“Of course, once it rains then it pours, as we went down to 10 men! An experienced team would’ve sat back and controlled the situation, waited for the second half and not conceded four in the first half.
ова го вика жбитакот за црвениот, колку само индиректно и самиот признава дека едноставно е лимитиран и некадарен за тимов.
во фудбалот прво треба да имаш ефективен план А, кој ти носи резултати, во дадени ситуации потребен е план Б, а во одредени и план Ц, односно, у случајов В зашто не пишувам на латиница, се зависи од тоа како се одвива наптреварот, воопшто, каков тип на натпревар е, дали треба да бркаш резултат или да браниш ( нокаут фаза ) и тн и тн, не е ни битно ...
Мацари уште нема ефективен план А, базична формација од која произлегуваат останатите импровизации кој секој квалитетен тренер треба да ги има спакувано у едно тефтерче. Мурињо на пример и со играч помалку, а во една ситуација и 2, одеше на победа ( катанија, милан победени, со барса на гости издржа 70 и кусур минути ), зашто за време на цел тренажен процес, покрај останатите тренинг методи, он ги припрема играчите за сите можни сценарија кои можат да се десат на тренерот, а притоа има разработено еден функционален систем и тој му носи резултати.
жбитакот нема план А, зар некој очекуваше дека ќе има план Б после црвениот ? Па наеднаш тимот делуваше аматерски, хаотично, не се знаеше кој јаде кој пие, се гледаа играчите меѓу себе незнаеа што да прават, кој како да функционира, Каљари за време на четвртиот гол во шеснаестерецот делуваа ко они да го бранат корнерот, доминираа, едноставно убеден сум дека играчите на теренот не беа припремени соодветно за едно вакво сценарио што е апсурдно и срамота за клуб како Интер. Мацари чекал полувреме да дојде, мајко мила ...
И затоа не вреди да се нервирате, едноставно најдобро ќе биде да се соочите со реалноста дека Мацари е прелимитиран и го нема Она потребното за клуб од типот на Интер. голем дел од вас го пратат клубот повеќе од 10 години, што значи повеќе од декада гледаат фудбал и веќе сте доволно кадарни да знаете кои се можностите на еден клуб кога сликата на терен е ваква каква што е ...веќе година и нешто, истата е непроменета.
Реков ја, уште летоска, Чудо треба да се деси овој да се промени, на такво нешто нема да бидеме сведоци. Во моментов најидеално сценарио е он да добие отказ во ситуација кога и битката за ЛШ не е отидена во три лепе, и да се донесе в.д. тренер до наредното лето, вака однапред им е искреирана судбината за оваа сезона, така може да се надеваме ко со Леонардо дека факторот нов тренер ќе влијае позитивно и ќе донесе резултати доволни да изборат пласман во квалификациите за ЛШ. Или, уште едно ( поверојатно ) сценарио, Претседателот, техничкиот директор и остали да седнат на маса со Мацари и да изнудат од него промени, почнувајќи од формацијата па се до самиот пристап поготово против вакви клубови ко Каљари, а тоа значи промена од цели 180 степени која е потребна да се деси, е толку му е обратно и малоумно ова што сега со цел памет еј се обидува да го наметне во Интер.
Ако се чека и се остави овој да тера по свој терк, па веќе 95% од нас тука знаеме што ќе се деси, да не се повторувам сега.
п.с. Мацари немал 3 победи по ред откако е дојде во Интер, каков поразителен податок за него