Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Рома го изеде немиен,Јуве изби на прво место.Можете да кукате колку сакате,слики видеа да ставате ама утакмицата нема да се преигра ако тоа ви е целта.Идете штрајкувајте пред канцелариите на Јувентус доц Маседониа,шо да ви кажам.Кој е надвор од Скопје нека прати писмо до Сабатини да ви обезбеди автобуси.:icon_lol:
 
^Дежурен си овде ?
 
Eве ти ПРИНТСКРИН од ФИФА И УЕФА правилникот за игра:

ijw0Egf.jpg

UjKdF63.png

Значи СЕКОЕ играње со рака на играч ОСВЕН голман, се санкционира. Ако играчот попречи постигнување на гол на противничкиот тум употребувајќи рака му се дава ЦРВЕН КАРТОН и се свири пенал, ако бил во пеналтикот, ако е надвор од него СЛОБОДЕН! Финито!

Судијата може да дозволи продолжување на играта после допирот со топката само ако ИМА ПРЕДНОСТ да постигне гол тој што ја шутнал топката.
Една работа ќе те прашам, ама искрено да ми одговориш. Колку пати си видел игра со рака да биде забележана од страна на судијата, а да не биде санкционирана?

Јас безброј пати. Речиси на секој втор натпревар го гледам тоа, па ако сум изгледал во животот 1000 натпревари, тогаш 500 пати сум видел. Тоа е така затоа што не секоја игра со рака е пенал.

Овде грешиш и не го сфаќаш добро правилото. Знаеш што значи handling the ball? Тоа не значи топката да ја удри раката. Туку обратно. Со раката да ја удриш топката. Значи во груб превод намерно да го направиш тоа. Не за џабе е дадена паралела со аутот. Таму играчот има право свесно и намерно да ја зема топката со раката и да игра со неа. Тоа не му е дозволено на никое друго место, но не значи дека секогаш кога топката ќе му удри во раката тоа ќе биде санкционирано.

Некој да не знае, ќе си рече овој анти-јувенташ ама оваа игра со рака на играчот на Рома е единствениот настан од натпреварот за кој сум сигурен каква требаше да биде одлуката-дека не е пенал. Другите ситуации се ептен дискутабилни и на лимитот на нештата, што речиси и да нема едно и единствено објаснување. Она што ми е јасно и го разбирам е тоа што два можни слободни удари или пенали, судијата ги досуди пенали во полза на еден тим и тоа предизквикува фрустрации. Ама она на Тоти е жив претеризам. Местење, требало во посебна лига, секако Јувентус морал да победи, my ass.
 
29e27ip.jpg

Кога ќе погледнам подобро, Видал е се што стои измеѓу топката и голот на Рома. Чист офсајд како што може да се види. Campionato Falsato!!! Јуве местачи!
Ти како модератор нели треба да ја смириш тензијата, наместо да продолжиш каде тераат скоро 90% од фановите на Јуве и Рома?:)

Преку глава ми е од се. Веќе не ме интересира кое било пенал а кое не. Последно нешто што прашав е за третиот гол кои се правилата, Мондо и Предатор објасниа убаво, значи останува на судијата да одлучи, сега јбг што одлучил дека е гол не значи дека пристрасен или поткупен, се надевам и Рома да била во таква ситуација исто би постапил.

Не терам теории на заговор дека Јуве мести или го поткупил Роки или некој друг судија, али ај оставам некои 5% шанси да се работи и за такво нешто, ма да ќе повторам, тоа не ми се мота во глава.
Главен виновник за СЕ на оваа утакмица беше Роки и целиот негов екипаж. Никој не ја спомна ситуацијата каде Рома напаѓаше и топката беше испадната веќе во голаут, ама судијата позади голот на пола метар од ситуацијата не виде убаво и ја продолжи играта каде Жервињо ја уфрли во игра.
Во ситуацијата со Манолас, реално требаше да помине гркот еден степен повеќе казнет од Мората или жолт за Манолас а на Мората ништо или пак црвен за Манолас, а на Мората жолт(само ради жустриот и опасниот старт иако Манолас дури и не беше поткачен).
За ситуацијата со Мбива, Мондонико убаво објасни(исто како и за третиот гол на Јуве), се слагам и со двете негови мислења дека едното не е пенал а дека другото е прифатливо за регуларен гол.

Е сега пеналите, стварно незнам што да кажам, сите три пенали ми се на еднакво рамништие(ту би, ор нот ту би), веќе преку глава ми е на кантар да ги мерам, али мене не ми е јасно како може професионален судија толку да нема осет за вака важна утакмица, па свесен ли е тој Роки(све да му ебам) каков само циркус направи од едно Дерби, како можеше да испадне таква лејка, па цел свет го гледаше натпреварот, мораше ли во вакво светло да ја прикаже Итаијанската лига, ова беше еден од двата најинтересни дуели во сезоната на ова наше проклето италијанско првенство, ако некој неутрален навивач би решил некогаш да седне и да гледа Калчо оваа година сигурно би ја одбрал оваа утакмица, јас незнам како судијата целиот фудбалски италијански сојуз си дозволи вакво нешто, утакмицата требаше да биде реклама и некоја си промоција на Сериа А во подбро светло. Па повеќе ме нервираат овие работи што ги наведов отколку ваквиот пораз, на сите познаници што ги знам им наведов да гледаат супер Дерби и убава утакмица, па подобро ќе беше Рома чесно да изгубеше 3-0, подобро ќе сварев таков пораз туку ова што се случи.

Друга работа, очи си вадеме тука ради изјавите од типот на Тоти, но и од типот на Бонучи, Вас ве нервираше онаа на Тоти, а мене онаа на Бонучи.
Ќе почнам со Тоти. Цел живот во Рома, тим кој во неговата 23 годишна кариера само 2 години беше здрав конкурент за титула(од 2000 до 2002год.) од кои едната ја освои, другата за малку. Во наредните години тимот никогаш не беше главен конкурент за титула, НО имаше неколку сезони, 5 мислам дека беа каде беше завршувал втор, од кои 5 барем 2 да освоеше немаше да бидат незаслужени. Со добар тренер добра филозофија и солидни играчи на крила на Капитенот барем еднаш или два пати немаше да биде незаслужено да беа прваци во овие 14 години дури ќе дадеше одличен шмек и пример за интересна лига. Сето тоа го уништуваа некои сосема трети и надворешни влијаниа, не сакам да навлегувам во теории на заговор, не сакам да бидам плачко, но верувајте такво чувство постои и кај мене и кај сите фанови на Рома, во таквите години секогаш имавме впечаток дека другиот тим беше туркан и имаше ветар у грб за титулата и мене ми е криво зошто еднаш Рома не се најде во таква ситуација,барем еднаш ќе беше доволлно да се освои барем плус едно Скудето. Сега си велам зошто оној проклет Роки неговите погрешни одлуки не ги направеше обратно, зошто некогаш Рома не ја има таа привилегија. Со текот на години ради ваквите случувања како фан на Рома ти доаѓа да полудиш, и после она проклето Калчополи повторно да си помислиш на свашта. Затоа Тоти треба да биде малку сватен, се одлучи цел живот да остане за тимот во кој што навивал како мал, тоа е сон за секој играч, да играш во твојот омилен клуб и да освојуваш титули со истиот, но како што кажав од друга страна никој не му е крив што остана во клубот кој 80% од неговата 23 годишна кариера не му обезбеди тим за титула. Со тоа нервите попуштаат, посебно кога ќе сватиш дека и со таков тим на неколку наврати си бил блиску до титулата, е тука е болното и нервозното, те тера да помислиш на се. Остајте ги легендите на Милан, Интер и Јувентус, тие бар 50-60% од нивните кариери тимовите им беа конкуренти за титулата и сите во еден период добиваа ветер у леџа, никој од нив ја нема осетено таа горчина и неправда како Тоти, играч кој од фудбалска гледна точка може да се каже дека е и најдобар од нив.
А сега ајде некој од фановите на Јувентус да ми ја каже логиката во изјавата на Бонучи?
"Јуве вечерва уште еднаш покажа дека се најсилна екипа во Италија" .......
Да се разбереме, Јувентус до лани и последните три години, не само што беа најсилна италијанска екипа, тука изгледаа супериорни, не е битно дали останатите биле слаби, ама на чело со Конте и неговата борбеност и мотивација успеваа да изгазат се пред себе три години по ред, дури и против никакви тимови каде верувам на пола од играчите не им се ни играло, тешко е да победиш и кога немаш мотивација кога се е решено па дури и против нискоразреден тим, но не и кај Јувентус, едноставно мелеа, посебно последните две години. Значи никој ништо не оспорува. Ама оваа година Рома оди рамо до рамо со Јувентус, победа за победа, во ЛШ исто така докажува дека победите не се случајни и дека се сериозна екипа исто и како Јуве,не се појаки од Јуве, ама оваа година стварно можат да му парираат, се виде тоа и на вчерашниот меч, знаеме Јуве како одигра лани на домашен терен, разликата е голема и во играта и во менталитетот и квалитетот на Рома, И покрај тоа и покрај сите срања и нерегуларности за двете страни и покрај тоа што најреално според се ќе беше нерешен резултат, Бонучи се најде да даде таква изјава, нереална, провокаторска и срамна.
Што е тука исто така трагично, што на овој форум има таков степен на пристрасност, каде некои фанови на Јуве, не само што го делат мислењето на Бонучи дека Јувентус им покажал на Рома кој е кој во Италија, туку се убедени дека нивниот тим е оштетен:facepalm:. Ало бе, па зар нели може да се има малку објективност, знам дека си го сакате тимот ама бидете малку присебни. Јас можев тука пред сите да ви честитам победа, спремен бев да не коментирам за ништо од утакмицата(нормално не издржав кога почнав да читам мислења на темата), можев да признаам дека третиот гол се прифаќа како регуларен(иако некои тврдат дека можело и да се поништи), сега што сакате?? да ви кажам дека сте оштетени што не добивте трет пенал ? така се ќе беше во ред со утакмицата? правдата ќе беше задоволена??
Па нели гледате дека цел свет и се смее на оваа никаква лига, нели ве фаќа малку срам за некои работи, па со кој и да е неутрален фан да отворам на резултати и да видиме дека Јуве дал гол од пенал реакцијата е иста "повторно им поклониле пенал на Јуве", па мене искрено ме нервира тоа кога ќе го слушнам, па морам да објаснувам дека сигурно е било пенал па е свирнат, јас се нервирам, незнам вие како поминувате и како трпите. Па со таквите такви ситуации не испаѓа критикуван само Јуве, туку автоматски се вреѓа и цела лига, мене тоа ме нервира. И онака лигата тапка во место, како шампиони на Италија 3 години по ред во Европа немате некои значителни резултати, не реков дека сте се посрамиле,ама ипак немавте значителни резултати како шампиони на Италија, а знаете тука да викате *Гранде Јуве*, најјаки сме. Со секој пораз се учи по нешто, се учи од грешките, а со тоа се донасаат и одлуки за во иднина, во вашиот случај конкретно дека имате тим наспроти вас кој еве да речеме ви изграеше нерешено на ваш терен или ве тепаше, тука веќе ви се уклучува алармот, веднаш се прават и напори и размислувања за посилен тим, бидејќи веќе постои конкурент кој им земал бод дома и екипа која е стабилна да ги предизвика на борба за титула до последно коло, со тоа може уште во Јануари да се случи тимот да биде освежен со засилување, со кое ќе бидете посигурни во освојување на 4-тата титула по ред, па и засилување кое можеби ќе ве направи посилни во Европа и ќе ви донесе значителни резултати. Па дури и ништо да не се случи во Јануари, на лето би биле поактивни кога веќе знаете дека со тимот што го располагате сте изгубил титула, а истата ви е во знак прашалник и за наредната година доколку соодветно не се засилите, бидејќи противникот се повеќе се надоградува, а на повидок се можеби и нови конкуренти. Во такви ситуации и Јувентус е во придобивки, прави се помоќен и помоќен тим, тоа би се одразило и со одлични резултати во Европа.

Или па вака ви е поарно, тепавте, докажавте дека сте повторно доминантни во Италија, ја искинавте Рома, а во блиска иднина ќе се мачите со Олимпијакос, ќе велите како пораз од 1-0 во Мадрид против Атлетико е одличен резултат за екипата(иако коефициентот за кец беше 3.4 а за вас 2 и нешто), а на зимо и лето Марота и газдата ќе ве убедуваат како овој тим е перфектен и дека не се потребни многу пари за скапи засилувања. И наредната година повторно иста песна, јово на ново, најјаки сте во Италија, а се мачите во Европа, а првенството тоне ли тоне.

Не сакам некој да биде навреден од овој пост, сето ова изложено е од моја гледна точка, нормално дека во овој пост има работи со кои не се слагате,а вајда и јас некаде имам лоши проценки за некои работи(не велам не) али ипак поштедете ме од кратки и провокативни реченици, доколку некој сака да дискутира нека повели.
 
@Boom Shaka Lakka виде вака, Бонучи колку и да звучи антипатично и несериозно, не ијзави ништо во споредба со она на Тотти.Не го оправдувам ни јас Бонучи, ама ако бараш да те сватиме за случајот со вашиот капитен, еве ја барам да го сватип случајот на Бонучи.Момакот многу киксови има за перење, пробува максимално да се вади кај навивачите. :)

get
 
Со тоа колку се разидени мислењата, се гледа колку одлуките беа тешки за носење, а судијата погреши најмногу од оној аспект на осет и свест за судење голем натпревар. Голем натпревар не се суди на тој начин, туку во него тензијата треба да биде спуштена на најниско ниво, а големите одлуки (пенали и црвени) треба да бидат употребувани само таму каде што нема друга опција.

Не знам колку се сеќавате на натпреварот Јуве-Рома од Јануари, пред се на судењето (кое пак предизвика малку нервоза кај навивачите на Рома), но Рицоли тогаш од секој можен медиум во Италија доби 10ка токму поради она што го реков погоре. Тензијата ја смири, додели два жолти картони во прво поради протести и после тоа никој не се осмели да зуцне. Употреби два црвени картони во последните 10 минути, но реално тие беа правилни и неопходни.
 
Доколку се сеќаваш освен што ви честитав заслужена победа, ниту еднаш не реков нешто за црвените. Јас и вчера ви честитав победа. Наредната со Јуве и лактот на Киелини мислам дека предизвика мало кошкање меѓу нас, како и да е повторувам, во мечот кој заврши 3-0 Јуве имаше чиста победа.
 
Море имаше овде моралисти кои изиграваа некој и тогаш. И не само овде, туку и низ медиумскиот простор во Италија. Не беше ти изгледа, али дефинитивно и тогаш имаше малку препукувања.

Вториот натпревар што и да се деси, сепак не беше важен веќе за крајниот резултат.
 
Една работа ќе те прашам, ама искрено да ми одговориш. Колку пати си видел игра со рака да биде забележана од страна на судијата, а да не биде санкционирана?

Јас безброј пати. Речиси на секој втор натпревар го гледам тоа, па ако сум изгледал во животот 1000 натпревари, тогаш 500 пати сум видел. Тоа е така затоа што не секоја игра со рака е пенал.
Точно е тоа дека не секогаш се суди рака во казнениот простор, но да свирнеше пенал тогаш ќе имаше далеку поголема логика од колку да свири потоа нели? Раката не му беше баш припоена до телото, точно дека се штитеше од удар на силна топка, но рака одделена од телото при контакт со топка во 16-тик се санкционира, и ќе беше далеку полегитимно и поверодостојно да свирнеше тогаш пенал, отколку во сите 3 пенали што ги свирна судијата. Играчот на Рома изреагира рефлексно, ненамерно, но како што напиша @јас погоре, ако се бранат сите така кај ќе биде крајот? Еве вчера на пример вечерта, на натпреварот Фиорентина Интер, после шутот од Бабакар ми се чини од 20тина метри, кога Видич се тргна од топката бидејќи беше силна и можеше да го повреди, а потоа топката влезе во гол, што ќе беше ако си го покријаше лицето со рацете одлепени од него само за да не го удри топката?

Главен виновник за СЕ на оваа утакмица беше Роки и целиот негов екипаж. Никој не ја спомна ситуацијата каде Рома напаѓаше и топката беше испадната веќе во голаут, ама судијата позади голот на пола метар од ситуацијата не виде убаво и ја продолжи играта каде Жервињо ја уфрли во игра..
За ова се сложувам. Премногу аматерски меч, од таков поискусен судија како него. Ја испушти контролата на натпреварот, почна да се губи, и епилогот се знае. Прво дозволи малце погруба игра, после почна да санкционира и за најмал старт. Аматеризам.

Друга работа, очи си вадеме тука ради изјавите од типот на Тоти, но и од типот на Бонучи, Вас ве нервираше онаа на Тоти, а мене онаа на Бонучи.
А сега ајде некој од фановите на Јувентус да ми ја каже логиката во изјавата на Бонучи?
"Јуве вечерва уште еднаш покажа дека се најсилна екипа во Италија" ........
Овие се изјави од оние што сакаат да го кренат тимскиот морал, и тимскиот дух на екипата, а во конкретниов случај, дадени по претходна провокација од Тоти.

Тоти и Бонучи имаа мала непријатност после дадениот пенал на Тоти. Тоти кога го даде голот отиде да прославува пред навивачите на Јувентус. Бонучи тоа го испровоцира, и реагираше и повеќе отколку што треба. Затоа добија двајцата и жолт картон.

Или па вака ви е поарно, тепавте, докажавте дека сте повторно доминантни во Италија, ја искинавте Рома, а во блиска иднина ќе се мачите со Олимпијакос, ќе велите како пораз од 1-0 во Мадрид против Атлетико е одличен резултат за екипата(иако коефициентот за кец беше 3.4 а за вас 2 и нешто), а на зимо и лето Марота и газдата ќе ве убедуваат како овој тим е перфектен и дека не се потребни многу пари за скапи засилувања. И наредната година повторно иста песна, јово на ново, најјаки сте во Италија, а се мачите во Европа, а првенството тоне ли тоне.
Тоа не е кривицата во Јувентус, ниту во кој и да е друг клуб од Италија конкретно. Фудбалот во Италија смрди од главата, т.е. ФИГЦ. Јуве и Рома (поточно, Палота и Ањели кои патем се во многу добри пријателски односи, имаат и бизнис релации во Америка) во тоа беа единствените 2 клуба кои бараа коренита реформи во ФИГЦ за да тргнат напред работите, но не успеја да ги протнат своите замисли. После им се приклучија Фиорентина,Емполи,Сасуоло и Чезена, но повеќето клубови си останаа за Тавекио и крај.

Изјавите на Ањели и Палота се достапни на интернет за тоа дека не го поддржуваат Тавекио, одпрво го поддржаа Албертини, но после ваѓањето на неговата програма за реформи, ја повлекоа поддршката, и Јуве и Рома кои најверојатно меѓусебно се координираа. Која е логиката, Ањели не го поддржува Тавекио, дава еден куп изјави против него, а после Тавекио да дозволи да има Јуве привилегирана позиција во судење?

DzkGGPA.png

За некој, ова се глупости. Ама,токму овие глупости го урнаа Калчото од ТОП 1 првенство во Европа, да биде сведено на рамниште на Литванско - Чеченско првенство.
 
Ти како модератор нели треба да ја смириш тензијата, наместо да продолжиш каде тераат скоро 90% од фановите на Јуве и Рома?:)

Преку глава ми е од се. Веќе не ме интересира кое било пенал а кое не. Последно нешто што прашав е за третиот гол кои се правилата, Мондо и Предатор објасниа убаво, значи останува на судијата да одлучи, сега јбг што одлучил дека е гол не значи дека пристрасен или поткупен, се надевам и Рома да била во таква ситуација исто би постапил.

Не терам теории на заговор дека Јуве мести или го поткупил Роки или некој друг судија, али ај оставам некои 5% шанси да се работи и за такво нешто, ма да ќе повторам, тоа не ми се мота во глава.
Главен виновник за СЕ на оваа утакмица беше Роки и целиот негов екипаж. Никој не ја спомна ситуацијата каде Рома напаѓаше и топката беше испадната веќе во голаут, ама судијата позади голот на пола метар од ситуацијата не виде убаво и ја продолжи играта каде Жервињо ја уфрли во игра.
Во ситуацијата со Манолас, реално требаше да помине гркот еден степен повеќе казнет од Мората или жолт за Манолас а на Мората ништо или пак црвен за Манолас, а на Мората жолт(само ради жустриот и опасниот старт иако Манолас дури и не беше поткачен).
За ситуацијата со Мбива, Мондонико убаво објасни(исто како и за третиот гол на Јуве), се слагам и со двете негови мислења дека едното не е пенал а дека другото е прифатливо за регуларен гол.

Е сега пеналите, стварно незнам што да кажам, сите три пенали ми се на еднакво рамништие(ту би, ор нот ту би), веќе преку глава ми е на кантар да ги мерам, али мене не ми е јасно како може професионален судија толку да нема осет за вака важна утакмица, па свесен ли е тој Роки(све да му ебам) каков само циркус направи од едно Дерби, како можеше да испадне таква лејка, па цел свет го гледаше натпреварот, мораше ли во вакво светло да ја прикаже Итаијанската лига, ова беше еден од двата најинтересни дуели во сезоната на ова наше проклето италијанско првенство, ако некој неутрален навивач би решил некогаш да седне и да гледа Калчо оваа година сигурно би ја одбрал оваа утакмица, јас незнам како судијата целиот фудбалски италијански сојуз си дозволи вакво нешто, утакмицата требаше да биде реклама и некоја си промоција на Сериа А во подбро светло. Па повеќе ме нервираат овие работи што ги наведов отколку ваквиот пораз, на сите познаници што ги знам им наведов да гледаат супер Дерби и убава утакмица, па подобро ќе беше Рома чесно да изгубеше 3-0, подобро ќе сварев таков пораз туку ова што се случи.

Друга работа, очи си вадеме тука ради изјавите од типот на Тоти, но и од типот на Бонучи, Вас ве нервираше онаа на Тоти, а мене онаа на Бонучи.
Ќе почнам со Тоти. Цел живот во Рома, тим кој во неговата 23 годишна кариера само 2 години беше здрав конкурент за титула(од 2000 до 2002год.) од кои едната ја освои, другата за малку. Во наредните години тимот никогаш не беше главен конкурент за титула, НО имаше неколку сезони, 5 мислам дека беа каде беше завршувал втор, од кои 5 барем 2 да освоеше немаше да бидат незаслужени. Со добар тренер добра филозофија и солидни играчи на крила на Капитенот барем еднаш или два пати немаше да биде незаслужено да беа прваци во овие 14 години дури ќе дадеше одличен шмек и пример за интересна лига. Сето тоа го уништуваа некои сосема трети и надворешни влијаниа, не сакам да навлегувам во теории на заговор, не сакам да бидам плачко, но верувајте такво чувство постои и кај мене и кај сите фанови на Рома, во таквите години секогаш имавме впечаток дека другиот тим беше туркан и имаше ветар у грб за титулата и мене ми е криво зошто еднаш Рома не се најде во таква ситуација,барем еднаш ќе беше доволлно да се освои барем плус едно Скудето. Сега си велам зошто оној проклет Роки неговите погрешни одлуки не ги направеше обратно, зошто некогаш Рома не ја има таа привилегија. Со текот на години ради ваквите случувања како фан на Рома ти доаѓа да полудиш, и после она проклето Калчополи повторно да си помислиш на свашта. Затоа Тоти треба да биде малку сватен, се одлучи цел живот да остане за тимот во кој што навивал како мал, тоа е сон за секој играч, да играш во твојот омилен клуб и да освојуваш титули со истиот, но како што кажав од друга страна никој не му е крив што остана во клубот кој 80% од неговата 23 годишна кариера не му обезбеди тим за титула. Со тоа нервите попуштаат, посебно кога ќе сватиш дека и со таков тим на неколку наврати си бил блиску до титулата, е тука е болното и нервозното, те тера да помислиш на се. Остајте ги легендите на Милан, Интер и Јувентус, тие бар 50-60% од нивните кариери тимовите им беа конкуренти за титулата и сите во еден период добиваа ветер у леџа, никој од нив ја нема осетено таа горчина и неправда како Тоти, играч кој од фудбалска гледна точка може да се каже дека е и најдобар од нив.
А сега ајде некој од фановите на Јувентус да ми ја каже логиката во изјавата на Бонучи?
"Јуве вечерва уште еднаш покажа дека се најсилна екипа во Италија" .......
Да се разбереме, Јувентус до лани и последните три години, не само што беа најсилна италијанска екипа, тука изгледаа супериорни, не е битно дали останатите биле слаби, ама на чело со Конте и неговата борбеност и мотивација успеваа да изгазат се пред себе три години по ред, дури и против никакви тимови каде верувам на пола од играчите не им се ни играло, тешко е да победиш и кога немаш мотивација кога се е решено па дури и против нискоразреден тим, но не и кај Јувентус, едноставно мелеа, посебно последните две години. Значи никој ништо не оспорува. Ама оваа година Рома оди рамо до рамо со Јувентус, победа за победа, во ЛШ исто така докажува дека победите не се случајни и дека се сериозна екипа исто и како Јуве,не се појаки од Јуве, ама оваа година стварно можат да му парираат, се виде тоа и на вчерашниот меч, знаеме Јуве како одигра лани на домашен терен, разликата е голема и во играта и во менталитетот и квалитетот на Рома, И покрај тоа и покрај сите срања и нерегуларности за двете страни и покрај тоа што најреално според се ќе беше нерешен резултат, Бонучи се најде да даде таква изјава, нереална, провокаторска и срамна.
Што е тука исто така трагично, што на овој форум има таков степен на пристрасност, каде некои фанови на Јуве, не само што го делат мислењето на Бонучи дека Јувентус им покажал на Рома кој е кој во Италија, туку се убедени дека нивниот тим е оштетен:facepalm:. Ало бе, па зар нели може да се има малку објективност, знам дека си го сакате тимот ама бидете малку присебни. Јас можев тука пред сите да ви честитам победа, спремен бев да не коментирам за ништо од утакмицата(нормално не издржав кога почнав да читам мислења на темата), можев да признаам дека третиот гол се прифаќа како регуларен(иако некои тврдат дека можело и да се поништи), сега што сакате?? да ви кажам дека сте оштетени што не добивте трет пенал ? така се ќе беше во ред со утакмицата? правдата ќе беше задоволена??
Па нели гледате дека цел свет и се смее на оваа никаква лига, нели ве фаќа малку срам за некои работи, па со кој и да е неутрален фан да отворам на резултати и да видиме дека Јуве дал гол од пенал реакцијата е иста "повторно им поклониле пенал на Јуве", па мене искрено ме нервира тоа кога ќе го слушнам, па морам да објаснувам дека сигурно е било пенал па е свирнат, јас се нервирам, незнам вие како поминувате и како трпите. Па со таквите такви ситуации не испаѓа критикуван само Јуве, туку автоматски се вреѓа и цела лига, мене тоа ме нервира. И онака лигата тапка во место, како шампиони на Италија 3 години по ред во Европа немате некои значителни резултати, не реков дека сте се посрамиле,ама ипак немавте значителни резултати како шампиони на Италија, а знаете тука да викате *Гранде Јуве*, најјаки сме. Со секој пораз се учи по нешто, се учи од грешките, а со тоа се донасаат и одлуки за во иднина, во вашиот случај конкретно дека имате тим наспроти вас кој еве да речеме ви изграеше нерешено на ваш терен или ве тепаше, тука веќе ви се уклучува алармот, веднаш се прават и напори и размислувања за посилен тим, бидејќи веќе постои конкурент кој им земал бод дома и екипа која е стабилна да ги предизвика на борба за титула до последно коло, со тоа може уште во Јануари да се случи тимот да биде освежен со засилување, со кое ќе бидете посигурни во освојување на 4-тата титула по ред, па и засилување кое можеби ќе ве направи посилни во Европа и ќе ви донесе значителни резултати. Па дури и ништо да не се случи во Јануари, на лето би биле поактивни кога веќе знаете дека со тимот што го располагате сте изгубил титула, а истата ви е во знак прашалник и за наредната година доколку соодветно не се засилите, бидејќи противникот се повеќе се надоградува, а на повидок се можеби и нови конкуренти. Во такви ситуации и Јувентус е во придобивки, прави се помоќен и помоќен тим, тоа би се одразило и со одлични резултати во Европа.

Или па вака ви е поарно, тепавте, докажавте дека сте повторно доминантни во Италија, ја искинавте Рома, а во блиска иднина ќе се мачите со Олимпијакос, ќе велите како пораз од 1-0 во Мадрид против Атлетико е одличен резултат за екипата(иако коефициентот за кец беше 3.4 а за вас 2 и нешто), а на зимо и лето Марота и газдата ќе ве убедуваат како овој тим е перфектен и дека не се потребни многу пари за скапи засилувања. И наредната година повторно иста песна, јово на ново, најјаки сте во Италија, а се мачите во Европа, а првенството тоне ли тоне.

Не сакам некој да биде навреден од овој пост, сето ова изложено е од моја гледна точка, нормално дека во овој пост има работи со кои не се слагате,а вајда и јас некаде имам лоши проценки за некои работи(не велам не) али ипак поштедете ме од кратки и провокативни реченици, доколку некој сака да дискутира нека повели.
Ќе бидам колку можам пократок.

Најпрвин, за првиот дел од постот. После ваква утакмица тензија нормално е да има. :) Темата го дозволува ова, дискутираме околу утакмицата. Не гледам навреди или нешто ептен недолично за темава. Модератор сум долго време, знам кога е време да се дигне ручна. :)

Сега околу останатото. Судијата ја усра утакмицата со обидите да искомпензира, факт. Не беше сигурен за стартот на Маркисио, па свирна после за раката на Маикон. Потоа, мислејќи дека со тоа ја оштети Рома, им даде нив пенал. И двата дискутабилни. За фаулот на Погба уште стојам дека беше регуларен, ијако не можам со сигурност да кажам. За голот на Бонучи сигурен сум дека беше чист како солза.

Како што гледам, вас повеќе ве раздразниле медиумиве како и изјавиве на Тоти, Бонучи, Марота, Руди и сите други одколку мислењата овде. Никој овде не рече дека Јуве докажа дека е појак од Рома. Напротив, како што кажав поназад Рома докажа дека може да биде рамноправен противник на овој Јуве. Се уште стојам на фактот дека Јуве заслужи да победи, меѓутоа не беше којзнае колку појак од Рома на утакмицата. А иначе, верувај секој од нас ќе преферираше тотална доминација како онаа лани одколку ова вчера, ама што е тука е. Заврши утакмицата, победивме, идеме даље.

И да, знаеш мене што ме нервира? Што кога и да се свирне сомнителен пенал за Јуве, одма сите скокаат. Ме нервира само кога се суди во корист на Јуве сите скокаат, и навивачи на Рома, и навивачи на Интер, и навивачи на Челзи и сите. Кога се свири против Јуве, сите траат. Засекогаш ќе бидеме “местачи“ во очите на сите ијако бевме и во втора лига, и управа сменивме, и стадион сменивме, и тим сменивме и се сменивме, ние сепак ќе бидеме местачи секогаш кога ќе се свирне нешто во наша корист. Зашто вие, Руди, Тоти и не знам кој не речете океј, судиски грешки се случуваат, идеме даље, сезоната е долга. Имаме време да се дигнеме после ова, една утакмица е во прашање. Докажавме дека можеме со Јуве да се рамниме. Но напротив, сите почнаа да скокаат, Руди и Тоти први. “Сезоната е наместена, Јуве треба во сопствена лига да игра кај што шеснаестерците им се поголеми“ бла бла. Глупости. Изреагираа ко мислиш Јуве 3 години по ред незаслужено е шампион на Италија.

Критиките за Јуве во Европа не ти ги коментирам, пошто не ти држат вода. Не е Јуве едини представник на Италија во Европа.

Да сумирам што ми е поентата на постов: Не го критикувајте Јуве за ова вчера. Свртете страна, заврши утакмицата, помирете се со поразот ваков или таков. Сезоната е долга, а сите знаеме дека Рома е достоен конкурент на Јуве. Се е можно. :)

Ипак, не бев многу краток, али морав да го кажам ова. Толку од мене околу ова.

крсте кој ти го прочита постот че о часта пиво! :cautious:

Јас го прочитав, кога да го очекувам пивото? :D
 
Последно уредено:
крсте кој ти го прочита постот че о часта пиво! :cautious:
Јас го прочитав, ама не пијам пиво.

Може ракија, мастика, узо, вино(црвено по могучност), вотка, шток, виски или што имаш да понудиш.

Само нешто да биде :icon_lol:
 
може ракија? али бела само држам :noze:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom