Фан клуб - РК Вардар

Двете позиции се критични затоа што немаат врвна замена. Ако сакаш да кажеш дека Диви и Милиќ се замена за Штербик тогаш незнам што да ти кажам.
диви и милиќ лани не донесоа на чекор од Ф4 ...за 2 и 3 голман се одлични башка што милиќ е млад и со доаѓање на станиќ само би се закочил неговиот развој...нема потреба од станиќ башка штербик го имаме..а ако идеш на карта што ако се повреди штербик ондак може да збориме што ако баба ти имала муда дали ќе ти била дедо? хипотетчки збориме...
 
И Борко со текот на времето се прифати, потоа дојде и Диви и тој се прифати гледам, ако ги мериме глупостите на Диви што ги правеше додека играше за Пелистер може на исто рамниште да го ставиме со Станиќ сепак младинава го прифати и Дивиот, јас лично не му го скаднирам она Диви Диви и може не се согласувам со тоа што дел од младинава во групата го скандира него, за некои работи од минатото јас не му ги забоварам на Дивиот.
А ако дојде Станиќ бидејќи Вардар има и од оние античкине навивачи ништо чудно и тие да бидат први со она Даркооооо Станииииќ, кај нас се брзо се заборава така што може Станиќ и да стане омилен кај некои, од мене ќе добива пцуење и свирење макар би бил еден и единствен и никој да не се сложува за тоа со мене.
 
Ќе бидеме барем двајца што ќе го пцуеме. ;)
 
А што па Станиќ му има на Вардар направено лошо? Да не почна он прв да провоцира случајно? Не! Комитите први го провоцираа и го навредуваа, иди види што само му пееја па после кога он им врати, он бил крив, па не бил пожелен. Абе ајде?

Дај бе не го дрви више, пишуваш еден куп глупости. Кој почнал прв кој втор небитно, имаме фантастично трио голмани и Станиќ само ќе ја наруши атмосферата во тимот и односот управа - Комити. Многу пати има провоцирано без да се пее ништо кон него, многу пати бил пцуен свиркан, и ваков играч треба да си луд да донесеш, поготово на позиција кај што не ти врши работа. Замараше и за Кире, ако е вистина муабетот дека Македа е договорен, Кире не ни треба, Душебаев мора да се задржи! Во случај да не дојде Македа, тогаш може да се потпише Кире како втора опција на десен бек
 
Во ниеден случај не ни е потребен Станиќ.
Со тоа ќе се стагнира развојот на Милиќ на пример, а од друга страна јас не знам ниеден тим во светов што во составот има двајца голмани од највисок калибар (Штербик и Станиќ).
Станиќ е личност што може лошо да влијае врз атмосферата во тимот, а тоа е она што нас не краси во моментов, позитивната атмосфера во составот.
И да ги тргнеме настрана неговите несогласувања со фановите на Вардар, пак ќе биде голема грешка ако го земеме во составот.

За Вугринец веќе е друг муабетот. И он е терсене карактер, ама бар од играчки аспект му е потребен на моменталниов тим на Вардар. Петриќ секако нема да игра голема улога годинава, а за Алекс замена реално немаме. Терзиќ е добар може за СЕХА лига, ама за повеќе тешко. Вугринец е добро решение ако дојде само за до крајот на оваа сезона (за повеќе не ни треба), но под услов да може да игра во ЛШ. Со други зборови ако заигра за Металург во ЛШ, тогаш немаме потреба од него.
Со оглед на тоа што ќе игра против Кил, тоа ќе значи дека нема што да бара во Вардар после тоа.
 
Милиќ со добар развој може топ 3 светски голмани да биде за едно 4-5 години.
Па ако биде паметен и да "краде" од Штербик, дефинитивно може. Особено со таа градба што ја има.
 
Нека го договорат Вугринец до пред Кил или нека биди "повреден" и со Кил.
 
Најјако: T-Mobile/T-Home спонзор, а картите се продаваат во салоните на One. :D
Картите ги продава МкТикетс, а не Вардар колку што знам..

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Нека го договорат Вугринец до пред Кил или нека биди "повреден" и со Кил.
Он изјави дека сака да игра за Металург против Кил, но се е оставено во рацете на клубот. Дали пробуваат да го продадат или пак да го раскинат договорот како договорот на Станиќ не знам...
 
Картите ги продава МкТикетс, а не Вардар колку што знам..

Sent from my iPhone using Tapatalk

Да де, али сепак карти за Вардар моеш да купиш во One. :)

Можат сеа да направат од T--- посебни пакети:
За само 1490 денари месечно, со новиот 3Max Dibirov пакет добиваш неограничена минутажа и суперсонична брзина. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom