Светско првенство - Шпанија 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Старо/нов Светски владетел?

  • САД без дрим тимот

    Гласови: 37 62,7%
  • Шпанија

    Гласови: 12 20,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,1%
  • Аргентина

    Гласови: 1 1,7%
  • Литванија

    Гласови: 2 3,4%
  • Бразил

    Гласови: 0 0,0%
  • Словенија

    Гласови: 4 6,8%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
САД е една земја,а Европа е континент.Зошто побогу би играле разделно кога се една земја:tapp:.За да му докажат на некој си Џони Вајсмилер она што цел свет го знае.Ме игнорираше,но пак ќе ти споменам доколку САД игра со дрим тимот не постои РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА која што ќе може да и се спротистави на Америка.Си слушнал за Олајџуван,Шекил,Меџик,Џордан,Брд,Брајант,Џејмс,Џабар и др?Какви Сабониси какви бакрачи.Ова е од тоа што родителите југоносталгичари ви наветнале вакво мислење.Јас лично знам луѓе кој што мислат дека Петровиќ бил подобар играч од Џордан:pos:.Нека игра цел свет заедно,не Европа против дрим тим,составен од играчи како Џејмс,Дурент,Брајант и тн. пак Американците ќе се посилни.

Лек за слепило не нашле многу доктори,а не пак јас што не ми е ни струка.Ама ако останете си заслепени пред очигледни работи.

Кога во Европа кошарката би била популарна како во Америка и кога не би биле најбогатите екипи во Европа со 40-45 милиони евра буџети и кога би се вратиле повеќето европјани од НБА назад не би можеле баш да збориме за толкава доминација на НБА екипите над европските.
Со оглед на вложувањата и популарноста на кошарката Европа и одлично се држи со Америка.
еве ти одговор и немој да тресиш повеќе глупости..не ми се верува дека уште се објаснувам, добро бе вас чоек треба да ви нацрта...АМЕРИКА Е КАДЕ КАДЕ ПОБОГАТА ОД ЕВРОПА И ПЛУС Е ЕДНА ЦЕЛИНА ..СО ИСТИ ВЛОЖУВАЊА КАЈ МЛАДИТЕ КАТЕГОРИИ ЕВРОПА ЌЕ БИДИ ДАЛЕКУ ПОДОБРА И ПОКВАЛИТЕТНА АМА ОЧИГЛЕДНО ТРЕБА ДА ВИ СЕ НАЦРТА ДА РАЗБЕРИТЕ
 
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
САД е една земја,а Европа е континент.Зошто побогу би играле разделно кога се една земја:tapp:.За да му докажат на некој си Џони Вајсмилер она што цел свет го знае.Ме игнорираше,но пак ќе ти споменам доколку САД игра со дрим тимот не постои РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА која што ќе може да и се спротистави на Америка.Си слушнал за Олајџуван,Шекил,Меџик,Џордан,Брд,Брајант,Џејмс,Џабар и др?Какви Сабониси какви бакрачи.Ова е од тоа што родителите југоносталгичари ви наветнале вакво мислење.Јас лично знам луѓе кој што мислат дека Петровиќ бил подобар играч од Џордан:pos:.Нека игра цел свет заедно,не Европа против дрим тим,составен од играчи како Џејмс,Дурент,Брајант и тн. пак Американците ќе се посилни.

Лек за слепило не нашле многу доктори,а не пак јас што не ми е ни струка.Ама ако останете си заслепени пред очигледни работи.
Добро бе бар ги имаш гледано финалињата на последните 2 олимпијади ?
Дрим тимот мака мачеше и со 11 и 7 разлика ја тепаше сама Шпанија,а со Литванија дури и губеше во последната четвртина за на крај да тепа само 5 разлика.
Не се непобледливи и тие се луѓе.Кога би се собрало најдоброто од САД и од Европа 55/45 би била предноста на Америте.
 
И плус на луѓе како Џон Травлота треба да му се нацрта дека Америка истовремено е континент составен од 50 земји и се вложва 100 пати повеќе во кошарката отколку во Европа
 
Кој е појак а кој послаб со препиркиве, брзо иди времето до другиот полуфинален дуел меѓу Франција - Србија. За разлика од синоќа, каде што однапред беше предодреден победникот, вечерва ќе гледаме одлична и неизвесна ЕВРОПСКА кошарка:P полна со пресврти(бар јас се надевам). Немам некој изразит фаворит, драго ми е што Србија како потценета и млада екипа се бори за финале, а на другава страна драго ми е што малку кој им даваше шанси на Франција без Паркер и таа да се бори за финале поготово што успеа да ја олади моќната Шпанија. Кој и де победи мислам дека ќе пружи достоен отпор на САД во финале. А ако мислите уште дека само Шпанија би можела да и парира на Америка..., е јебига кој им е крив што летаа во облаци :rolleyes:
П.С. Нека дојдат америве со белци да ги видам колку се јаки или пак Европа да им игра со црнци :X3: :D
 
Мноооогу работи измешавте. Едните ги преценуваат Американците и потценуваат Европјаните, другите обратно. Реалноста е некаде измеѓу.

1. По вашата логика на земање на сите држави Европа како континент е околу 750 милиони, а Америка околу 320. Тоа е скоро 2.5 пати помалку. Значи и тоа е пак бесмислено. Вакви компарации се тотално непотребни ама дури и да составите такви екипи и им се даде исто време за уигрување, реално пак ќе бидат Европјаните доста послаби. Би било тоа релативно компетитивен натпревар, ама од 10 натпревари 8-9 би губеле. Ако не се зафркаваат Американците играат сериозно и извадат петорка од на пример Пол, Леброн, Дурант, Лав и Дејвис какви сакате Европјани собирајте, ваков тим многу многу тешко ќе победат (за споредба најдобра европска петорка би изгледала нешто како Паркер, Спанулис,Батум, Новицки, М.Гасол).

2. Огромна улога во ефектот на екипите на вакви првенства има уиграноста. Американците за секое првенство земаат драстично различни екипи кои наново ги уигруваат во тие месец време (ако се и толку) што имаат подготовки. Европските репрезентации во голема мера долги години играат заедно и одамна имаат изграден систем на игра и играчите добро се познаваат.

3. Европските репрезентации и тимови заостануваа многу повеќе зад Американските во минатото. Во последните 15-20 години Европјаните имаат направено голем напредок и се повеќе и повеќе се приближуваат. Не фантазирајте дека ги стигнале, ама има сериозен позитивен тренд.

4. Во тие пријателски натпревари кои ги споменувате меѓу европски и НБА екипи треба да земете во предвид дека НБА екипите се во тој период во смаиот старт на подготовките во сезоната, а европските екипи се во полна натпреварувачка форма и дури и најчесто лигите им се почнати. Плус НБА екипите не форсираат во тие натпревари туку ја ротираат цела екипа. Разликата во нивото на екипите е поголемо отколку што е на репрезентациите моментално, пред се од финансиски причини, затоа што кошарката во Америка е исплатлив бизнис, а во Европа е луксуз.

П.С. Не е секогаш се до големината на државите. Помага ама не е се во тоа. Големината повеќе произведува квантитет отколку квалитет. Во кошарката на тернот има во еден момент 5 играчи. Ако немаш ѕвезди, колку сакаш вложувај, џабе ти е. За жал Европјаните имале само неколку ѕвезди досега (не повеќе од 10) кои биле на ранг на Американските ѕвезди. Има надеж дека тоа постепено се менува така што очекувам во иднина Европските екипи да се се поконкурентни и поконкурентни.

П.П.С. Бесмислено е да се дискутира дали била поубава НБА или ФИБА кошарката. Секој си има различен вкус и може да си гледа што сака.
 
Ја однесовте темата во друг правец, селективно бирате европски играчи, правите европски дрим тимови, мешате репрезентации. Зошо, пошо немате доволно аргументи да контрирате. Нејсе, баталете.
 
Се' почна од аргументот „европската кошарка е ретардирана“...тоа е исто ко да се каже „НБА е циркус“.

Се надевам ќе глеаме супер утакмица и искрено се надевам на победа на Србија! :D
 
Не е малце дебилно што Сител го третира Светсково како да е првенство за младинци до 18 години со самото тоа што ги дава преносите на канал на кој што 99.9% од програмата се фејлнати блокбастери од 90тите ?

Па СВЕТСКО е, мавнете малце маркетинг, не мора Македонија да игра за да правите како да е голема работа...
 
И плус на луѓе како Џон Травлота треба да му се нацрта дека Америка истовремено е континент составен од 50 земји и се вложва 100 пати повеќе во кошарката отколку во Европа
САД е земја сместена во Северна Америка,си бегал од часови по географија се гледа.Јас те разбрав шо сакаш да кажиш,ама муабетот ти е што би било кога било,да беа Меси и Роналдо Македонци ќе освоевме светско или пак доколку САД национален спорт им беше фудбалот и вложуваа најмногу во него ќе беа велесила,ама не се.САД не е континент,Европа е не знам шо не ти е јасно.Јас ти кажувам дека дури Европа заедно да игра против Дрим Тим на САД пак соодносот ќе е на страна на Американците,од 10 меча 7 ќе победат Американците.Од топ 20 кошаркари во моментов 20 се Американци,значи јас сакам да кажам дека Америте се најдобри кошаркари,само тоа.Ако ти ми велиш дека тоа е глупост тогаш ти препорачувам да следиш друг спорт.
Не сакав да досадвам,ама несакав да останам недоискажан.Ај доста е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Не е малце дебилно што Сител го третира Светсково како да е првенство за младинци до 18 години со самото тоа што ги дава преносите на канал на кој што 99.9% од програмата се фејлнати блокбастери од 90тите ?

Па СВЕТСКО е, мавнете малце маркетинг, не мора Македонија да игра за да правите како да е голема работа...
Шо има врска кај ги дава натпреварите ако каналот го има низ цела земја? И шо имаше врска блокбастерите со кошарката?
 
Шо има врска кај ги дава натпреварите ако каналот го има низ цела земја? И шо имаше врска блокбастерите со кошарката?
Каналот го нема низ цела земја, туку го има само на корисници на Бум/Макс/Останати кабелски оператори.
Блокбастерите ги искористив за да кажам дека Сител3 се користи како Б канал на Сител, и дека давање на Светско на Б-Канал е нелогично.
МТВ сакаше квалификацискиот кошаркарски натпревар меѓу Македонија и Белорусија да го дава на МТВ1 (бидејќи нели Македонија игра треба да иде на прв канал) а Арсенал-Бешикташ (или кој и да беше) да го дава на Собранискиот Канал, ама УЕФА не дозволува телевизија што ги има земено правата за ЛШ да ги дава на втор или трет канал на таа телевизија.

Не знам зошто и ФИБА не го направила истото барем за 1 натпревар дневно.
 
Види, ако имаш телевизор дома, го имаш и каналот. Толку на таа тема дека го немало каналот низ цела држава, каналот го има исто колку што и првиот нивни канал.
Втора работа, Сител 3 со тие филмови е по квалитетна од Сител со Турските серии ако веќе збориме дека не чини каналот, или не знам што.
Коа купуваш права, не се обврзуваш на тоа дека треба да пренесуваш натпревари на првиот канал. Битно е да тој канал каде што ќе идат натпреварите го има низ 98% покриеност во државата.
И последно, секој што сака кошарка не им треба маркетинг за да дознае дека на Сител 3 иделе утакмици од Светско.
Башка еве завршницата иде на првиот канал на Сител.

Појака дискусија е од оваа САД > Европа и обратно :)
 
francuska-srbija-tv-poster.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom