ЛШ во споредба во Италија, доека Милан е пример за тотална спротивност.
 
Све све ама кога ќе прочитам ланската сезона им била успешна бе. :pos:

Познавам доста навивачи на Баерн надвор од форумов и никој не ни помислил да каже дека ланската сезона им била успешна а не па да го фали Гвардиола. А и очигледно беше дека спрема тоа пред две години беа доста уназадени.
Овие на форумов ќе изедат едно кило сол само да го одбранат Гвардиола.
Уствари што можеш да очекуваш од овие кога се попалија после победата во последна минута против очајниот Сити како ЛШ да освоиле.

Во група со Сити, Рома и Цска Москва каде што првиот натпревар го играш против Сити. Ти победува тимот, а фанпвите се радуваат за победата. Колку глупо нели да се радуваш за победа против Сити. Има разлика од Лудогорец и Сити нели или нема ?
 
Го сметам Гвардиола за квалитетен менаџер, но ни јас сеуште не би го ставил во најдобрите како што се Фергусон, Мурињо, Анчелоти и сл. Да не се повторувам, Картер убаво објасни, има револуционерни замисли, уникатен стил којшто не му се допаѓа на секој, но сеуште сум на ставот дека го одбра Баерн заради помалиот притисок, ако тогаш го одбереше Челзи на пример, прашање е каде ќе беше сега.

Иначе јас сакам да го видам Пеп како наследник на Венгер за 2-3 години, и тогаш ќе ги видиме вистинските квалитети на Пеп, во тим како Арсенал, со тие ресури што ќе ги има, во страшната конкуренција со Челзи, Сити и Јунајтед, тогаш ќе видиме „од што е направен“ Пеп Гвардиола.
 
Шо му реплицирате на бланко, батхрт фан на Мадрид, од самите постови се гледа која омраза ја има за Баерн а посебно за Пеп, заедно со сите фанови на Мадрид. Ги користат нивните 5 минути да кренат некоја врева само. Ќе му објаснувам зашо го браниме нашиот тренер и зашто се радуваме на победа на нашиот тим. Ебати амебата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom