- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.790
- Поени од реакции
- 33.597
Сигурно се сеќавате на серијалот „Говорете македонски“ кој секојдневно пред централниот дневник се емитуваше на МТВ пред нешто повеќе од десетина години. Темава е инспирирана токму од него, а целта е едноставна - да научиме нешто ново и да ги исправиме нашите грешки во пишувањето на стандарден македонски јазик.
Што треба да направите? Ако забележите некој, било кој, во било која тема на форумов како греши правописно, синтаксички или употребува несоодветен збор за кој има достојна замена во нашиов јазик, слободно го цитирате во темава и давате исправка на неговата грешка. Не е поентата во тоа да се натпреваруваме кој пишува политературно, а кој повеќе греши. Сите грешиме! Поентата е да научиме нешто што не сме го знаеле или сме го подзаборавиле, и да ги исправиме истите грешки. Затоа, ве молам без лутење кога некој ќе ве цитира тука! Кој ќе реагира со навреди, ќе добие казнени поени од модераторите во подфорумов!
И уште нешто: темава нема да служи само за сувопарно цитирање на случајни мислења со некаква грешка во нив, туку тука слободно можете и да развивате дискусија за правилата - секоја сугестија во врска со јазикот и неговите правила е добредојдена.
Говорете македонски, кајганџии!