Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Без претерување. :D Нит се мал милион, нит се поквалитетни (без тоа каде, каде). Најмногу што може да бидат е на исто ниво, макар што ако се земе во предвид интензитетот на фудбалот што се играл и игра, и тоа е ептен дискутабилно.

Затоа е многу тешко да се прави олтајм 11ка или олтајм 5ка во баскет. Може да се направи за декада, каде што помалку или повеќе играат исти играчи околу нив одреден период, се прават исти тренинзи, со ист интензитет, играта е иста со не толку голема разлика пример од онаа што се играше во 2004та и оваа сега во 2014та.
 
Ја малце доцнам, еве ја мојата со играчите кои сум ги фатил и гледал како жарат во ПЛ.
- Чех -
- Иванович - Тери - Карваљо - Кол -
- Балак - Есиен - Лампард - Хазард -
- Дрогба - Џо Кол -​
Ова е мојата идеална 11ка. Тери и Карваљо ќе останат најдоброто штоперско дуо што некад постоело, додека Кол и Иванович мислам дека поставија нови стандарди кога се работи за бекови.
За другите горе доле нема што да коментирам, се работи за класа играчи што ги има еден или двајца во генерација, често и во 10 години. Некои завршија со своите кариери, некои сеуште играат, други сеуште се мачат да се вратат во некоја форма, но факт е дека оставија неверојатен белег во ПЛ, особено за фановите на Челзи.
Special mentions до Гери Кехил, Арјен Робен, Анелка, Пауло Фереира па и Калу ќе го ставам кој секогаш беше одличен џокер кога ќе влезеше во игра.
 
Што е ова со Арсенал и Озил што пишуваат сите на твитер? :unsure:
 
Што е ова со Арсенал и Озил што пишуваат сите на твитер? :unsure:
На Дејли Феил пред малце искочи вест дека сакал да си оди наводно и Баерн го сакале. Мада новинаров што ја објавил веста кажа Ди Марија дека немало да дојде кај нас, некни за поништениот гол на Вест Хем кажа дека иако бил офсајд некад требало да им се прогледува на напаѓачите низ прсти, ми делува на мозочно оштетен.

Ми делува како вест која би ја објавил на Твитер тој агентот хамбургерџија од Лестер :D
 
Да беше точно се како што Дејли Фејл пишува, фудбалот којзнае докаде ќе беше отиден.
 
Кога се работи за Арсенал не би ме чудилп ништо.
1. Јануари
2. Озил
3. Трансфер
4. Профит
5. Стадион
10. IN WENGER WE TRUST
 
Море после натпреварот на СБ, имаше приватен разговор со Мурињо. Нека не ве чуди ништо :sneaky:
 
Кога се работи за Арсенал не би ме чудилп ништо.
1. Јануари
2. Озил
3. Трансфер
4. Профит
5. Стадион
10. IN WENGER WE TRUST

Кој ебан профит, нема шанси некој во моментов да даде толку пари колку што Арсенал го купи.
 
Леман
Лоран - Кемпбел - Адамс - Кол
Фреди-Жилберто-Виера-Пирес
Бергкамп-Анри

honorable mentions: Фабрегас, Сања, Туре, Парлоур, Кану, Вилторд

Никој од сегашниве не би можел да влезе у мојата најдобра 11ка, најблиску за тоа е Волкот а другите имаат уште ептен многу.
 
Анри е д кинг во премиер лига. N1 досега.
 
Па тоа е истото што и ја го кажувам, страшен осет за гол имаше...тука е пред Анри дефинитивно...Како олд скул
Море после натпреварот на СБ, имаше приватен разговор со Мурињо. Нека не ве чуди ништо :sneaky:

Нема проблем ...Озил <--> Фабре во секое време
 
Неможам да го ставам пред Анри највеќе нели дека е легенда на Челси, ама и у секое финале гол има дадено. Посебно се истакнуваше на големите утакмици/дербиња, Анри тука малце кочеше, беше далеку поголем талент од Дрогба, но овој успеа повеќе како играч.
Собра се од трофеи, сегде имаше масивен удел.


Чекај сеа, добро разбрав дека викаш дека Дрогба успеал повеќе како играч од Анри? Покрај сите индивидуални достигнувања на Анри, за кои Дрогба може и да сања, Анри има освоено Премиер лига, Примера, секакви купови, бил дел од Инвинсиблс, Светско, Европско, Лига на шампиони и во сите тие титули бил ако не најглавен, во топ 3 играчи сигурно.
 
Чекај сеа, добро разбрав дека викаш дека Дрогба успеал повеќе како играч од Анри? Покрај сите индивидуални достигнувања на Анри, за кои Дрогба може и да сања, Анри има освоено Премиер лига, Примера, секакви купови, бил дел од Инвинсиблс, Светско, Европско, Лига на шампиони и во сите тие титули бил ако не најглавен, во топ 3 играчи сигурно.
Го гледав Анри, и добро знаев колку го прогонуваа за неговите слаби настапи против силни екипи, потоа финалето у ЛШ со неговиот лош настап против Барселона. Примера и ЛШ ги освои со Барса, незнам колкав фактор беше покрај Меси и Ето и двајцата у врвна форма дадоа по 30 голови. Учинокот на Дрогба за освојување на клубот ЛШ/Лига/Купови е енормен.
Дрогба практично сам ги носеше на грб Челси до првата ЛШ.[DOUBLEPOST=1413131292][/DOUBLEPOST]Зборејќи за Англија и Премиер, Анри со Арсенал како што знам има две Лиги и три ФА купа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom