Го извадија од гомна мистерот, индивидуалците Пирло и Буфон. Немавме игра во првото и во второ не бевме нешто посебно. Тие шанси ако им ги дозволиме на Олимпијакос пиши пропало.
Нешто што забележав на претходните натпревари, а ми се потврди и денеска е следново. Пасовите на Пирло не се толку прецизни делумно поради негова вина, велам делумно затоа што денеска убаво се забележуваше оти нема синхронизација на теренот меѓу играчите и нивните движења. Пирло ќе ја даде во длабочина, играчот ќе си остане на место. Обратно, ќе ја даде Пирло директно кон играчот, тој ќе тргне во длабочина. Треба да има поголема синхронизација и усогласеност, нешто што го имаше до префекција под Конте. Кога ќе се сетам на тренингот Конте кога ги натеруваше по 100 пати да повторат една иста акција(истото го прави и со репрезентацијата сега) како нема да ја знаат на памет. Чисто се сомневам дека Алегри толку обраќа внимание на движењата без топка и на уфрлањата без топка, што резултира со доста грешки во долги топки кои се повеќе последица на неизвежбани движења без топка, отколку на непрецизни топки.
Пирло знаев дека ќе го даде голот, не можеше да не изневери и денеска. Играше така-така пред голот, но после тоа доби малку замав и почна да си доминира онака како што знае. Видал лошо, додека Мората задоволително. Можеше и подобро, но тоа ќе се случи ако продолжи заслужено да добива шанса од стартот. Видал е казнет за наредниот натпревар во Серија А, но искрено мислам дека не заслужува место во стартниот состав против Олимпијакос, иако мислам дека ќе го добие.
Ситуацијата ако се повредени Огбона и Асамоа во одбраната е алармантна. Би имале 5 повредени, сите од одбрана. Алегри не знае да се снајде со целосен тим, па се прашувам како ќе се снајде со искастрен состав. Кога ќе ми текне дека Џенова некни стартуваа со дете родено 1997 година (кој патем одигра одлично), се прашувам зошто толку многу е страшно во Јуве во натпревар од Серија А шанса да добие некој дечко од примаверата, посебно сега кога сме во критична ситауција со играчи кои недостасуваат.