Аха, а значи тоа што ти си го сфатил како критика на Роналдо кон Перез не е влијание на Мендес, а демантов е?
Ти пријателе имаш нешто лично кон Перез. И тоа е во ред, да те нервира (не е во ред да те нервира туку нормално е да се осеќаш така). Ама не мора нас да не убедуваш во она во кое ти веруваш. Очигледно е дека има две страни на приказната со Ди Марија (ова со Роналдо е чиста новинарска патка и ништо повеќе), а и двете страни се прљави. За жал ти ја гледаш само едната, затоа што гледаш од навивачки аспект и не сакаш да прифатиш вина кај играчот.
Затоа што откако го продаде играчот не најде замена соодветна за неговата позиција, тоа го прави со години наназад хинт Макелеле после кој никогаш не се среди средината на екипата. Затоа што растури шампионски тим. Затоа што појма нема каква формација и кои играчи му се потребни на тренерот. Затоа што клубот освои само 5 титули во последните 5 години откако тој е на власт, а притоа потроши ненормално многу пари.
Има милион причини за тоа колку Флорентино му наштетил на клубот со неговото раководење, поради тоа што финансискиот план му е многу поважен од спортскиот, нешто што не е во ред. Тоа е тоа со Перез. Човекот е поголем мадридиста од 99% навивачи на Реал, ама треба да биде само претседател, ништо повеќе.
Пишав дека Ди Марија го баталив веќе и гајле ми е. Незнам што се навраќате. Тоа дека ја гледам само едната страна е поради сите факти изнесени во медиумите, т.е. ќе ги цитирам зборовите на Флорентино, сакал плата колку Роналдо, тогаш зошто побогу прифати да игра за 8 милиони во Манчестер, тим кој не игра ЛШ ниту пак е компетитивен моментално и минува низ тешка транзиција?
Кој е лажгото во овој случај?
И никогаш не пробувам да наметнам мислење над вас. Кога сакам да дискутирам секогаш си го поткрепувам мислењето со факти, што и ме тераат да размислувам вака. Не мора никој да се согласи, меѓутоа дискусија секогаш ќе има, тоа е и поентата на форумов.