- Член од
- 11 мај 2014
- Мислења
- 1.020
- Поени од реакции
- 575
- Возраст
- 34
Ако сакаш килограми килограми оди учи занат слаткар, ем занат за цел живот ќе научиш ем ќе се поправиш.Инаку не мислам пари само за суплементи да давам. Суплементите ќе ми бидат она за коешто се правени - додатоци во исхраната. Богами на храна ќе потрошам многу повеќеИнаку тие 40.000 ден, месечно би ги давал?
Слушај друже имам братучед кој живее во село, инзворедна градба и хиперактивен максимално. Детето до пред година дена беше 48кг на 183 висина. Денес малиот е 71кг на истата висина вежба само со тоа што успеавме заедно да изработиме таму (вратило, разбој, вреќа боксерска, 1 шипка направена со бетон од некаде 20тина кг, 1 парче железо кое е од некој багер или нешто слично со тежина од 15тина кг. Исхраната најпросто да ти ја опишам многу ориз, јајца, млеко и месо какво ќе стигне и какво има дома. Месо не јадеше, сега успеав да го заебам човекот да јаде, али риба неможе да поднесе и да се готви во комшии, а не кај него. 20кг мускул речиси е невозможно без анаболици да ги достигнеш за кратко период (1-2 години). НЕ форсирај, почни да јадеш повеќе, НЕ БРОЈ ТИ КАЛОРИИ ТУКУ ЈАДИИИИИ САМО ЈАДИИИ. За поправање е лесно, топењето е маката кога нема ни коцка чоколадо иако околу тебе си јадат сите што сакаат.
Инаку тие 40.000 ден, месечно би ги давал?

Еве ти еден пример од лично искуство, јас отидов пред година и пол во Гет Реди, ме познаваат доста добро таму и и покрај познатството ми свртија филм дека Разор е страшна работа. Го зедов и го испив, по 2 месеци истиот тој вработен кој ми е познаник одамна и ми го испофали разорот дека е чудесна ствар ми вика „абе и јас го пиев ама слабо го осетив“. За да се продаде нештото и јас да имам продавница и веб страна ќе натерам 20тина души познаници да напишат по некој пофален збор и ќе ги частам по нешто гратис, тоа ќе ми донесе уште многу овци да потстрижам. Околу килограмите 6-8 ти пиша и Аце погоре се е до организмот и исхраната. Јас го имам пиено и Iso Mass Xtreme на почетокот кога започнав да се бавам со бодибилдинг и кога што би рекле постари „Господ шеташе уште по земјата“, од тој гејнер подобар и почист тешко да сретнеш, али сега цената му отиде како злато да има во него.