Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Nikogas ne se diskutiralo okolu vtoriot golman na real :D
Ќе видиме за кратко време дали ќе биде втор голман :D[DOUBLEPOST=1410042256][/DOUBLEPOST]
Да се помочам во репрезентацииве, ми се гледаат првенствава...
мене не ме нервираат репрезентацииве кога играат ме нервира кога на глупави мечови на пријателски меѓу држави ни се повредуваат јакиве играчи...[DOUBLEPOST=1410043969][/DOUBLEPOST]
10616392_1476982019227345_3935527065455031206_n.jpg

Што ќе кажете за мојов постер што го сликав пред малу :D
Пораката е јасна Живеј за сега :D
 
Последно уредено:
g0709.4faffcd290d37409c5ee5ccb6e02612e.jpg


Зошто да не ? Не гледам во која карактеристика е послаб од Ди Марија, очигледно е дека Родригез не располага со таква физичка спремност како Ди Марија и Бејл па затоа не може да се снајде на таа позиција. Би сакал еден натпревар да видам како ќе функционира:

Крос - Модрич
Бејл
Џејмс - Роналдо
Бензема​
Вака на хартија не изгледа воопшто лошо.
 
А зашто не би се пробало вака
Модриќ-Кроос-Бејл-Хамес
---Бензема-Роналдо----
 
Но мислам дека Бејл го нема тој продор кој го имаше Ди Мариа во средината.. тука ќе биде целиот проблем оти бејл е играч кој повеќе сака слободен простор а тоа е крилото :) Мада не верувам дека ДОн Карло ќе ризикува да го стави Бејл во средина
 
Затоа што откако го продаде играчот не најде замена соодветна за неговата позиција, тоа го прави со години наназад хинт Макелеле после кој никогаш не се среди средината на екипата. Затоа што растури шампионски тим. Затоа што појма нема каква формација и кои играчи му се потребни на тренерот. Затоа што клубот освои само 5 титули во последните 5 години откако тој е на власт, а притоа потроши ненормално многу пари.
Има милион причини за тоа колку Флорентино му наштетил на клубот со неговото раководење, поради тоа што финансискиот план му е многу поважен од спортскиот, нешто што не е во ред. Тоа е тоа со Перез. Човекот е поголем мадридиста од 99% навивачи на Реал, ама треба да биде само претседател, ништо повеќе.

Пишав дека Ди Марија го баталив веќе и гајле ми е. Незнам што се навраќате. Тоа дека ја гледам само едната страна е поради сите факти изнесени во медиумите, т.е. ќе ги цитирам зборовите на Флорентино, сакал плата колку Роналдо, тогаш зошто побогу прифати да игра за 8 милиони во Манчестер, тим кој не игра ЛШ ниту пак е компетитивен моментално и минува низ тешка транзиција?
Кој е лажгото во овој случај?

И никогаш не пробувам да наметнам мислење над вас. Кога сакам да дискутирам секогаш си го поткрепувам мислењето со факти, што и ме тераат да размислувам вака. Не мора никој да се согласи, меѓутоа дискусија секогаш ќе има, тоа е и поентата на форумов.
Не растури шампионски тим туку продаде незадоволен играч за огромни пари на една година од крајот на договорот. Другиот играч што го продаде исто така сам побара да си оди, а и реално веќе годините го газат.
Освоил 5 титули за 5 години. Ок, да видиме. Првата сезона ги купи Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо итн. Го донесе Пелегрини кој не успеа да се носи со ѕвездите. Потоа го донесе Мурињо, тренер кој штотуку освои ЛШ со Интер, докажан стратег со педигре и авторитет. Истиот тој Мурињо ги доби играчите што ги сакаше, доби поголеми права во однос на одлучувањето со трансферите, а освои фантастични 2 трофеа и остана запаметен по тоа што нонстоп се караше со медиумите. Значи за тие 3 години додека беше Мурињо на клупата, никако не може Перез да биде крив. Лани го донесе Анчелоти, тренер со истотака педигре во ЛШ (две освоени титули со Милан), освоени титули во Италија, Англија и Франција. На прсти од една рака можат да се набројат фановите од фан клубов кои му дадоа поддршка на новиот тренер (те нова марионета бил, те застарен со застарени тактики, те италијанец па сигурно катанаџо ќе форсира итн). Во првата сезона го направи тоа што не му успеа на Мурињо за 3 години. За Пелегрини, Хуанде Рамос, Шустер, Капело, Луксембурго не ми се ни праи муабет (хинт: 1/8 финале). Да, ја освои Ла Децима. Значи Карло е заслужен за ЛШ, а не Ди Мариа или Алонсо (кој патем не ни играше у финалето). А да не заборавиме и дека да беше слепецот од Дортмунд попрецизен, или Рамос да не не извадеше од калта, тикви и тоа што ќе освоевме.
Ете затоа ме напиња кога ги гледате само лошите работи, а добрите не. Како што пишав и претходно, за добрите работи заслужен е клубот, а за лошите Перез. Не може така.

Сакаш да ти кажам зошто Ди Марија прифати за 8 милиони да игра во Јунајтед? Прво, повеќе е од тоа што го примаше во Реал. Второ, конкуренцијата е далеку помала за место во прв тим. И трето, ќе избега од лошиот чичко Перез. Само едно не ми е јасно, можеш ако сакаш ти или некој друг да ми објасни. Ок, си отиде од Реал, си најде за него поубава средина. Од каде излезе потребата да се препуцава со неговиот претходен клуб? Зошто (ако го сака клубот како што вели) прави раздор во истиот изјавувајќи дека, цитирам „Роналдо ме поддржуваше, не знам колку долго ќе остане“ внесувајќи забуна кај фановите, а можеби и кај играчите? Зошто се глупира со наводна прича дека клубот му забранил да игра финале СП, кога сите го гледавме првенството и сите многу добро знаеме за повредата негова?
 
Големите фудбалери и добрите фудбалери

Од како си замина Ди Марија од Реал Мадрид секојдневно читаме негативни коментари од негова страна кон Реал Мадрид и Флорентино Перез , така беше и минатото лето кога си замина Озил и тој се служеше со сличен вокабулар.

Дали паметите или сте сретнале негативна изјава кон Реал Мадрид или Флорентино Перез од страна Роналдо(бразилецот) , Фиго , Бекам, Роберто Карлос , Канаваро ? ниту паметите ниту ке сретнете во иднина , тие се горди што го носеле дресот на Реал Мадрид и знаат дека никој не е вечен во клубот, сите доагаат и си одат но само Реал Мадрид останува вечен , дојдоа како големи фудбалери и си заминаа како големи фудбалери , и во секоја прилика го посетуваат Реал Мадрид каде и да игра во светот , во секоја прилика изјавуваат дека искуството во Реал Мадрид е нешто најдобро во нивната кариера.

Но има и фудбалери како Ди Марија и Озил , тие преку Реал Мадрид изградија респектабилни имиња во фудбалскиот свет но гледаме и читаме дека не се благодарни, ако на некого треба да се благодарни тоа е на Флорентино Перез , претседателот на Реал Мадрид кој по иницијатива на Мурињо се согласи да плати милиони за нив и да им ја дозволи привилегијата да го носат највредниот дрес во клубскиот фудбал.

Во Реал Мадрид никој не е вечен , одамна тоа се знае , го имат кажано и легендарниот претседател Бернабеу и легендарниот фудбалер Пушкаш. Во Реал Мадрид немаше вечност за Раул а можеби нема да има ни за Касиљас, можеби Озил и Ди Марија мислеле дека во Реал Мадрид ке играат вечно или додека тие ке посакуваат , но се излажале, не функционираат така работите во најголемиот клуб на светот.

Големите фудбалери во Реал Мадрид дојдоа како големи и си заминаа како големи , талентираните фудбалери во Реал Мадрид дојдоа и прераснаа во добри фудбалери.

Можеш да бидеш одличен фудбалер , но тоа не е гаранција дека ке прераснеш и останеш голем фудбалер.
Првите галактоси се скоро се пензионираа во реал, а озил и димарија беа скоро на почетокот на кариерата.
 
Не растури шампионски тим туку продаде незадоволен играч за огромни пари на една година од крајот на договорот. Другиот играч што го продаде исто така сам побара да си оди, а и реално веќе годините го газат.
Освоил 5 титули за 5 години. Ок, да видиме. Првата сезона ги купи Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо итн. Го донесе Пелегрини кој не успеа да се носи со ѕвездите. Потоа го донесе Мурињо, тренер кој штотуку освои ЛШ со Интер, докажан стратег со педигре и авторитет. Истиот тој Мурињо ги доби играчите што ги сакаше, доби поголеми права во однос на одлучувањето со трансферите, а освои фантастични 2 трофеа и остана запаметен по тоа што нонстоп се караше со медиумите. Значи за тие 3 години додека беше Мурињо на клупата, никако не може Перез да биде крив. Лани го донесе Анчелоти, тренер со истотака педигре во ЛШ (две освоени титули со Милан), освоени титули во Италија, Англија и Франција. На прсти од една рака можат да се набројат фановите од фан клубов кои му дадоа поддршка на новиот тренер (те нова марионета бил, те застарен со застарени тактики, те италијанец па сигурно катанаџо ќе форсира итн). Во првата сезона го направи тоа што не му успеа на Мурињо за 3 години. За Пелегрини, Хуанде Рамос, Шустер, Капело, Луксембурго не ми се ни праи муабет (хинт: 1/8 финале). Да, ја освои Ла Децима. Значи Карло е заслужен за ЛШ, а не Ди Мариа или Алонсо (кој патем не ни играше у финалето). А да не заборавиме и дека да беше слепецот од Дортмунд попрецизен, или Рамос да не не извадеше од калта, тикви и тоа што ќе освоевме.
Ете затоа ме напиња кога ги гледате само лошите работи, а добрите не. Како што пишав и претходно, за добрите работи заслужен е клубот, а за лошите Перез. Не може така.

Сакаш да ти кажам зошто Ди Марија прифати за 8 милиони да игра во Јунајтед? Прво, повеќе е од тоа што го примаше во Реал. Второ, конкуренцијата е далеку помала за место во прв тим. И трето, ќе избега од лошиот чичко Перез. Само едно не ми е јасно, можеш ако сакаш ти или некој друг да ми објасни. Ок, си отиде од Реал, си најде за него поубава средина. Од каде излезе потребата да се препуцава со неговиот претходен клуб? Зошто (ако го сака клубот како што вели) прави раздор во истиот изјавувајќи дека, цитирам „Роналдо ме поддржуваше, не знам колку долго ќе остане“ внесувајќи забуна кај фановите, а можеби и кај играчите? Зошто се глупира со наводна прича дека клубот му забранил да игра финале СП, кога сите го гледавме првенството и сите многу добро знаеме за повредата негова?
Последниов параграф е во согласност на мојот пост добрите фудбалери и големите...
Да не играше ДИ мариа во Реал можеби сеа ќе беше обичен просечен играч,но тоа е тоа не е наш играч веќе го сакав многу поради неговата добра душа но сум се излажал последниве изјави негови го променија целосно моето мислење ..:)
 
Што навивачи ќе бевме... јас се чудам просто. Да испадневме против Дортмунд што беше многу веројатно сега Марија ќе беше најпцуен играч у фан клубов и ќе го продававме по Еибар и Елче без проблем.
 
Убаво кажав дека Бејл може да го замени Ди Марија на таа позиција, ај сеа кутриња да кажете кој од вас му пренесе на Карло или пак можеби он е тука на форумов :pos:
@Drettica ми е сомнителен :D
 
Убаво кажав дека Бејл може да го замени Ди Марија на таа позиција, ај сеа кутриња да кажете кој од вас му пренесе на Карло или пак можеби он е тука на форумов :pos:
@Drettica ми е сомнителен :D
Carlo-Ancelotti-Chelseas--006.jpg
 
Ако не беше Рамос со голот во 90 и 10та минута...3 месеци тука друг муабет ќе се правеше.а ДиМарија ќе беше само еден обичен Касемиро,Мората и тн..

Значи Д.Марија играше на ниво ,без падови во формата САМО ПОСЛЕДНАТА ПОЛУСЕЗОНА..пред тоа сите знаевме како на секој втор натпревар пцуевме дека себичи,дека ја забората топката и тн..

И 75мил за играч шо изиграл на ниво(без падови САМО една полусезона) е и многу..
И за играч шо чим еднач беше изложен на критики почна да им го покажува петелот на навивачите..
 
Мурињо:"Да не го тренирав Реал Мадрид мојата кариера ќе беше безсмислена".[DOUBLEPOST=1410086919][/DOUBLEPOST]
10665192_627575424030080_6240303201051553468_n.jpg

Роналдо вежба по 6 часа нa ден со цел да се врати во најдобра форма :)
 
Првите галактоси се скоро се пензионираа во реал, а озил и димарија беа скоро на почетокот на кариерата.
Освен Зидан (кој ја заврши кариерата како што ја заврши, нема врска со Реал таа дешавка), Фиго отиде во Интер, Роналдо во Милан, Бекам во ЛА Галакси, Овен во Њукасл, Ван Нистелрој во Хамбургер итн.. Шо значи никој освен Зизу не се пензионирал во Реал, но и никој скандалозно не си отишол и ден денес се почитувани од фановите. Од друга страна ги имаш Озил и Ди Марија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom