Проблемот со мала публика на утакмици на Вардар го имам дискутирано многу пати со другари. Тоа е резултат на многу фактори зошто е така.
1. Старите
Исто ко и секој друг и татко ми секој викенд ќе се качел на пони-то и ќе идел да го гледа Вардар. На стариве главна причина зошто не одат е падот на квалитетот на лигата и на Вардар. Што сакате кажете али неможе ништо да се спореди со доаѓање на ЦЗ, Партизан, Загреб, Железничар, Хајдук, Сарајево и другите. Какви екипишта имал Вардар во тие години..По смената на лигата 90% од постарите прекинаа да идат.
2. Криминал
Мислам дека се што беше преварант у градов барем еден период бил во Вардар. Од кога памтам се е цел на превари, дубари, лева рака десен џеб крадења. Тоа си влијае на општото мислење меѓу народот.
3. Скопје - глобално село
Иако на популација голем, не значи дека секој ќе иде на Вардар. Градски Ѕид во Центар може слободно да го преименуваат во Струмички ѕид, оти повеќе струмичани имаат стан таму него ли некој "скопјанец". Не сакам да бидам разбран лошо дека нешто имам против луѓето од другите краишта на Македонија кои во Скопје дошле поради мака и поради подобар живот а не од што сакале, туку сакам да кажам дека не може да се очекува од нив да имаат некоја приврзаност кон Вардар. Такви фаци ќе идат на Минчочург на ракомет да испеат излези момче и тоа е тоа. А реално Скопје е населен највеќе со луѓе од други краишта.
4. Младината
Скопје и нема баш некоја спортска младина во последниве две декади. На терените по основниве школи повеќе шприцови и одпушоци ќе најдеш него некој да игра фудбал. Освен тоа младинава некако многу е лигуш младина(со чест на исклучоци). Тоа идење на утакмици прекина да биде нормална работа и други работи станаа "кул", да не ги објаснувам сите ги знаете.
5.Очобол фудбал. Тука нема што да објаснувам
Сите овие фактори плус уште некој што сум го заборавил кога ќе ги собереш доаѓа до ваков резултат.
Се тоа може да се поправи со добри резултати и игри како и со добра промоција, само треба време... Барем неколку години да поминат да се изгради нова стабилна база на луѓе кои редовно го пратат Вардар.