Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Барам македонски филм не го знам името на филмот али станува збор за едно глуво немо дете кое ке биде од село па ке сака да се школова во скопје незнам

Тешко дека ќе го најдеш... знам дека мајката ја играше Снежана Конеска - Руси. Појди до МТВ и ако ти се смилуваат ќе ти дадат информации :LOL:
 
Читам доста позитивни критики за „Балканот не е мртов“, ми се набилдаа сега очекувањата, али со оглед на тоа што сакам арт филмови, а и обожавам драмски претстави + Дејан Дуковски е одличен писател, сигурен сум дека ќе гледам одличен филм!
 
Внимание, се снима филм низ Скопје: „Медена ноќ“ на Иво Трајков/ФОТО

Foto22-480x269.jpg

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Медена ноќ“ по сценарио и режија на Иво Трајков, професор на филмската академија ФАМУ во Прага и амбасадор на македонската култура во Република Чешка.
Проектот е финансиски поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија и претставува копродукција меѓу Македонија, Чешка и Словенија.
Приказната на филмот се одвива во текот на една ноќ од животот на една брачна двојка, на десетгодишнината од нивниот брак. Дејството се случува во Скопје во 90-тите години од минатиот век и следи две наративни линии, едната поврзана со брачната криза на главните протагонисти, а другата со професионалниот ангажман на главниот машки лик.
Приказната е инспирирана од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите чешки сценаристи на сите времиња.
http://lider.mk/2013/11/14/vnimanie-se-snima-film-niz-skopje-medena-noc-na-ivo-trajkov-foto/
 
Кој рекол дека не се снимат филмови во Македонијава, еве уште еден потенцијал за премиера во 2014 :P
 
Сите страни ги превртев во темава и сериозно на само еден член му се допаѓа "Самоуништување"?
Сеа се два :D
Нема подобар, се надевам го немате вбројувано зашто не сте го гледале а не зошто не ви се допаѓа и ако имам право го препорачувам :)
 
Скопје Ремикс и Ова не е Американски Филм, нешто поглупаво неможеа да снимат џабе арчот не е за чудо што само турски серии се гледаат по програмиве.
 
Нови македонски филмови во 2014

По најновиот конкурс за финансиска поддршка на македонски филмови, од долгометражните филмови по 30 милиони денари добија филмовите:

„Цар Самоил“ на Антонио Митриќески
„Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска
„Омниблуз“ на Александар Русјаков
„Чекај ме“ на Митко Панов
„Златна петорка“ на Горан Тренчовски
„Септември“ на Даријан Пејовски

Во линкот ги има и другите филмови кои добија финансии како документарците и краткометражните филмови.
 
Ова филмче лани го изгледав. Поврзано е со трговија за луѓе. Од 2005 година.
 
Деца на сонцето го гледал некој? Вчера читав рецензија во Вечер во која филмот е исклучително негативно оценет. Многу праволиниско дејство без кулминација без ништо. Се на се пишува дека повеќе се работи за телевизиски филм отколку филм кој би требало да биде хит во кината.
 
Според мене, Македонија има потенцијал за да прави добри филмови, но треба многу финансирање од државата бидејќи кинематографските институции и организации немаат доволно средства сами да реализираат. Затоа мора поддршка од државата. Меѓутоа, мислам дека наместо долгометражни филмови, треба повеќе внимание да се обрне прво на телевизијата. Односно да почнат поактивно и поинтензивно да се снимаат телевизиски серии од Македонски квалитет. Мислам дека со тоа ќе се започне подобро и поактивно да се стига до Македонската публика бидејќи како што знаеме, сите ги гледаат турските серии и што ти знам какви, епа наместо турски да се снимаат Македонски ( но не само сапуници да се разбереме, иако мислам дека моментално таквите заработуваат најмногу пари ) разноврсни серии од типот на историски, модерни, смешни, можеби и по некоја драма или трилер. Знам дека имаме потенцијал за такво нешто само што за телевизиски серии треба повеќе работа и организација. Преку телевизијата Македонската публика ќе почне повеќе да ги сака и цени Македонските телевизиски и филмски дела и со тоа полека ќе почне да расте бројот на гледаче и љубители на Македонската кинематографија а заедно со ова се разбира ќе се заработуваат и повеќе пари, како за актерите така и за реализација на повеќе други серии и филмови. Телевизиите денеска се пак во мода, еве на пример земете ги САД и Англија. Иако неможеме да ги споредеме со Македонија, сепак мора да го разбереме фактот дека штом таму милијардерските продукции и телевизии снимаат безброј серии тогаш истото би можело да се случи и во Македонија. Сериите денеска влеваат повеќе пари отколку филмовите, иако и овие не заостануваат. Сепак Холивуд е повеќе свртен кон сериите. Таму сега има најмногу пари и најголема публика. Нема ништо подобро од тоа да се собере цела фамилија дома или со пријатели и со нетрпение да чекаш пример да ја изгледаш новата епизода на ГоТ или штознам на Тру Детектив отколку да се влечеш по кино сали и слично. Така да според мене Македонија како мала земја со малку капитал за реализација на филмски проекти треба прво поактивно да се вклучи во промовирање на Македонската кинематографија со серии на телевизија па потоа ќе дојде ред и на долгометражни филмови.
 
Деца на сонцето го гледал некој? Вчера читав рецензија во Вечер во која филмот е исклучително негативно оценет. Многу праволиниско дејство без кулминација без ништо. Се на се пишува дека повеќе се работи за телевизиски филм отколку филм кој би требало да биде хит во кината.
Ако добиеш гага карти гледај го, а пари ич не си арчи. Не вреди да трошиш 150 ден. на таков шит. Буквално. Преку езерото на Митрикески е 1000 пати подобар од филмчево кое што е без содржина и приказна и таман мислиш ќе се развие нешто оп завршува. Се надевам бар Столе Попов со До балчак ќе ги оправда очекувањата, и нема да испадне како Деца на Сонцето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom