Фан Клуб: Барселона

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
Иниеста дали е тој бе? Па толку погрешни додавања, лесно предавање на топката, ова беше ептен лошо.
Меси се изнапромаши, Нејмар мора уште малце да се среди, некогаш беспотребно ја држи топката.
Сандро да ја имаше техниката на Мунир ќе беше совршено. Едниот го има тоа што другиот го нема, Мунир да го имаше телото на Сандро ќе беше убиствен напаѓач.
Матје добар лево, ама против посериозни противници не би ризикувал со него таму, спор е за таа позиција.
Пике денес беше добар, знае Лучо што треба да се прави со Пике. Седењето на клупа направи да ги стисне забите. Бартра ми се допаѓа, како што добива на искуство така се подобар станува.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.229
Поени од реакции
7.319
Мунир одличен? Мунир е мини Педро, само овај изигра една добра сезона а овај една утакмица. Мора уште многу да напредува за да биде материјал за прв состав. Криво ми е што кога ќе се врати Суарез Сандро ќе го вратат во Барса Б, а не него.

Ова беше добар тест за одбраната. Браво, Пике, Бартра и Матје одлични. Адриано моментално е подобра варијанта за десен бек од Алвес, очаен е.
Уште една добра утакмица на Чави. Ова многу ме радува, нема да се опуштаат Иван и Иниеста.

Треба да им укаже Лучо дека не мора по секоја цена да ја изнесуваат со пасови топката, затоа губиме доста топки. Кога гледаш дека е густо, дегажирај.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.463
Поени од реакции
39.151
Со душа чекам да ги гледам Меси Нејмар и Суарез. Мунир игра добро , можда малце неискусен али далеку подобар од Педро. Се надевам ќе се ротира со Мунир и Сандро кога ќе се врати Суарез , и Педро ќе падне во некој трет план.

Пике добра утакмица , али треба уште да се докажува. Небива со една утакмица да биде стандард. Матје добро се снајде како бек , имаше добри продори и центаршутеви. Меси му фалеше завршница денес , се друго беше супер , првиот гол беше мајсторија. Нејмар стандард.

Иниеста нема да го коментирам , секој може да има лош ден. Убаво е што Ракитич одмараше , мора да се ротират долга е сезоната. Следна со Еибар , па пуцаме на класикото. :vozbud:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Уште не можам да ги навикнам ротациите на Енрике. Рушиме пак рекорди. Меси и Нејмар се одлични, Мунир е подобар од Педро, има промени и кај Пике. Иниеста ќе се врати кога ќе биде најпотребно. Тимот оди во нагорна линија. (y)
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.290
Поооо навистина ко
ќе имат квалификации значи ми идит од задното дебело месо да си каснам.
Кој ќе ги гледа оние нашине трупој.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Јас па си помислив Нејмар нешто се заебал оти излезе од позади голот на Рајо, а не отиде да се поздрави со Сандро. Си помислив се повреди. Ич не ми текна дека има квалификации. :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
Official: Rafinha suffered a new thigh injury during training this morning, it's not clear for how long he will be out

 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Честито победа и нови три бода.. не го гледав денешниот меч, но како што можам да прочитам од тука Чави и Пиќе биле одлични, а Иниеста бил лош.. на секој може да му се случи да има лош ден.. сите знаеме како играше до сега Иниеста и дека ни беше еден од најдобрите играчи и како што спомна Hank Moody, Иниеста ќе се врати кога ќе биде најпотребно.
П.с. Срушен уште еден рекорд со 7 меча без примен гол :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom