Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Вермален доби зелено светло за играње пред околу две недели, сега пак тренира одвоено од останатите .... Шчо напраивме со играчот, ако може цела сезона да е повреден, ќе биде најпромашениот трансфер дефинитивно ....
 
„Ел Класико“ ќе се прекине ако Меси постигне гол :drk::drk::drk:
Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, наскоро би можел да го собори рекордот на Телмо Зара, стар 60 години да стане најдобар стрелец во историјата на шпанската Примера.

Шпанската лига одлучи на момент да биде прекинат натпреварот на кој Меси ќе го сруши рекордот, со цел да му биде оддадена почест. Со оглед на тоа дека првото „Ел Класико“ се игра на 25 октомври и во меѓувреме останува уште еден натпревар со Еибар, голема е веројатноста дека Меси токму на дуелот
со најголемиот ривал ќе го урне рекордот на Зара.

Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, изјави дека не гледа проблем ако тоа се случи на натпреварот со Реал Мадрид.

„Не разбирам зошто да не му оддадеме почест на Меси на Сантјаго Бернабеу. Мислам дека тој момент заслужува да биде овековечен. Примера не би била иста без Меси. Заслужи да направиме нешто за него“, изјави Тебас.

На Меси му недостасуваат уште два гола за да го стигне легендарниот Телмо Зара, кој во Примера постигна 251 гол.


Превземено од Спортски;)
 
Вермален доби зелено светло за играње пред околу две недели, сега пак тренира одвоено од останатите .... Шчо напраивме со играчот, ако може цела сезона да е повреден, ќе биде најпромашениот трансфер дефинитивно ....

Се додека Матје пружа добри партии ( со исклучок на таа со Псж) е ок, не е страшно. Ако сака цела година нека тренира и со кадети :)
 
Barcelona plan to announce the renewal of Brazilian right back Dani Alves (31) in coming 2-3 weeks. Will sign until 2016 or 2017. [sport]
 
Добра вест за Дани. Далеку е од најдобрите денови, но има преголемо искуство. Со оглед на тоа дека имаме забрана за трансфери, а на таа позиција немаме квалитетна замена мислам дека е добра одлука да се продолжи договорот.
 
Мораше летово да се заврши тоа што се започна и да се донеси добар десен бек. Вака повторно има дупка во тимот. Имаше период кога Дани беше подобар и од Лам, сега и Адриано кој природно игра лев бек би го преферирал таму. Без идеја игра, на памет некако.
 
daj nekoj jaki klipcinja od Messi na youtube-ov postirajte[DOUBLEPOST=1412872777][/DOUBLEPOST]daj nekoj jaki klipcinja od Messi na youtube-ov postirajte
 
Колку е труло кога знаеш дека ни утре ни во недела не играме со Еибар. :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom