Дали се уште има чесни луѓе? (Случки и искуства)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Тие двајцата што го прибраа новчаникот не беа од Скопје!
По битно е што и двајцата по објавување на клипов,си ја запалиле носечката гардероба и си смениле флизура.
 
Поштени се само комунистите. Зато возеа точаци и фиќовци и му здосадија на сите со нивни приикаски како секој ден оделе пеш гладни 10 километри по угорница на школо и се враќале 15 километри до дома пак по угорница и најголем дострел во животот му е што соборил општинскиот рекорд во товарање јаглен со лопата во 1973.
Ги паметам тие времиња, луѓето беа попоштени тогаш, да ти помогне да ти се најде во неприлика... да ти врати изгубено. Беше срамота да се кради, директор кој крадел тогаш бешше срам за цело семејство, презрен, сега е херој. Се изместија општествените вредности, луѓето станаа посиромашни, поогорчении, поразочарани. Наместо солидарност, имаме борба за опстанок, секој гледа само за себе и своите нјблиски, пари најдени на пат на многумина им значат храна, платена сметка, покриен минус, веќе се нема ни што да му се даде на некој кој е во невоља
 
Фала а ?
Ја не враќам од коа еден рече дека имал 730 марки внатре а кутриот имаше само 60 денари 3Х20 ден, ме дупна под маање стариот тогаш
Е не чини тоа,преку леб погача,ако не си го врател ќе го фрлел некој..после оди нека вади документи,од такви луѓе си патиме.И во право си,не враќај повеќе,може и да ти рече некој дека имало пари..
 
8:2 е одличен просек за урбана средина, верувам со вакви плати на запад има 2/3 да останат и без пари и без документи.

Пред некоја недела на чекање ред ми испаднаа 500 ден од новчаник и одма типчето што стоеше до мене ми кажа да си ги земам. Многу фер.
 
Хаха баш и јас мислев слична приказна да споделам.
Пред година две не се сеќавам баш си седам во автобус и случајно гледам спроти мене на едно дете/момче му паднаа 500 денари му кажав ми се заблагодари и толку беше. Инаку ми се нема десено новчаник да најдам изгубен. Ако има идентификација би го вратил со се што има внатре инаку најверојатно не.

П.С Не го изгледав видеово ама ако 80% се чесни во Македонија тогаш не сме биле лоши :)
 
У Кисела Вода е снимен клипов.Идете накај Битпазар,Сарај,и без да ви падне ќе останете без новчаник.:icon_lol:
И да не ти падне, можеш да останиш без него :(.
 
Еднаш ми се случи во кафич да го заборавам телефонот. После два три саати видов дека ми го нема телефонот и отидов до кафичот да видам случајно да не ми е таму. Ми го дадоа, алал да им е на дечките.
 
Да најдам документи да би ги вратил, али пари да најдам нема шанси бре не ги враќам, или телефон, сум ги нашол моја среќа, нема да ги вратам бидејќи знам 90% од луѓето и јас да загубам нема да ми ги вратат, би ги замолил сите просветители на форумов да не ме цитираат од типот "тоа што го правиш не е убаво и тако даље"
Фала.
тоа што го правиш не е убаво и тако даље
 
Пред две недели најдов Ајфон 3 на улица. Искрено едно што беше ајфон( не ми се по кеф) и башка беше бааѓи запоставен па си реков ајде едно добро дело да направам.
Инаку досега мене мобилен не ми вратиле.
 
Јас еднаш со едно другарче се шетам, така помали бевме и на една жена што се разминавме и падна телефонот. Паметам Сони Ериксон к750 беше, во тоа време добар и скап телефон. Го зедов од земја и и викнав еднаш ништо, и се приближив и и викнав погласно и се заврте и и го дадов, таман за едно ,,фала''.
И паметам до 6то одд, ја најдов најголемата сума што ја имам најдено 3000д. на нашиот панаѓур на еден нигга ну паднаа од џебот, полека одев најак нив околу 20м. а и до ден денес се чудам како никој не ги зема иако многу луѓе беа многу поблиску до нив, отколку што сум јас. И така смирено побрзав и си ги земав од земјата, нигерот (ромот бре луѓе, ромот) беше далеку заминат и не му ги вратив. Со тие пари (и со исто толку додадени) си го купив првиот телефон на ново и беше Нокиа 6020.
 
Летото 2008 во Охрид, се возевме со автобус до плажа. Јас требаше да носам една торба со три телефони, пешкири, креми и 300 други тракатанци. Арно ама, дури кога излегов од автобус, приметив дека сум ја заборавила торбата. :facepalm: Среќа што до нас во автобусот седеше еден Србин, знам нешто правевме муабет со него и откако сме излегле најверојатно приметил дека е наша торбата, па пријавил кај возачот.
Само што ни бараа 170 денари или не знам колку... прво да сме плателе карта за автобус и уште нешто, за да си ја вратиме торбата. :cautious: Живи глупости, али ајде.

Додека пак пред некое време, на татко ми во населба му паднал личен документ и на фејсбук му пишаа каде го оставиле, за да си го земе. :ROFLMAO:
 
Шумеќа брате јер смо сме ми срели у тај бус двехиљадеиосмој :ROFLMAO:
У наставку:
Вијј ги бе тија сите да ти биле поштени, ја да не су ти вервал оту сте олку убо домашно васпитани.
 
За ситни пари не вреди да се замараш имал илјадарка-две и документи поарно земи врати му го ќе му требаат. Ама да начекам некој новчаник со 500ки во евра внатре е тогаш.. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom