Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
15288_10152601850827713_89009741960352672_n.jpg


Tnx Manonne.
 
Кога ќе почне МОТД да ме цитирате со линкче. :D И ме интересира дали редовно даваат на тој линк да го ставам во букмаркс.
 
Прво нешто што треба да купи рохерс во јануари е КЛАСА напаѓач ,без разлика на цена ,мора да земе. Мој предлог Кавани, Бензема или слични. Не може со ваков Балотели и Рики Ламберт до пласман и играње во ЛШ.
Пополека се гледаат грешките кој ги направи брендон во летниот Т. П.
Бензема е бетар од Балотели. Има среќа што позади него има страшни креатори што му служат на тацна 10 шанси од кои 1-2 ќе искористи :) Да е во Пулл? За на клупа не го бива.. :D
 
Бензема е бетар од Балотели. Има среќа што позади него има страшни креатори што му служат на тацна 10 шанси од кои 1-2 ќе искористи :) Да е во Пулл? За на клупа не го бива.. :D
Како да не, нема врска. Во Сити немаше ли Балотели креатори? Едноставно Бало е бот, и тоа без мозок. Бар ти шо играш Дота2 знаеш за што ти зборам, од оние руските :D
 
Како да не, нема врска. Во Сити немаше ли Балотели креатори? Едноставно Бало е бот, и тоа без мозок. Бар ти шо играш Дота2 знаеш за што ти зборам, од оние руските :D
Ама сепак. Сореди му ја играта во Сити и во Пул. Во Сити повеќе голчиња си праеше (why always me) :D
 
Бензема е бетар од Балотели. Има среќа што позади него има страшни креатори што му служат на тацна 10 шанси од кои 1-2 ќе искористи :) Да е во Пулл? За на клупа не го бива.. :D
Не можеш да си сигурен со Бензема. Може да е фејл како што викаш, ама може да се распука како Игуаин лани во Наполи (оваа сезона не ги следам и не сум во тек што се дешава). Бензема е крупен напаѓач на кој што ПЛ може да му легне ради физичките предиспозиции а и воздушните дуели би ги владеел. Така да 50-50 јас би оставил дали би се снашол или не.
Балотели е друга приказна, мислам еднаш пишав за него. Тој си верува дека е во центарот на универзумов и сѐ се врти околу него. Со токов менталитет и однесување нема да биде ни просечен играч во Премиер лигата. Еве денес ја гледав цела утакмица на Ливерпул и типот спиеше еден саат. Потоа изигра нешто, али повеќе упропасти отколку што створи.
Кај Бензема можеби талентот не е толку видлив но човекот го има на сите страни, се враќа прима топка, асистира, маркира играчи, ете иако знае да упропасти шанси сепак дава и голови. Со оглед на тоа што не се врти играта околу него има доста голови постигнато последнава календарска година.

Не сум голем фан на Бензема но тоа е реалноста. Многу мислат дека игра во Реал само заради Зидан. Но јас сум сигурен дека си го има заслужено местото во тимот и како што одминува времето се повеќе го докажува тоа.
 
И мене не ми се допаѓа Бензема, ама статистички гледано одличен напаѓач е
Си ја врши работата, константно дава голови, во последно редовен е и на Ел Класико.
Во ЛШ иако е под сенката на Роналдо кој заедно со пенали се доближи до 70 гола, Бензема има 40 гола во историјата на ЛШ и има скоро ист просек на гол по утакмица со Роналдо во ЛШ.
 
И јас да бев на местото на Бензема ќе имав голови колку него. Цела кариера во Реал ја игра со најјаките играчи на светот, кои исто се и одлични асистенти. Роналдо, Бејл, Ди Марија, Озил, Кака, Иско, Модриќ, еве сега и Крос и Хамес. Му прават милион шанси за гол и реално дрвце е оти има промашено бар пола од нив. Минатото Ел Класико постигна 2 гола (кога Реал загуби 3-4 на Бернабе), ама имаше минимум 5 сто-процентри шанси. Па и јас ќе дадам 2 гола од 5 шанси. И Рики ќе даде уствари.
 
Бензема за мене е просек, со повремен блесок, што го прави сосема ОК напаѓач. Балотели е страшен талент, тоа е неоспорно, но за сметка на талентот кој му го дал Бог, ич нема акал. Едноставно, човекот е абдал, и ако не се опамети, а сигурен сум дека нема, патем под опаметување освен непраење глупости и будалаштини подразбирам и користење на мозак при игра, односно вклопување во тактика, така да, момакот е пропалица.
 
Бензема бил просек а Балотели супер талент, колку утакмици имате изгледано вие? :eek:

Не негирам дека Балотели е талентиран, ама сигурно не е изразито повеќе од Бензема. Карим е без размислување во топ 10 талентирани напаѓачи во светот, ма и многу е десет, може и во потесен избор да се стави. Располага со сите потребни елементи за класа напаѓач, поливалентен е може да се снајде како полушпиц и крило, јака техника, јак дриблинг, игра со главa.

Најслабиот сегмент во неговата игра е малку спорото размислување во гол ситуации. Кога има милисекунди да одлучи што ќе прави знае да заебе. Али ако има „топка во лебдење“ успешноста да е гол е 99%.

Главниот проблем кај него е флегматичноста и мрзата. Заради тоа е хејтан од фановите на Реал, затоа што има долги периоди во кои игра без никаков жар, без желба за покажување и поправање дури и кога игра на ниво на напаѓач од трета косовска лига. Момакот е малку приглуп па и тоа има удел во неговото повремено незалагање на теренот, заедно со протекциите кои ги имаше заради Зидан и маркетиншки цели.

Неговиот врвен талент никогаш не бил ставен во прашање и многу грешите ако мислите дека е понеталентиран од Балотели. Туку баш напротив сеуште не заиграл во полна и константна форма за целосно да си го валолизира дарот што го има. Топло-ладно all the way, со поголеми студени периоди, кои дури и во тим со толку квалитетни играчи зад него некогаш го коштале тимот многу.
 
За талент има талент Балотели ама ептен ме нервира со неговото куртонско понашање , ипак е професионалец и треба малце поозиблно да ги сфаќа работите и башка моментално нешто не се снаоѓа баш како што треба во Ливерпул , а Бензема секогаш е на право место во право време и знае да даде гол кога е потребно , така да според ме е Бензема > Балотели
 
@Ilumious, ај прибери си го малиот, пишува кај што не треба (Пеџа). :D

Инаку, гореспоменатиот, се сили дека "една" ќе ја прекршел од.....ама јас му реков, тоа ти е исто како некој лев бек од некоја екипа да вели: "леле страв ми е од Манкиљо утре, знам дека ќе ме отепа од дриблање", а сите знаеме кој е "дриблингот" на Манкиљо.:D

Не дека го хејтам, супер бек е, ама многу добра компарација беше на ситуацијава вечерашна. :)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom