Ај ќе го тагнам и
@_predator_
Значи вие не разбирате... Кога му се случила таа повреда на Баџо, сите специјалисти кај кој што бил му рекле одма да ја прекине фудбалската кариера, затоа што едвај му го спасиле коленото. Но овој на свој ризик продолжил да игра и за среќа не се случило ништо посериозно.
Тоа ти е исто како вие да појдете до државна болница на прегледи, и во телото ви наоѓаат триглицериди, масти, холестерол итн... што автоматски лекарите ќе ве советуваат да не јадете ништо мрсно одредено време. Вие излагате од болница, фаќате такси и му викате на таксистот "Вози до Жужу, да се почастиме по еден хамбургер"... значи докторот ве советувал, ама вие на свој ризик продолжувате како и предходно.... Е истиов случај е со Баџо.
Баталете повредиве што ми ги набројавте погоре, тоа се нормални повреди во фудбалскиот свет.... кинење лигаменти ќе те стават надвор од теренот неколку месеци, кога ќе заздрави сосема коленото, продолжувате како ништо да не било, истото и со Тоти, му ставиле шајки, и одма по 2-3 месеца освојува Светско... значи не била повредата до тој степен сериозна
Мислам дека сега ме свативте, Ебаго...