Утре треба да одам во Службен Весник да пријавам еден изгубен документ, е сега, знам дека треба да ми стигне потврда дека е објавен и таа потврда да ја однесам во институцијата за чиј документ се работи. Претпоставив потврдава стига нешо по пошта и слично, и ме интересира само една работа.
На личната карта имам адреса на живеење, постојаната нели, меѓутоа никој од нас не живее таму, иако сеуште припаѓа на нас. Значи не ми се исплаќа да ми стигне таму, па да одам да си ја земам, па да се влечам назад до Скопје. Ме интересираше дали може да си кажам да ми ја пуштат на оваа адреса кај што сум сега?