Математичка мистерија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Ај и моето решение

Tm = 5h, стапката на работа на Миле за 1 час е Rm= 1/5
Tc= 7h, стапката на работа на Цацко за 1 час е Rc= 1/7

Заедничката стапка на работа е 1/5 + 1/7 = 12/35, додека вкупното потребно време да ја завршат оградата заедно е 35/12 h

Е сега ако работи само Миле тогаш 1/5 * 35/12 = 7/12 односно толкав дел од оградата ќе заврши, ако работи само Цацко 1/7 * 35/12 = 5/12 од оградата.

Разликата во извршената работа за време од 35/12 h е 7/12 - 5/12= 2/12 или 1/6

Разликата изразена во метри веќе знаеме дека е 7 m, па така 6 * 7m = 42m
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Стефан е ученик од шесто оделение, кој многу сака еурокрем и постојано се жали дека дома немаат постојано еурокрем
Еден ден неговата мајка му дала пари и му рекла:
Оди и за сите пари кои ти ги давам купи еурокрем!
Кога Стефан сигнал во продавницата пресметувал:
Ако купам 5 кутии еурокрем ќе ми останат 40 денари, а ако купам 6 кутии, ќе ми недостасуваат 52 денари
Колку пари на Стефан му дала неговата мајка? Колку пари чини една кутија еурокрем?
 

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
Стефан е ученик од шесто оделение, кој многу сака еурокрем и постојано се жали дека дома немаат постојано еурокрем
Еден ден неговата мајка му дала пари и му рекла:
Оди и за сите пари кои ти ги давам купи еурокрем!
Кога Стефан сигнал во продавницата пресметувал:
Ако купам 5 кутии еурокрем ќе ми останат 40 денари, а ако купам 6 кутии, ќе ми недостасуваат 52 денари
Колку пари на Стефан му дала неговата мајка? Колку пари чини една кутија еурокрем?
Мајката му дала на Стефан 500 ден., кутија кремче чини 92 ден.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Maрика, направила колачи за гостите кои требеле да и дојдат. За секој гостин предвидела еднаков број колачи. Но не била сигурна колку гости ќе и дојдат и пресметувала:

Ако дојдат 5 гости помлаку, за секој ќе имам по 2 колачиња повеќе,
Ако пак дојдат 4 гости повеќе, за секој ќе имам по 1 колаче помалку

Колку колачиња направила Марика?
Колку гости очекувала да и дојдат?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.501
Ако означам број на гости со g, број на колачиња за еден гост со k, а вкупен број на колачиња со vk

g*k = vk
(g-5)(k+2) = vk
(g+4)(k-1) = vk

gk-5k+2g-10=gk
gk+4k-g-4=gk

2g-5k=10
-g+4k=4

g=4(k-1)

8k-8-5k=10

3k=18

k=6
g=20
vk=120

Значи вкупно 120 колачиња и очекувала 20 гости.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Наташа замислила 5 различни броеви
Од овие броеви одбирала по два и ги собирала
На тој начин добила 10 збирови
Тие резултати се:
2; 4; 6; 6; 8; 9; 10; 11; 13 и 15
Кои броеви ги замислила Наташа?

Пример за појаснување:

Ако Наташа ги замислила броевите 0, 1, 3, 6 и 7
Можни се 10 пара
0 + 1 = 1
0 + 3 = 3
0 + 6 = 6
0 + 7 = 7
1 + 3 = 4
1 + 6 = 7
1 + 7 = 8
3 + 6 = 9
3 + 7 = 10
6 + 7 = 13
Добиените решенија се:
1, 3, 4, 6, 7, 7, 8., 9, 10 и 13
значи оваа петорка броеви не е решение
Повелете најдете го точното решение, овие 10 збира да бидат 2; 4; 6; 6; 8; 9; 10; 11; 13 и 15
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.501

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ви се допадна ли претходнава задача?
Ова задача можат да ја решаваат првачиња, да вежбаат собирање до 20.
Задачата супер, доцна ја видов, Бранчез ја средил веќе. :)

Ама првачињата попрво би си играле со паметните телефони на час, отколку да вежбаат собирање до 20. :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

Kajgana Shop

На врв Bottom