Според мене, Македонија има потенцијал за да прави добри филмови, но треба многу финансирање од државата бидејќи кинематографските институции и организации немаат доволно средства сами да реализираат. Затоа мора поддршка од државата. Меѓутоа, мислам дека наместо долгометражни филмови, треба повеќе внимание да се обрне прво на телевизијата. Односно да почнат поактивно и поинтензивно да се снимаат телевизиски серии од Македонски квалитет. Мислам дека со тоа ќе се започне подобро и поактивно да се стига до Македонската публика бидејќи како што знаеме, сите ги гледаат турските серии и што ти знам какви, епа наместо турски да се снимаат Македонски ( но не само сапуници да се разбереме, иако мислам дека моментално таквите заработуваат најмногу пари ) разноврсни серии од типот на историски, модерни, смешни, можеби и по некоја драма или трилер. Знам дека имаме потенцијал за такво нешто само што за телевизиски серии треба повеќе работа и организација. Преку телевизијата Македонската публика ќе почне повеќе да ги сака и цени Македонските телевизиски и филмски дела и со тоа полека ќе почне да расте бројот на гледаче и љубители на Македонската кинематографија а заедно со ова се разбира ќе се заработуваат и повеќе пари, како за актерите така и за реализација на повеќе други серии и филмови. Телевизиите денеска се пак во мода, еве на пример земете ги САД и Англија. Иако неможеме да ги споредеме со Македонија, сепак мора да го разбереме фактот дека штом таму милијардерските продукции и телевизии снимаат безброј серии тогаш истото би можело да се случи и во Македонија. Сериите денеска влеваат повеќе пари отколку филмовите, иако и овие не заостануваат. Сепак Холивуд е повеќе свртен кон сериите. Таму сега има најмногу пари и најголема публика. Нема ништо подобро од тоа да се собере цела фамилија дома или со пријатели и со нетрпение да чекаш пример да ја изгледаш новата епизода на ГоТ или штознам на Тру Детектив отколку да се влечеш по кино сали и слично. Така да според мене Македонија како мала земја со малку капитал за реализација на филмски проекти треба прво поактивно да се вклучи во промовирање на Македонската кинематографија со серии на телевизија па потоа ќе дојде ред и на долгометражни филмови.