Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

W

wicked_1

Гостин
Хари Потер и неговата опсесија со змии и секакви видови на влекачи
HORNS (2013)



филмов беше прикажан на некој фестивал лани, и дури сега гледам имаше HDrip на замунда па си реков зошто да не :)
Хари потер се врати на сцената како американец кој живее во некое градче блиску Сиетл. животот си го поминуваше лагано заедно со една црвенокоса кој плени со нејзината убавина, но еден ден неговата девојка е ладнокрвно убиена и единствен осомничен за тоа дело е токму Хари потер. филм направен според истоимениот роман и е прилично забавен со одредена доза на хумор и хорор. филмот трае точно 2 часа но не ми преставуваше никаков проблем и во ниеден момент не решив да сменам и да проверам дали има нешто друго на нет туку онака будно си го следев филмот. воведот и првите 45 минути се подинамични и поинтересни затоа што почнуваш пополека да навлегуваш во приказната и да и обрнуваш доволно внимание. иако имаше мистерија во филмот и јас лично си изигравав детектив и се трудев да откријам пред време за кој е убиецот сепак немаше таков Крими елемент шо и не беше така лошо.

Приказната се вртеше околу Хари Потер кој пукаше американски акцент и реално беше солиден во филмот и немам никакви забелешки за него. Неговата трансформација во демонско битие и неговото "влијание" и подбуцнување онака кажано Џаолски како во македонските народни приказни каде што Гоце Тодоровски метафорично "ќе искини 300 рала опиници" за да те стави на бесилка, овде нормално тоа дејство се одвива многу побрзо.

има од време на време падови филмот и успорува но сепак генерално гледано солиден филм со добра глума на сите актери кој 75 % беа млади.
нема некој мајндфак и тупење и пренасочување на приказната лево десно туку се базираше на флешбекови кој беа повремени и не сметаа многу ( иако не сум некој голем фан на флешбекс). за продукцијата се гледа дека не потрошиле многу али сепак заслужува да заработи добра пара. Juno Temple e преубава и така :)

7.5 Оценка
(се гледа филмчево ако едноставно го оставиш онака и да не се замараш доволно, ако бараш логика или да бараш дупки во сценариото ете го Pi погоре тој е ремек дело гледајте го него )
Првата реченица од рецензијата треба да е вметната у плотот на IMDb.

*вришти рејтингот 7.5 :D
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Првата реченица од рецензијата треба да е вметната у плотот на IMDb.

*вришти рејтингот 7.5 :D
во несвест да падниш од тоа змиите :D
еј само немој да ме завлекуваш во дискусии дали вреди за седум и полка филмот или не, секој си поставува сопствен систем за оценување :)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
во несвест да падниш од тоа змиите :D
еј само немој да ме завлекуваш во дискусии дали вреди за седум и полка филмот или не, секој си поставува сопствен систем за оценување :)
you suck and your систем за оценување suck

:)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.417
Поени од реакции
38.961
Хорнс беше добар , али Дани беше извонреден. Глумец со педигре.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Џулиен Мур развали во Maps to the stars, дефинитивно треба да добие Оскар номинација, инаку најсилната карика во филмот. Не знам што му е на Кроненберг со последните два филма, тотално поразлично пример од A history of violence, Eastern Promises и Dangerous Method. Ајде овој не беше така лош, глумците го извадија, ама Cosmopolis ужас ужаса.

Mи се допадна целиот тој приказ на пропали Холивудски ѕвезди, Миа Васиковска :love: + , оној вампирон не сакам да го гледам, значи толку одбивност и покрај разни улоги до него е нешто..
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Кој ви се овие филмови бе за 60 годишни чичковци. :LOL:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ио заборави што и како беше у филмот, ние уште не сме го гледале..
 
W

wicked_1

Гостин
Џулиен Мур развали во Maps to the stars, дефинитивно треба да добие Оскар номинација, инаку најсилната карика во филмот. Не знам што му е на Кроненберг со последните два филма, тотално поразлично пример од A history of violence, Eastern Promises и Dangerous Method. Ајде овој не беше така лош, глумците го извадија, ама Cosmopolis ужас ужаса.

Mи се допадна целиот тој приказ на пропали Холивудски ѕвезди, Миа Васиковска :love: + , оној вампирон не сакам да го гледам, значи толку одбивност и покрај разни улоги до него е нешто..
Жити филмот A Dangerous Method, на таква сторија и таков каст, еден од најлошо прераскажаните филмови шо сум ги гледал, скрипта испод секое ниво.
Кроненберг најчесто го вадат глумците дека снима високобуџетни филмови, инаку просечен режисер ми е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom