Грешка си, тимот на Конте во неговата прва сезона го сметаа за 3 или 4ти во лигата, толку беше потценет, никаде немаше трансфер од 50 милиони па да речеш дека биле класи над противникот, имаше играчи од типот на Пирло и Барзаљи кои беа оспорувани и оспорувани, веќе ги пензионираа, имаше играчи што доаѓаа директно од Серија Б, имаше играчи од парагвајска лига итн.
Немаше пари за нови играчи, пошто тимот два пати завршуваше на 7мо место, нити па имаше ЛШ.
Кога веќе збориме за околности, нели.
Конте апсолутно не се посрамоти првата сезона, баш напротив, стигна до 1/4 финале и најдобро помина од сите противници на Баерн. Сепак, немаше квалитет, нели, како што немал ни Венгер.

Втората сезона беше тотално негова грешка, тоа е факт, никој не бега од тоа.
И да, и на Јуве серијата беше 49, ако добро памтам.
Во секој случај и Гвардиола и Конте се многу млади тренерни и имаат многу пред нив, глупаво е да се споредуваат со Венгер кој има 30 години искуство.
Како што Конте испадна од групи во неговата втора сезона, така и Венгер колку што знам има испадната 3-4 пати по ред, или нешто слично, не сум сигурен.
Само ти искоментирав зошто мислев дека малку ги потценуваш и двајцата, сите имале тешки околности, не е само Венгер. Конте дојде во тотално распаднат тим, Барса исто не беше сјајна колку што памтам кога дојде Гвардиола...