Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
И сеа да јадам кулен? :pos:

Не целам кон стриктно слабеење туку паралелно билдање мускулна маса и кинење на сало кај стомакот и тие страничните пошто сум skinny fat. Мисиркината шунка скапа ли е во однос на другиве сувомеснати работи?
 
Ок е ако јадеш еднаш-два пати неделно но секој ден има тоа калории.
Преферај храна богата со протеини и ниско со масти.
 
Многу ми е смешна тезата која често ја слушам од бодибилдерите за здрава исхрана, како тоа не смееш да јадеш, тоа било штетно, нездраво, а истите се пукаат со хемија цел ден, животот им е цел хемија, суплементација, стероиди, без коса на 35 години и многу други работи.

Јас не гледам ништо лошо некој ако вежба константно да изеде пица, пастрмајлија, сладолед, по некое домашно колаче, да си дозволи некој благ сок. Опасно е за тие што не вежбаат скоро ич, па јадат прекумерно цел ден и тоа калориски богата храна, но некоја храна ако е калориски богата не значи дека е нездрава.

Јадев пред 2 недели штипска пастрмајлија со пилешки стек 250 грама, малку зејтин, печена на фурна, со лута пиперка и малку салата. Што е тука нездраво?

Мислам дека одите во крајности, а на интернет ќе прочитате триста глупости коишто ќе ве советуваат така или вака.

Се е до тоа колкава мотивираност имаш за да ја достигнеш саканата цел и колку силно сакаш да ја постигнеш. Во право си можеш во исхраната и слабеење да вметнеш и пица, пастрмајлија, сладолед, по некое домашно колаче, да си дозволи некој благ сок но верувај ми побрзи и подобри резултати ќе имаш ако ги замениш истиве со овес, ориз, стек, брокула, јаткасти плодови, јајца и др "досадна" бодибилдерска храна. Тајната се крие во микроелементите витамините и оптимизацијата на метаболизмот не е само во калории плус-минус, барем не кога се работи во композиција на телото.
 
Мислење да кажете за чоколадно млеко,се случува да испијам 1 литро пред тренинг и тоа ме прави многу силен за време на тренинг дали конзумирате чоколадно млеко и кое е вашето мислење за него ?
 
Мислење да кажете за чоколадно млеко,се случува да испијам 1 литро пред тренинг и тоа ме прави многу силен за време на тренинг дали конзумирате чоколадно млеко и кое е вашето мислење за него ?
Доволен извор на јаглехидрати, исто и шеќерот си го прави своето.
 
Моментално имам околу 65кг,па би сакал да ми препорачате кои проиводи да ги јадам, односно која диета да ја следам, за да добијам едно 20кг плус? Чат-пат вежбам нешто, така да нема се да ми оди околу стомакот.
 
Не ни може се да ти оди во стомакот.Вежбај,а не чат-пат да вежбаш ако сакаш добро тело или барем делумно добро тело.

Јади леб,тестенини,мрсна но и не секогаш мрсна храна,јади кикирики,путер од кикирики,јади си чоколади,за да накачиш тие 20 кг,пошто нема теоретска шанса да ги качиш со класична боди-билдерска исхрана,освен ако не изнанадеш планина од пари на храна и суплементи.
 
Плус може да си земе гејнер ако му се дават пари, од една доза има околу 700 калории плус.
 
Последно уредено:
Плус може да си земе гајнер ако му се дават пари, од една доза има околу 700 калории плус.
Сум ја разгледувал и таа опција, можеби ќе пробам... Инаку колку кошта и од каде е најдобро да се земе? Да знам колку да заштедам.
 
Сум ја разгледувал и таа опција, можеби ќе пробам... Инаку колку кошта и од каде е најдобро да се земе? Да знам колку да заштедам.
За да качиш 20кг од суплементи спреми се да издвоиш едно 40,000ден
 
За да качиш 20кг од суплементи спреми се да издвоиш едно 40,000ден
Ех, од кај ова? Земи го пример еден од најквалитетните Quickmass 4.5 = 5100 ден. Со него сигурно креваш 6 кг. Значи ти требаат 3.3 пакувања вкупно ∼ 18300 ден. Не ги шокирајте луѓето.
 
За да качиш 20кг од суплементи спреми се да издвоиш едно 40,000ден
Инаку не мислам пари само за суплементи да давам. Суплементите ќе ми бидат она за коешто се правени - додатоци во исхраната. Богами на храна ќе потрошам многу повеќе :D Инаку тие 40.000 ден, месечно би ги давал?
 
Комбинирај суплементи со храна. И кога идеш да спортуваш или пешачиш носи си секогаш барови (чоколатца) за да надоместиш одма кг. Ја така научив и функционира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom