Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Добар е Lucy?
Вакви прашања ми се тапа пошто сепак се работи за вкусови.
Филм што сите го фалат на фејсбук не мора да значи дека е добар :D
Исто како и филм што сите го фалат на форумов не значи дека е добар :D

Мене лично не ми беше ептен добар..
Ако немаш попаметна работа глеј го, во спротивно не пропушташ ништо многу.
Исто така ептен е краток. 80 мин. само трае.

Ама ова мене ак ме најдовте...тебе можеби поинакво мислење ќе ти остави филмов :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ida е феноменален филм, чекор погоре од се друго номинирано.
Но оскар најверојатно ќе земе Mommy. :/
Јас многу очекувам од Mommy, си ги гледал другите на Долан? Јас пред некој ден ги гледав Laurence Anyways и Heartbeats, а пред 2-3 недели "Tom at the farm" кој некако нај ми легна, баш онака уметнички филм, иако и другите два беа солидни. Него за последниов има доста добри критики.

Јас мислам оскарот оди или кај Ида (прекрасен филм) или кај турскиот Winter Sleep, а може да изненаде и Force Majeure, инаку мислам дека не е така јака конкуренцијата како лани, али ќе видиме.
 
W

wicked_1

Гостин
Јас многу очекувам од Mommy, си ги гледал другите на Долан? Јас пред некој ден ги гледав Laurence Anyways и Heartbeats, а пред 2-3 недели "Tom at the farm" кој некако нај ми легна, баш онака уметнички филм, иако и другите два беа солидни. Него за последниов има доста добри критики.

Јас мислам оскарот оди или кај Ида (прекрасен филм) или кај турскиот Winter Sleep, а може да изненаде и Force Majeure, инаку мислам дека не е така јака конкуренцијата како лани, али ќе видиме.
Само I Killed My Mother го иам гледано кој му е нешто како автобиографија и Heartbeats, другo не. Ќе прерасне дечкото у доста добар режисер, само да не скрене у некој лош хипстерски правец, незнам што ќе излезе од Mommy ама не ми стои дека ќе биде филм за сексуална ориентација како шо му е сето претходно.
Навивам за Ida јас.[DOUBLEPOST=1413076459][/DOUBLEPOST]
не
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Го гледав The Grand Budapest Hotel. Свршив на симетријата во филмот. Многу придавки. Интересна приказна. Очекував нешто друго.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
После толку време, конечно да ги изгледам Godzilla и Winter Soldier. Колку и да го сакам првиот дел, бледнее во споредба со вториов, а ми е меѓу топ 3 superhero филмчиња of all time, сосема заслужено. За Годзила немам зборови :D.

Глеав и едно интересно sci-fi парче кое иако ми остави мешани чувства сепак би гo препорачал некому да го гледа.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Ок си е бе Грандот, онака лежерен филм, барем естетски нашминкан нека сиби мајката.
Приказната онака беше :)

Eyes Without A Face (trailer)

Јас ова гледав деновиве. Забеган филм, несекојдневна тематика, со една од најкрипи сцените ever. Целата атмосфера и амбиент во филмот се некако забавени, слоумоушнски мрачни и мистични.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom