Македонски филмови

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Мои омилени:
- Викенд на мртовци ( ќе се згазите од смеење)
- Збогум на 20от век

- Сите на Милчо Манчевски
- Големата вода
- Илузија
- Превртено
- Тетовирање

--- надополнето ---

И Џипси меџик, многу добар филм
+ 1. Особено Збогум на 20 век. :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Преку Езерото од 1997 година базиран на вистински настан
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Филмот „Соба со пијано“ ќе се снима во јуни



Првата клапа на новиот игран филм на режисерот Игор Иванов-Изи треба да падне на 4 јуни во Скопје

Првата клапа на новиот игран филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи треба да падне на 4 јуни во Скопје каде што во истиот месец и ќе се одвива снимањето. „Скопје филм студио“ е продуцентската куќа која стои зад филмот за кој сценариото го напиша Жанина Мирчевска (која моментално живее и работи како драматург во Словенија) во соработка со режисерот Иванов.

„Соба со пијано“ се најавува како модерна, универзална приказна со теми од секојдневието на луѓето од кој било дел на светот, што на филмот треба да му даде силен интернационален карактер. Потписот на Иванов досега стои на повеќе филмски дела. Со „Златен леопард“ на филмскиот фестивал во Локарно, Швајцарија е награден неговиот краток филм „Бубачки“, добитник на награди и на други фестивали, а играниот филм „Превртено“ предизвика позитивни реакции и дополнителни признанија. (Д.Л.)

Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=400BF785EDD6554D85F44DB262A1027B
 

CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Sakam da gledam makedonski filmovi, mi se dopagaat dejstvijata, pretezno se drami i/ili istoriski filmovi sto e poln pogodok za mene. Iako imam izgledano relativno malce, kultnite sto gi spomenuvate tuka gi nemam : Pred dozdot i Tetoviranje, koi se negde sledni na repertoar. Tie sto gi imam izgledano i sto mi teknuva vo momentov se slednive :
SENKI, KONTAKT, JAS SUM OD TITOV VELES, MAJKI, SAMOUNISTUVANJE, ILUZIJA, PREVRTENO.

So toa sto, tie sto se boldirani mi se vrv, a ostanatite se da ne recam, ama aj ke recam - za nigde.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Актерската елита на кастинг кај Шербеџија

По неколкудневениот престој во Битола, каде што ги разгледуваше можните локации за снимањето на својот најнов филм, Раде Шербеџија започна и со разгледување на актерите.

На денешниот кастинг кој се одржа во скопскиот хотел „Карпош“, помеѓу многубројните актери кои се борат за улога во филмот на Шербеџија се појавија и познатите Владо Јовановски, Јордан Симонов и Емил Рубен, како и актерката Софија Куновска.

Главната улога во филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе ја игра самиот Шербеџија, кој воедно и ќе ја режира оваа драмска приказна, која е работена на база на истоимениот драмски текст.

Овде беше и продуцентот од Хрватска, кој ни најави засилена меѓународна работа околу затворањето на буџетот на новиот македонски филм.

Расположен и високопрофесионален, Шербеџија ни рече дека работи на првата рака на кастингот, и оти за еден месец ќе дојде повторно, да се сретне со одбраните актери и да ги стави пред камера. "Знам многу македонски глумци, некои и не знам, затоа работам прв круг, зашто филмот има богати и изискувачки улоги. Нема сомнение дека сите македонски актери се многу талентирани, но филмот бара да се погоди и поделата, да се погоди соодветниот партнер на секоја од улогите. Има околу 40 ликови, и главни ќе бидат македонски актери. Има еден Германец, кој ќе биде автентичен. Работам со Данило, син ми, филмски режисер, и со него одлучивме да се откажеме од идејата да вклучиме некои холивудски актери, зашто сфативме дека приказната е уметничка, да не речам документарна, и оти се потреби автентични ликови. Јас мислам дека по Александар што го играв во 'Пред дождот' на Манчевски, ја добив влезницата од македонските граѓани да играм Македонец, значи една улога ќе играм и јас", насмеано вели Шербеџија.

Се работи за многу важна тема од периодот на Втората светска војна, но тема која се занимава со внатрешноста, со семејството, со неговото пропаѓање. Тешка психолошка драма. Театарскиот текст на Душан Јовановиќ, кој е роден скопјанец, во '80-тите имаше чуден успех во сите свои поставки, и скопската, и белградската и нашата во Загреб, и во Љубљана, и во Сараево. Јас добивав престижни награди во Австралија, на оф Бродвеј, сфатив колку многу луѓе низ светот ги допира оваа приказна. Заљубен сум во текстот, во богатиот македонски менталитет, во вистинската македонска душа и емоција", ни рече Раде Шербеџија, кој вети нов, добар македонски филм.

Од бројните соработници, на почетокот само знае дека Влатко Стефановски ќе биде автор на музиката
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ајмо кајганџии :icon_lol:

Се бараат актери и статисти за филмот „Лазар“

Со отворање на јавен повик за актери и статисти, оваа недела почнуваат интензивните подготовки за снимањето на новиот филм на Светозар Ристовски („Илузија“) со работен наслов „Лазар“.

На 12-ти април од 10-18 часот во просториите на џепното кино на Вардар Филм ќе се одржи отворена аудиција за професионални актери. На истото место и термини, во текот на следните два дена (13ти и 14ти април) ќе има отворена аудиција и за непрофесионални актери и статисти. Вториот дел на кастингот ќе се одвива во Штип на 21ви Април 2013, а аудицијата ќе се оддржи во просториите на Домот на Културата во Штип.

Филмот „Лазар“ е приказна за млад човек кој на прагот на својата зрелост мора да избира помеѓу своите амбиции и чувства. Жанровски станува збор за современа, психолошка крими-драма, и се случува во пост-комунистичка Македонија. Најголемиот дел на филмот ќе се снима на територијата на Република Македонија, и мал дел во Република Бугарија.

Филмот „Лазар“ е копродукција помеѓу „Смалл Мовес“ од Македонија, „МП Филмска продукција “ од Хрватска, „Гала Филм“ од Бугарија и „Аризона Продакшн“ од Франција, а проектот досега финансиска поддршка има добиено од Филмски Фонд на Република Македонија, од Хрватскиот Аудио-Визуелен Центар, од СЕЕ Синема Нетворк, Бугарскиот Национален Филмски Центар, Аризона Дистрибјушн и Европскиот Фонд „Еуроимаж“.

http://skopjeinfo.mk/
 
Член од
31 мај 2013
Мислења
7
Поени од реакции
0
него имате информација за овој до балчак дали има трејлер и кога ке искочи???
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
него имате информација за овој до балчак дали има трејлер и кога ке искочи???
Нема уште трејлер а за премиера што знам можеби ќе биде на затворањето на Браќа Манаки бидејќи фестивалот ќе го отвори македонскиот „Соба со пијано“. Иако јас мислам почетокот на идната година, кој знае, филмот ептен долго време е веќе во пост-продукција.
 

k3dk

http://mtvretro.blogspot.com/
Член од
31 јули 2013
Мислења
36
Поени од реакции
109
Еве повелете на ТВ Ретро
Има неколку македонски филмови,и ќе додавам сеуште,колку што можат да се најдат.
ОВДЕ -> http://bit.ly/1c6lEv1 - Македонски филмови
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ќе се снима документарен филм за Светите Климент и Наум

Напишано од Маленкова Татјана на 17 Септември 2013. Објавено во Охрид

Филмот би претставувал еден вид продолжение на филмот Св. Кирил и Методиј, во Чешко Словачка, Руска и Српска продукција, и комплетно реализран од чешката продуценската куќа tree broders.
Продуцентот на филмот за Св Кирил и Методиј, Виктор Криштов, благодарение на наговите пријатели охриѓани Александар Глигуроски и Јован Буџакоски кои живеат во Чешка, во два наврати ги посети сите знаменитоски и културно истористи споменици во Охрид, но и во Македонија. Тој е воодушевен од она што го виде вели дека веќе прави планови како би изгледал историскиот филм посветен на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум.

„ Посетив некои места околу градот и други места во Македонија и имам идеја, но се зависи од сценариото. Тоа треба да биде напишано на начин да ги користите работите кои мируваат. Кои се постојано тука, езерото, манастирите кои се изградени во антички стил и други екстериери од манастирите. А што се однесува до големината на проктот прилично е голем. Новата филмска публика е навиканата да гледа голем проект и сакам да ја прикажам историјата на таков начин. Проектот ќе има 1000 статисти и ќе ги користам најновите достигнувања во технологијата, најновите видеоефекти и специјални ефекти. За претходниот филм користев 650 SGI трикови вклучувајќи клонирање, но и рекреирање на градови и слики. Тоа сакам да го променам и овде со цел да добиеме слика како изгледал Охрид во 9 век“, истакна Виктор Криштоф од продиценската куќа „Tree broders“.


Александар Глигуроски и Јован Буџакоски се охриѓаните кои години живеат во Чешка и тие се на некој начи Главните виновници за овој голем проект кој треба да се реализира. Тие раскажуваат за тоа како дојде до соработката со продуценската куќа „Tree broders“.



„ Бевме поканети на промоцијата на филмот Кирил и Методиј. На тој начин имавме контект со продуцентот. Многу изненадени од убавиот филм. Кирил и Методи ги сметаме за наши, таму не беа претставени само како македонци туку како солунски браќа. Почнавме да реагираме, за да биде истакнато дека се македонци и тогаш се роди идејата затоа што неможеше да се промени како македонци би било во продолжение да бидат Климент и Наум“, истакна Јован Буџакоски.

Интересот во Македонија од надлежните огромен за проектот. Александар Глигуроски окрива дека во неколку наврати разговарале со министерката за култура и додава дека уште една средба е закажана и за утре, кога треба да се прецизираат и некои детали.



„Во Македонија има голем интерес за проктот. Некои го видоа и големиот проект за Кирил и Методи и затоа што тој проект завршува со нивното заминување идеја имаше да се направи продолжување и во тој филм се Св Наум и св. Климент. Имаме разговарано со општина Охрид со која имаме огромна подршка. Морам да го пофалам градоначалникот но и Зоран Велјаноски Летра со кои имаме исти идеи како може да ја реализираме оваа идеја“, истакна Александар Глигуроски.

Криштоф признава дека Св Климент и Наум се многу важни историски личности за македонците и за оваа земја. Тој ветува дека доколку добијат зелено светло за започнување на проектот ќе направи се филмот да се промовира низ целиот свет.
Според неговите проценки сценериото за филмот треба да биде готово во мај, по што веднаш би се започнало со снимањето на историскиот играно документарен филм. Доколку се тече како што е планирано се очекува филмот да биде готов во декември следната година.
http://tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/15372-dokumentaren-film-sv-naum-ohrid-snima-ceska-produkcija
 
B

Blade Torch

Гостин
Дека излезе сега "Соба со пијано" па ми текна дека имам едно чудо мк филмови кои не сум ги гледал :

- Големата Вода
- Балканот не е мртов ( овој не знам ни дали го има на нет)
- Ова не е Американски Филм

Од старите филмови имам многу малце гледано , освен Црно Семе , Мис Стон , Тетовирање и Викенд на Мртовци . Од кај да се почне ...
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
"Последниот македонец од македонија" - Заврши снимањето, но од кога се снима, случајно видов, шо ќе се случува во филмот некој знае воопшто нешто за тој филм?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ајде конечно дочекавме официјален трејлер па за некој ден прикажување во кино. Делува интересно и како еден вид театарска претстава, ќе видиме што ќе излезе :)

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.738
Поени од реакции
8.167
"Последниот македонец од македонија" - Заврши снимањето, но од кога се снима, случајно видов, шо ќе се случува во филмот некој знае воопшто нешто за тој филм?
Oвде пишува дека е играно документарен филм мотивиран од 100-годишнината на Договорот од Букурешт

http://www.sitel.com.mk/mk/pochna-snimanjeto-na-igrano-dokumentarniot-film-posledniot-makedonec-od-makedonija
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Барам македонски филм не го знам името на филмот али станува збор за едно глуво немо дете кое ке биде од село па ке сака да се школова во скопје незнам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom