Која е потребата од Станиќ кој не знаеме во каква форма е, за кој знаеме дека ќе има проблеми со навивачите, кој знаеме дека е проблематичен и неконстантен, во ситуација кога го имаме ШТЕРБИК, надополнет со перспективниот Милиќ и искусниот Диви. Сети се само лани кои беа голманите на Вардар, до каде стигна Вардар и како бранеа Џамбо и Диви против Хамбург (дома/гости) и Фленсбург (дома/гости). И дали си нормален со муабетот за Алекс, веќе е страшен десен бек, веќе е меѓу најдобрите на светот а е толку млад, и ти би го мењал ? Формата на Кире ќе оди само во надолна линија, а на Алекс во нагорна, единствениот проблем на Вардар на десен бек е немањето соодветна замена за Алекс, што значи при недај боже негова повреда ќе останеме без десен бек. Значи таму треба играч со искуство, бек шутер кој ќе му дозволи на Алекс поголем одмор, но и поголема минутажа на Алекс во ЛШ, како и простор на Терзиќ да се развива во СЕХА. Кога водиш клуб не мислиш само на моменталниот тим и моменталната сезона, туку мислиш и на иднината. Да ги донесеш и Вугринец и Кире во Вардар треба да си најголемиот идиот, еден од нив ќе заврши огромна работа, ама во никој случај не би ги ставил во преден план пред Душебаев. И за крај, не ни требаат гомна кои плукале по клубот и се однесувале сељачки и провокаторски спрема Комити, така да олабави со Станиќ.