Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
29 септември 2014
Мислења
100
Поени од реакции
33
Ова е некој филм според мене,тие што се во затвор се само да ни замачкаат очи(и колку воопшто се во затвор) ,каоо колку е ажурна нашата полиција,а нема врска,јас мислам дека вистинските сторители не се осудени и нема ни да бидат,пошто коалицијата да не се распадне...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Уште десетмина се соочуваат со казни за учество на протестите за „Монструм“

Уште десетмина нови се осомничени дека учествувале во толпата која направи неред пред и на зградите на судовите за време на протестите за пресудата за случајот „Монструм“, пишува „Курир“.

Основното Јавно Обвинителство – Скопје до Кривичниот суд доставило обвинителен предлог против 10 лица и тоа Е.В., В.Б., Ф.Н., И.М., Р.М., Ф.Н., С.И., Н.Џ., Б.Р. и Р.И. за кривичното дело чество во толпа што ќе изврши кривично дело за протестите кои се организираа во Скопје по пресудата за случајот „Монструм“ и нередите пред Основниот суд 1 и 2.

Претходно, шестмина демонстранти добија по три години затвор, двајца добија ослободителни пресуди, за едниот обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.

Судот ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата предизвикана од дивеењето и мавањето со камења кон зградите на судовите при што беа оштетени повеќе прозорски стакла.
http://www.plusinfo.mk/vest/151876/Ushte-desetmina-se-soochuvaat-so-kazni-za-uchestvo-na-protestite-za-Monstrum

Бонус
prv pat sega se sretnav so tvojot avatar ,i zatoa ti pishuvam epten ti e jak ,bravo ..i pishanite raboti se vo red no ovoj post e so taa namena da te pofalam za avataror
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.512
Поени од реакции
58.967
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Го имаше. На некој од Соросоидните медиуми го имаше сигурно. Го пренесоа албанските медиуми кај нас и некој соросоиден го превзема најчесто тоа го прави нова или либертас.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.654
Поени од реакции
82.442
Груевски:ФБИ може да се вклучи во „Монструм“, ако така одлучи Апелација
од НОВА | објавено на: 26-10-2014 19:12:06



ФБИ може да се вклучи во случајот монструм само доколку така одлучи Апелациониот суд, изјави денеска премиерот Груевски. Премиерот потврди дека со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети разговарале за вклучување на ФБИ во случајот „Монструм“, во кој шестмина се осудени на казна доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Жалбата во која одбраната на дел од обвинетите во случајот Монструм бара вклучување на ФБИ во петокот стаса во Апелација. Адвокатот на одбраната Насер Руфи изјави дека одбраната бара независно и објективно ново вештачење, а како најнезависна инстиуција ги посочуваат експертите на ФБИ .

Според правната процедура , дали ФБИ ќе се вклучи во Монструм ќе одлучат судиите, доколку има процес по жалбата на одбраната. Од ДУИ велат дека тоа е првиот чекор, а доколку судот не донесе таква одлука, ќе размислуваат за дополнителен притисок.

За тоа дека процесот треба да има меѓународен мониторинг лидерот на ДУИ, Ахмети го потенцира на сите средби со меѓународните претставници во земјава.

Судењето во случајот Монструм го набљудуваа претставници на ОБСЕ. Шестмина од обвинетите во сдудењето добија доживотни казни затвор , меѓу нив и двајцата првообвинети , Алил Демири и Африм Исмаилович, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи се уште не се екстрадирани во земјава од Косово.

Според судот виновни се за петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012-тата. Пресудата кај дел од Албанците во земјава предизвика револт и протести низ скопските улици, а дел од нив беа и насилни.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Нека ги вклучат слободно ФБИ во истрагата. Одлуката на судот беше донесена под нивна директива
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
и КГБ нека се вклучи пак ќе лежат до крај на живот.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.206
Поени од реакции
6.876
не признаваат држава,не признаваат државни институции и нивни официјални одлуки,арно ама пликчето со париња за работа во истите драго си ги подигнуваат :facepalm: нема што,нит сме биле нит ќе бидеме ДРЖАВА туку обичен циркуз кој скапо го плаќаме......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom