The Leftovers

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
До која крајност се отидени овие белава секта, ништо чудно да се спрема масивно самоубиство со цел да привлечат внимание. Attention seekers 101

Овој што ги тепа кучињата како да слуша и он гласови како татко му на џандарот. Скоро и неприметно да беше но во празно нешто искоментира, нешто во стил "I tried".

Пошто џандарот се губи на моменти не е ништо чудно и да имал секс со другарката на ќерка му. Оваа инаку не би реагирала така саркастично и бурно, мислам дека ќерка му допре до вистината со прашањето. Ќе видиме понатака дали е точно.

ОК си е серијата, доста интересна и мистична.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.564
Поооо, каква епизода беше осмава! Мене лека полека ми станува повеќе од ОК серијава. Не трепнувам додека гледам. Може не е серииште, ама дека е „A MUST WATCH“ - Е! (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.564
Деветтава, нешто ко филер му доаѓа, ама сепак - ебено јак филер. Ете за тие кои сакаат разоткривање на мистериите, некои се веќе разоткриени.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Добра беше деветава, ми се свиѓаше мене.
На сите некој пред очи им исчезнал некој, а ете очигледно не само родени, изгледа дека и на Лори бебето исчезнало.
Добра филер епизода, сега мислам дека има една недела пауза, па наредна недела е финалето.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
Ме изненади ликот на Нора. Во каква личност се претворила кога ја доби работата.:eek: Интересно беше прикажано исчезнувањето на луѓето. И да, конечно нешто да се разоткрие. А, што беше поентата со тој еленот?
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
дајте некој ако има торент за последната епизода. незнам од која причина ама денес нема испаднато торент
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Што да кажам а да не се повторувам?

Финалето си вредеше за сите напори што чекавме на нешто квалитетно, иако не велам дека не беше квалитетна сезоната, ама како 1x03, 1x09, и еве 1x10 не беа баш чести епизодите, исто и Нора кога беше на семинарот ми беше одлична епизодата.

(постот содржи спојлери)

Уште кога ги најавија куклите го очекував моментот кога “белите“ ќе му ги стават на семејствата куклите од нивните загубени. Не можам да ја заборавам сцената кога Нора ја начека масата во кујната со “нејзините“ најблиски. Очај, гнев, жалост, навистина емоции кои што секој може да ги почувствува на своја кожа кога ја гледа.

Него, од друга страна се запрашувам веќе еве сите епизоди наназад? Што ќе решат “белите“ со сите овие постапки? Дополнителна омраза и гнев од граѓаните, каменување, смрт, ништо не прават за да ги заборават како што тие велат? Или еве и да биде да останат “запаметени“, како сакаш кај некој да остане запаметен со тоа што му ги земаш сликите од рамките, му носиш кукла иста како изгубениот во домот, каква слика тој ќе има за тебе и за блискиот понатаму, уште повеќе очај и разочарување.

Ќе го земам и Кевин еве, не ја сфаќам неговата положба во сето ова? Некако го гледаме како лик кој само сексуално ги задоволува жените (под знак прашалник ќе ставиме дека МОЖЕБИ спиел и со другарката на ќерка му), а никако не се обидува да го среди својот живот, нејасната врска со син му кој не е негов, зошто заладил односот додека биле во брак со Лори.

Единствено јасна конекција ми беше помеѓу него и Нора, двајцата изгубени во сегашноста, разочарани од минатото, тргнуваат во сексуална привлечност. А да - некако само единствено глуп ми беше завршетокот со наоѓањето на Нора на бебето пред вратата, демек "Look what I found here" и сега започнува нов живот.

За татко му на Кевин, освен што бил бивш полицаец и сместен во ментална институција, не сфатив ништо друго.

Во секој случај финалето беше предобро, со отецот кога му пружи помош на Кевин, каменувањето и пукотниците на ожалостените кон култот.

8/10 за сезоната во целост, ми е драго што е обновена за втора сезона. Посакувам повеќе епизоди наменети за поедини ликови, и не мора многу откривање на работи, доста е психолошки да те мрдне серијата и да те помести од место од негои постапки. Во глобала и нема што да ни откриваат авторите освен тоа дека го гледаме очајот и последиците од целиот тој настан и како влијае врз самите ликови.
 
H

HoT IcE

Гостин
Brace yourselves a hate post is coming.
Тапа. Крајно тапа. Жалам за сите минути и саати поминати со серијава. Никаква разврска, многу без поента ми беше целава фора со секташиве. У глобала тапа. Не сум воопшто задоволен. Втора сезона не ни гледам.
Серијава на почетокот ми беше океј, беше мистична и интересна за следење, очекував одговори, разврски, поенти за дејствијата што се десија. На крај што излезе? Ништо. Пак прашалници за голем дел, целово пување и хајп околу серијава од страна на многу критичари и познати личности пак за ништо. По pointless драмско дејствие не сум видел. Океј видовме низ што проаѓаат, ама само на тоа ли да остане? Вејн?
Има и свои предности серијава, како глумата, трагедијата и меланхолијата која владее со многу јаки сцени и саундтрак. Ама пошто сум накурчен од крајов, не ја фалам, нек се гони у три лепе.
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Се сложувам со @HoT IcE серијата беше мошне интересна ама последната епизода мораше да понуди понекој одговор, нешто да не вклучи малце, вака во глобала и јас не сум задоволен. HBO е закон за серии, што не имаат извадено, али овојпат не ја истераа работата како што треба. Ама се плашам дека сите ние пак ќе почниме да ја гледаме втората сезона, мислам дека сме премногу навлечени и дека чекаме одговори и да видиме во која насока ќе се оди. Сум гледал едно чудо серии (барем оние кои мислам дека навистина вредат) али мислам дека не сум гледал ништо слично. Ај ако не друго барем Homeland иди за помалце од месец, така да тоа е позната територија.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Абе разгалени сме од Game of Thrones и Breaking Bad па очекуваме премногу. Иако и јас до негде се согласувам дека финалето требаше и мораше да понуди повеќе, сепак мислам дека целата сезона општо беше интересна за гледање.

Приказната е типична Damon Lindelof non-sense мистерија со премалку одговори, но некако се навикнав на него и ова не ми пречи. Сакам бавни серии кои посветуваат внимание на ликовите, бидеќи ликовите ми се подеднакво важни како и приказната.

Што му беше желбата на Kevin Garvey? Мир во светот? Да се обедини повторно фамилијата? Monica Bellucci?

Јас ќе ја гледам втората сезона во потрага по одговори. Доволно квалитетна и интересна ми е, добра глума, солидни ликови и исполнета со мистерија. Се гледа дека сценариото е смислено со однапред предвидени повеќе сезони за комплетна слика, првава сезона му доаѓа нешто како увод во шриказната и запознавање на ликовите.

Од аспект на финале не беше нешто посебно, она да те остави да размислуваш и да ја чекаш со нетрпение наредната сезона, ама мислам дека беше можеби една од најдобрите епизоди до сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom